Македонски манифест

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    #16
    Македонски Манифест: ЕУ без кредибилитет




    Европската Унија не почнува да го губи својот кредибилитет, затоа што во случајот со Република Македонија одамна го има изгубено, пишуваат членовите на Иницијативниот одбор на „Македонски манифест“ во отвореното писмо до Делегацијата на ЕУ во Македонија.

    Во продолжение во целост ви го пренесуваме писмото на „Македонски манифест“.
    Почитувани,
    Република Македонија петти пат по ред доби позитивен извештај и препорака за отворање на пристапни преговори за интегрирање во Европската унија.
    Последниот Извештај е сличен на претходните, но за прв пат Европската комисија потенцира дека постојаното одложување на почетокот на преговорите за Република Македонија може да го проблематизира кредибилитет на Унијата во однос на проширувањето.
    Ние, група универзитетски професори, книжевници и музички уметници од Македонски манифест, не можеме а да не забележиме дека и Европската унија, и покрај малата доза на себепреиспитување, настапува со доза на лицемерство. А еве и зошто:
    ЕУ не почнува да го губи својот кредибилтет, затоа што во случајот со Република Македонија одамна го има изгубено. Причина за губењето на кредибилитетот не е Република Македонија, туку членката на ЕУ, Република грција. Дваесет години официјален Брисел ја поддржува Република грција во нејзините обиди да ја принуди Македонија да си го смени името, а со тоа нејзините граѓани засекогаш да се откажат од сопствениот вековен македонски национален идентитет. Грција бара да се обезличиме, национално да се обезглавиме, лажејќи го светот дека ние сме ја краделе грчката историја и дека имаме територијални претензии кон неа. Таканаречената „лулка не демократијата“ ја злоупотребува својата привилигирана позиција во Европската унија блокирајќи ни го правото да се зачлениме во неа, со услов кој ниедна друга земја не би го прифатила.
    За каков кредибилитет зборува ЕУ кога во нејзиниот клуб одлуките се носат со консензус? Наместо правилата на демократијата, Брисел овозможува посилните да ги уценуваат послабите, големите да им наметнуваат диктат на помалите, а привилегираните да ги остваруваат и своите шовинистички политики?
    Република Македонија уште во 1991 година, со почетокот на распаѓањето на Југославија, од Бадентеровата комисија доби највисоки оценки за патот на осамостојувањето. Со тоа на Македонија ѝ се даде зелено светло рамноправно, како самостојна држава, да се приклучи на сите меѓународни заедници. Но, уште на самиот почеток, падна кредибилитетот и на ООН, и на ЕУ, затоа што ги прифатија фашизоидните лаги на грција. Под притисок на официјална Атина, ООН, ЕУ, а подоцна и НАТО ги прифатија сите грчки уцени како правилни политики и така ги погазија основните начела на човековите права на самоименување и самоидентификување. Со ваквото однесување ООН, ЕУ, а подоцна и НАТО го загубија кредибилитетот граден врз база на рамноправност, правда, еднаквост и хуманост.
    Република Македонија под меѓународен притисок предизвикан од Република грција ги смени Уставот и 16-зрачното знаме од Кутлеш за да ја задоволи Атина, а тоа очигледно не е доволно. Македонија е како лисица фатена во стапица, која мора да си ја одгризе ногата за да се спаси. Само што од нас сега се бара да си ја одгриземе главата, да се одречеме од тоа што со векови сме биле, да се откажеме од македонштината, како што побара грчкиот претседател Папуљас, да продолжиме да постоиме како сурогат без корен. И додека овој беспримерен експеримент се извршува врз нас, Европската унија не е само посматрач, туку и поддржувач на тие политики својствени за фашизмот. За каков кредибилитет тогаш зборува ЕУ?
    Македонскиот народ како дел од југословенската федерација е признат и запишан во Обединетите нации уште во 1945 година, а денес ЕУ им дозволува и ги поддржува своите членки грција и бугарија засекогаш да го избришат од мапата на постоењето. Брисел ги погази меѓународните правни институции со тоа што не ја почитува Хашката пресуда на Меѓународниот суд на правдата која е во корист на Македонија во спорот со грција? Зошто на тој начин гази и врз кредибилитетот на институциите на ООН?
    ЕУ ги поддржува и шовинистичките политики на нејзината нова членка, Република бугарија, која ја призна Македонија под нејзиното уставно име, ама не го признава постоењето на македонската нација. За цинизмот да биде уште поголем, бугарија бара, а официјален Брисел тоа го поддржува, Република Македонија со бугарската држава да потпише договор за добрососедски односи со кој ние ќе се откажеме од нашата историја. Какви се тие добрососедски односи со земја која не го признава вашето постоење како народ? Како може Европската унија да седи спокојна кога на делови од македонскиот народ кои живеат во грција и во бугарија најбрутално им е забрането да се иденификуваат како посебно, македонско малцинство? За каков кредибилитет зборува официјален Брисел, кога поддржува бришење на еден народ и толерира нецивилизирано барање тој под присила да се откаже од својот идентитет и историја?
    Европската унија треба да признае дека во однос на Република Македонија ги погази сите цивилизациски и хуманистички придобивки за кои начелно се залага. Ги сруши идеалите на Виктор Иго, ја погази желбата на Шуман, ги отфрли принципите за еднаквост, слобода и братство за да ги поддржи политиките на своите членки грција и бугарија, кои се својствени за деветнаесеттиот век?!

