Грчката политика за спорот со името е смеm

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Грчката политика за спорот со името е смеm

    http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Ar...1C2E700646.jpg

    Грција води смешна и целосно непринципиелна политика кон Македонија, вели угледниот европарламентарец Ниранџан Дива, кој викендов беше во посета на земјава и се сретна со пратеници од владејачката ВМРО ДПМНЕ.

    Тој истакна дека Македонија има силна поддршка од конзервативните партии од кои и самиот потекнува и смета дека земјата го заслужува членството во НАТО.
    - Грција нема силно лоби, ние се смееме на нивната политика во спорот со името. Имаат многу незрело однесување кон земја чии војници служат во Авганистан, изјави Дива.

    Говорејќи за билатералниот спор за името тој рече дека за него е несфатливо што една демократска земја како Грција се служи со примитивниот метод на блокада.
    - Мора ова да се решава пријателски, Грција мора да почитува добрососедство. Чудно е како една долгогодишна демократија се однесува вака, забележа Дива.

    Со македонските колеги разговарал за визната либерализација. Смета дека иницијативата на осумте земји-членки на Европската унија до еврокомесарот за проширување на Унијата Оли Рен за пад на шенгенскиот ѕид е одлична шанса за Македонија.

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кој се сретна со европарламентарецот истакна дека земјава успешно ги реализира критериумите, а во делот на потребните реформи за визна либерализација е лидер во регионот.
    - Разговаравме за приближувањето на Македонија кон Европската унија и беше заклучено дека тоа се одвива добро, дека еден по еден ги исполнуваме критериумите и исто така, за визната либерализација, изјави Влатко Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ додавајќи"
    значи, имаме добар прогрес, работите се одвиваат добро, Македонија има пријатели во светот коишто ги кажуваат нашите аргументи".

    Европратеникот Дива е еден од петте највлијателни во Парламентот. Пред 4 години бил кандидат за Генерален секретар на Обединетите нации, но загубил од актуелниот Бан ки Мун. Неофицијално се зборуваше дека поради неговите ставови поврзани со Кипар грчкото лоби застанало против него.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X