SMK: Apel Za Akcii Na Masoven Otpor [Vo Makedonija]

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • indigen
    Senior Member
    • May 2009
    • 1558

    SMK: Apel Za Akcii Na Masoven Otpor [Vo Makedonija]

    (1) Мирен протест против промена на државното име Македонија
    Датум: 20 Ноември 2009 година (петок)
    Место: пред, седиштето на Мисијата на Европската Унија (карши зградата на Нова Македонија)
    Час: 12 - 14 часот

    --------------------

    СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

    АПЕЛ ЗА АКЦИИ НА МАСОВЕН ОТПОР ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

    Да за ЕУ и НАТО, но како Македонија и Македонци со македонски јазик!

    16 ноември 2009 година, Скопје, Македонија - Врз основа на одлука на 19-то Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес за формирање на Движење на отпорот против промена на државното име Македонија минатата недела се конституираа Координативниот и Извршниот комитет на Движењето. Седиштето на Движењето е во канцелариите на Светскиот Македонски Конгрес (зградата на матицата на иселениците од Македонија) на улица 27 Март број 5 (карши хотел Јадран, Норвешка и Шведска амбасада и Поштенска и Еуростандард банка во центарот на град Скопје).

    Координативниот комитет на Движењето утврди План на одржување протести, маршеви и петиции и други форми на отпор против промена на државното име Македонија. Централните манифестации ќе се одржуваат во Скопје, а на сите граѓани кои сакаат да учествуваат на нив, но поради објективни причини не се во можност да дојдат во Скопје а организирано сакаат да го искажат својот протест, им се препорачува на истите датуми и термини да одржат мирни протести пред седиштето на советот и градоначалникот на секоја општина или месната заедница каде што живеат.

    (1) Мирен протест против промена на државното име Македонија
    Датум: 20 Ноември 2009 година (петок)
    Место: пред, седиштето на Мисијата на Европската Унија (карши зградата на Нова Македонија)
    Час: 12 - 14 часот

    (2) Мирен протест против промена на државното име Македонија
    Датум: 27 Ноември 2009 година (петок)
    Место: пред, седиштето на Мисијата на Европската Унија (карши зградата на Нова Македонија)
    Час: 12 - 14 часот

    (3) Мирен марш против промена на државното име Македонија
    Датум: 2 Декември 2009 година (среда)
    Маршрута на движење:
    15.00 часот - собирање пред Мисијата на ЕУ
    16.00 часот - поаѓање од Мисијата на ЕУ према Владата
    17.00 часот - крај на маршот пред Владата

    (4) Одржување на панихида со молитва за жртвите од грчкиот геноцид врз македонскиот народ и одбележување на фрлањето на првите напалм бомби на 28 август 1949 година од Британците врз Македонците на Грамос и Вичо, како опомена на светот за ужасите од војните
    Датум: 6 Декември 2009 година (недела)
    Место: во сите цркви на целата територија на Република Македонија, а во градот Скопје во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“
    Час: 10 часот, после утринската богослужба

    (5) Одржување на Мирен марш против промена на државното име Македонија
    Датум: 7 Декември 2009 година (понеделник)
    Маршрута на движење:
    10.00 часот - собирање пред Мисијата на ЕУ
    11.00 часот - поаѓање од Мисијата на ЕУ према Владата
    12.00 часот - поаѓање од Владата према Собранието
    13.00 часот - поаѓање од Собранието према Мисијата на ЕУ
    15.00 часот - крај на Маршот пред Мисијата на ЕУ

    (6) Бојкот на референдумот и одржување на мирни протести на денот на евентуалното одржување на референдум за промена на државното име Македонија
    Датум: Дента на евентуалното одржување на референдумот
    Место: пред седиштето на советот и градоначалникот на секоја општина или месната заедница, а во градот Скопје пред Собранието на Македонија
    Час: 07 - 24 часот



    --------------------------------

    КОНТАКТ


    СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

    Адреса:
    Светски Македонски Конгрес
    Поштенски Фах 93
    МК-1000 Скопје
    Македонија

    Address:
    World Macedonian Congress
    P.O.Box 93
    MK-1000 Skopje
    Macedonia

    Телефон/факс: ++ 389 (0)2 2 043 358
    E-mail: [email protected]
  • Bill77
    Senior Member
    • Oct 2009
    • 4545

    #2
    http://www.macedoniantruth.org/forum/showthread.php?p=120873#post120873

    Comment

    • Eddie_rebel
      Member
      • Nov 2009
      • 140

      #3
      Како надополнение на повикот за отпор против промена на името на Република Македонија на Светскиот Македонски Конгрес и логично следствие на протестот што се одржа во петокот пред зградата на како што тие самите се нарекуваат "Мисија на Европската Унија во Поранешна Југословенска Република Македонија" повикувам сите вие на коишто името Македонија ви значи, да пратите протестна порака на нивната фицијална мејл адреса [email protected]



      Извор http://i-macedonian.blogspot.com/200...g-post_21.html

      Праќајте пораки со различен текст за да се избегне пораката да оди во спам

      Comment

      Working...
      X