Го губиме името ако не докажеме античко пl

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Го губиме името ако не докажеме античко пl



    Според еден од главните идеолози на власта, ако немаме античка основа, ако сме доминантно Словени, Грците ќе можеле да ни кажат да се викаме „Славо-Турција“, „Славо-Пајонија“...

    Македонија може да го одбрани сопственото име само ако докаже дека македонскиот народ има антички корења, а не со тоа дека е словенски. Ваква теза постави завчера археологот Паско Кузман, директор на државната Управа за заштита на културното наследство, во телевизиска дебата посветена на етногенезата на македонскиот народ. Во дуелот со поранешниот премиер и партиски соборец Љубчо Георгиевски на телевизија „А2“, во кој се расправаа за тоа дали македонскиот народ има античко или словенско потекло, Кузман укажа дека ако се остане на тоа дека има доминантно словенско потекло, не може да се задржи името Македонија. Како ќе го браните името ако основата ни е словенска. Основната проблематика со името е што тврдиме дека Словените се еден елемент од нашата етногенеза. Името Македонија постои далеку пред Словените и ако тврдиме дека потекнуваме од 5 и 6 век, пишете му крст на името Македонија оти тоа им припаѓа на старите антички луѓе и не е словенско. Тоа име е далеку пред Словените и наш е проблем што тврдиме дека Словените се дел од нашата етногенеза - истакна Кузман.Тој дури и искажа отворено сомневање во способноста на дел од македонскиот народ да биде државотворен. Мислам дека ние самите сме проблем и долго време се сомневам дека сме државотворен народ. Погледнете што се случува со овие силни дискусии, несогласувањата за сопственото име и разликите што ги имаме меѓу претседателот на државата, претседателот на Владата. Оттука произлегува дека имаме проблем сами со себе и дека секогаш ќе го имаме додека не најдеме заеднички јазик за нашето постоење и функционирање. Затоа и не бевме држава - истакна тој.

    Ставовите на директорот на Управата за заштита на културното наследство доаѓаат по жестока дебата во јавноста по објавувањето на кусата верзија на Историја на македонскиот народ од страна на државниот Институт за национална историја. Расправиите особено ги предизвика тврдењето на историчарот Митко Панов според кој, денешните Македонци се мешавина на античките Македонци и на Словените, при што античкиот етнос останал доминантен. Таквото тврдење е различно од тезите на историчарот Бранко Панов што биле содржани во Историјата на македонскиот народ објавена од ИНИ пред девет години, каде што се тврди дека „Македонија била претворена во словенска земја“. Паско Кузман е една од личностите што имаат големо влијание во процесот на изградба на споменици и преименувањето на патиштата и стадионите во земјава со имиња на личности од античкомакедонска историја. Тој учествуваше и при поставувањето на античките скулптури пред Владата, при што процесот што јавноста во земјава го нарече „антиквизација“ наиде на критики и од меѓународната заедница во контекст на преговорите за решавање на спорот со Грција.



    Инаку, во дебатата Кузман тргна од ставот дека етногенезата на македонскиот народ е мешавина и конгломерат од повеќе етнички и културни елементи од многу народи, при што се вклучени и античките корења. Ако сакам јас да сум Македонец, мора да прифатиме дека и пред Словените имало основа на која сме се надградиле. Ако не е така, ако сме доминантно Словени, Грците ќе ни кажат викајте се „Славо-Турција“, „Славо-Пајонија“... - укажа тој.Тезите на Кузман беа жестоко напаѓани од Љубчо Георгиевски, кој тврдеше дека „антиквизацијата“ во државната политика ќе предизвика тешки последици по земјава. Поранешниот премиер во дебатата тврдеше дека тезите оти македонскиот народ има доминантно античкомакедонско потекло претставуваат искривување на историските факти и „Алан Форд-историја“, на која ќе ни се смее целиот свет. Тој воопшто не се согласува со Кузман дека името Македонија ќе се одбрани со поврзувањето со антички Македонци.

    - Во времето на населувањето на Словените, немаме нивно спојување со Антички Македонци, туку имаме спој на Словени со името Македонија. Тоа го прави нашето име Македонија. Секој народ има формула по која дошол до свое национално име. Нашата формула е таква - истакна Георгиевски, за кого нема дилема дека етногенезата на македонскиот народ е најмногу словенска.Тој докажуваше дека денешната Република Македонија не може да се повикува оти е наследник на антички Македонци, државата на Филип и Александар Македонски била на друга територија, во рамките на Грција. Ако се тврди дека ние имаме античкомакедонско потекло бидејќи тие ги освоиле и денешните простори на Република Македонија, тоа ќе значи дека и народите во Индија имаат античкомакедонски корења - илустрира Георгиевски.Според него, прашање е зошто актуелната државна власт не посочува дека македонскиот народ има потекло од Дарданци, Илири, Тракијци и други племиња, кои на територијата на денешната Република Македонија живееле и пред и по освојувањата од античка Македонија. Георгиевски истакнува дека во перидот кога Словените дошле, на нашите простори живееле денешните Власи и Грци.Македонските историчари што вчера ги консултиравме не сакаат да ги коментираа тезите што беа истакнати во телевизискиот дуел. Најчестата причина беше дека „не ја гледале дебатата“.

    Самуил не ја спомнувал Македонија

    Своевидно изненадување за јавноста беа ставовите на Кузман за царот Самуил. Георгиевски го праша зошто ако се сметаме за повеќе Византијци отколку Словени, македонскиот народ го слави Самуил, кој војувал против византискиот цар Василиј Втори Македонецот.

    - Што имате од Самуил, освен името и Самуиловата тврдина? Што друго имаме од него? Во моите археолошки истражувања не најдов никакви остатоци од негово време, ниту едно париче. Не знам што тој правел 40 години. Тој постоел, но никаде не ја спомнал Македонија. Чиј е Самуил, македонски ли е, ако никаде не ја спомнал Македонија - праша Кузман.


    pasko u are the MEN u hit the nail on the head
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • voden-lerin
    Junior Member
    • May 2009
    • 28

    #2
    Љубчо Ѓ.нека не дроби многу , нека неправи глупи компарации кои не држат вода.Нека си седи во Блгарија и нека докажува таму кои се и од каде се блгарите, за нас има кој да води грижа - од такви платеници ко него на овој македонски народ оддамна му е преку глава.

    Comment

    • voden-lerin
      Junior Member
      • May 2009
      • 28

      #3
      Lugje dajte obedinete se kako shto toa go pravat gercite - koi sega baraat pomosh i od Krit zaednichki da se borele protiv nas.
      Code:
      [url]http://pammet.blogspot.com/2009/06/blog-post_25.html[/url]
      [COLOR="Red"] [url]http://cretanpatriot.blogspot.com/2009/06/blog-post_1347.html[/url][/COLOR]
      Da ne dozvolime da ni go zemat toa shto nam so vekovi ni pripagja.
      Makedonija e samo na makedoncite, nikako na gercite, bugarite ili serbite.
      Last edited by voden-lerin; 06-26-2009, 02:03 PM.

      Comment

      Working...
      X