    За Иницијативниот одбор на Македонски манифест,

    Ефим Клетников


    izvor: http://toppost.mk/2013/10/25/%D0%BC%...8%D0%BB%D0%B8/

    Comment

    • DedoAleko
      Member
      • Jun 2009
      • 969

      #17
      Писмо до Ангела Меркел

      Македонски манифест: aнтицивилизациски притисок на ЕУ, Германија да ја признае Македонија


      Германија да се стави на страната на правдата и да ѝ помогне на Македонија да го одбрани сопственото вековно име, а со тоа и историскиот идентитет на Македонците, за да не биде обезличена и избришана од картата на народите. Ова е дел од писмото на иницијативниот одбор на групата Македонски манифест испратено до германската канцеларка Ангела Меркел.
      „Ние ја знаеме Германија како економски џин, но уште повеќе ја знаеме како земја на големи умови, гении во уметноста, филозофијата и науката, како што се: Хелдерлин, Хердер, Гете, Новалис, Ман, Бах, Бетовен, Кеплер, Гриневалд, Хегел, Шелинг, Маркс, Хајдегер... кои покрај својата божествена дарба имаа и широк космополитски хоризонт, хуманистички визии и силно изразено чувство за правда. Сметаме дека и Вие го имате наследено тоа од нив, па затоа Ви се обраќаме да и помогнете на малата Македонија, на која неправедно и се наметнати услови за влегување во ЕУ и НАТО. Длабоко верувајќи дека Вам ви е блиска генерички етичката максима на Кант: „Ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене", се надеваме дека тој принцип на големиот филозоф Ве раководел и на неодамнешната средба со господинот Метју Нимиц. Се надеваме дека на тој состанок сте застанале на страната на правдата и правото на Македонија на сопственото име, право кое се темели не само на современите хуманистички правни норми на современиот свет, туку и на законот на природното и божествено устројство на човекот и светот - сите народи, и големите и малите, да живеат во братско заедништво со и во своите автентични имиња и идентитети. Не сакаме да веруваме дека само заради тоа што Македонија е мала земја Германија ќе го ризикува својот углед и ќе остане индиферентна на очигледниот идентитетски геноцид што врз нас го прави Република Грција и на тој начин уште повеќе ќе го заврзе „македонскиот јазол", како што ја нарече својата книга првиот и многу почитуван германски амбасадор во Република Македонија, Ханс Лотар Штепан", се вели во писмото на Македонски манифест.

      „Чудовишно би било ние, Македонците, уште еднаш да бидеме казнети само затоа што не сакаме да го промениме името на државата и сопствениот идентитет, поради што низ историјата многу пати бевме распнувани и страдавме. Голема неправда и притисок врши ЕУ врз Македонија за добрососедските односи со Грција и Бугарија, наши соседи чии влади не го признаваат нашиот национален идентитет и во кои на делови од македонскиот народ кои живеат таму на најгруб начин им се ускратени основните човекови права и врз кои се врши невидена тортура и асимилација. Тоа го констатира во својот извештај и специјалниот известувач на генералниот секретар на ООН, г-ѓа Мек Дугал", пишува во писмото.

      Македонија пет години едноподруго од Европската комисија добива позитивен извештај за напредокот и препорака до Советот на министри на ЕУ да и се определи датум за почеток на пристапни преговори, но Грција не дозволува нашата земја да го оствари тоа право. Притисокот на ЕУ би требало да биде обратен, бидејќи онака како што е поставен целосно е апсурден, антицивилизациски, надвор од моралните и хуманистичките норми за кои декларативно се залага ЕУ, пишува во писмото и се додава дека и Македонците имаат право да живеат достоинствено во сопственото име и во сопствениот идентитет.

      извор: http://www.mkd.mk/makedonija/politik...-da-ja-priznae

      Comment

      Working...
      X