Нимиц ги притиснал Грците со стари карти l

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Нимиц ги притиснал Грците со стари карти l

    22 oктомври 2009, 00:41

    Пред неколку дена, во весникот Нова Македонија беше објавено интервју со Огнен Бојаџиески кој живее во Хрватска, во кое тој, меѓудругото изнесува и некои интересни моменти од преговорите за името што се водат меѓу Македонија и Грција, кои поминаа некако незабележано. Еве што Бојаџиески кажа:

    ‘Како што е познато преговорите што ги води модераторот Нимиц се приведени кон крај и само се чека конституирањето на грчкиот парламент и Влада за да се објават тие резултати. Нимиц како и неговиот легендарен и мудар презимењак, адмиралот Нимиц, некогашен воен лидер на САД, преговарач со мошне богато искуство, Грција ја доведе во тап агол со една обична прагматично воена досетка кога на грчките преговарачи им ги посочи уште во почетокот на преговорите старите воени карти и географско-историски имиња на македонскиот простор. Во тие воени извори македонскиот простор уште од византиски времиња, отомански и по избивањето на источната криза 1853/6 Македонија се третира како единствен историско географски простор со три региони: Јужна или Приморска Македонија, Северна или Планинска Македонија и Источна или Пиринска Македонија. Успеал дури да најде и карти на Генералштабот на Австриско унгарската војска од 1688 година па се до 1908 година во која постојат само два региона - Планинска и Низинска Македонија односно Јужна и Северна. Неговите експерти ја пронашле и картата на Македонија што ја издал Македонскиот научен институт во Софија во 1924 година. И така вооружен ја одбрал варијантата Република Северна Македонија укажувајќи им на Грците дека тие ја освоиле во 1912 година Јужна Македонија и дел од Тракија. Во однос на техничкото време за премин и употреба на поимот Северна предложил 3 до 5 години, што е меѓународен стандард. Се разбира, нашиот адмирал Нимиц не би бил како оној Нимиц што ја победи јапонската пацифичка флота за време на Втората светска војна, ако нема џокер во раката - а тоа е дека повеќе од половина членки на ООН ја признале Република Македонија како Република Македонија. Тоа значи дека Советот за безбедност на ООН, доколку Грција го прифати или не конечниот предлог, може да отвори дебата на Генералната асамблеја и со мнозинство да се прифати предлогот на Нимиц.

    Од друга страна, на Грција и се брза, и исцрпена од кафански и чаршиски дернек, ќе сака што побргу да го покаже новото лице, а каде и што побргу, ако не во меѓусоседските односи со Македонија и Турција’, тврди Бојаџиески.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X