грчка Саботажа за „Виножито“

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • voden-lerin
    Junior Member
    • May 2009
    • 28

    грчка Саботажа за „Виножито“

    Целокупниот изборен материјал на македонската партија, грчката пошта, која е државна, го чувала до вчера наместо да го дистрибуира во северна Грција


    Грчката пошта ја саботирала кампањата на „Виножито“ за евроизборите одржани во почетокот на јуни, соопшти вчера партијата на македонското малцинство во Грција.Пропаганден материјал што „Виножито“ го испратила преку пошта до своите гласачи во северна Грција, како алтернатива да ги промовира своите ставови во услови на целосна блокада од грчките медиуми.Материјалот бил испраќан преку грчката пошта, која е во државна сопственост и вклучувал пропаганден изборен материјал и дивидија. Партијата во вторникот била известена од поштата во Лерин дека има пакет, кој треба да се подигне на име на „Виножито“.

    „Нашите претставници отидоа во поштата и беа шокирани кога видоа дека пакетот е вреќа полна со писма со пропагандниот материјал, кои не биле испратени на доставените адреси“, соопштија од „Виножито“.Писмата биле адресирани до цели села во северниот дел на Грција и биле вратени во поштата во Лерин.„Виножито“ најостро го осуди мешањето на грчката пошта во изборната кампања.„Ова е уште еден доказ за саботажата од грчките државни органи против партијата на етичкото македонско малцинство во Грција“, соопштија од „Виножито“.Партијата ќе вложи официјална жалба до грчката пошта барајќи објаснување зошто не биле испратени писмата, а разгледува и правна постапка во врска со овој потенцијално криминален чин.
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    #2
    а сега шо правиме ?
    прстот в´уста ИЛИ БОБРА
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...

    Comment

    Working...
    X