„Грчката кауза“ - опасен европски и светски &#

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    „Грчката кауза“ - опасен европски и светски &#

    Западна Европа одамна е во политичка, економска и креативна криза. Таа ги прегази сите свои и туѓи принципи на демократијата


    Поддржувајќи ги најнегативните и најекстремните ирационални барања на Грција, Западна Европа опасно заплива во водите на двојните стандарди, на подгревање на национализмот, шовинизмот и неофашизмот. Тоа го прави само за да и изнајде и потврди на својата капризна миленичка некои проблематични антички корени за вештачката држава, која за прв пат во историјата и ја измисли во 1830 година со приграбен туѓ идентитет на туѓа територија на Македонскиот Полуостров.

    Поддржувајќи ги бескрупулозноста и цинизмот во мрачните сценарија на опасната „грчка кауза“ за разнебитување на македонската држава и на македонскиот народ, Западна Европа, како итра и дволична „кума“, ги симна од своето бесрамно набрчкано лице сите „маски на демагогијата“ и оголена се покажа колку е зрела да биде врзана на „Столбот на срамот“ на „Светското гумно“ на Демократијата. Црните чизми на фашизмот маршираат по европските патишта, потсетувајќи нé на сé што е црно во нејзината историја, и од позиција на сила се оспоруваат основните права на граѓаните на Република Македонија - членка на ООН.

    Дали „баба Европа“ ни се „одмаздува“ за повеќеилјадолетната писмена и културна традиција, односно за создавањето на огромната Македонска Цивилизација, која лежи во основата на целокупната западна и светска цивилизација? Дали тоа е одмазда на „непросветената Европа“ и на познатата „културна клептоманка“ Грција?
    Достоинството нема цена! Никој нема право некому да му го оспорува, негира или да инсистира да му се промени или одземе идентитетот. „Црна Атина“ на најбезобразен начин ги гази принципите на добрососедство, одредбите на меѓународното право за билатерална и мултилатерална комуникација и соработка во регионот, а и пошироко. Постојаното ирационално инсистирање за промена на името „МАКЕДОНИЈА“, кое гордо го носи во континуитет земјата и државата на Македонците најмалку 17.000 години, ја „прелива чашата“ на македонското трпение. Време е да се прекине агонијата на лудоста!

    Не може со постојано инфериорно дејствување или непродуктивна дефанзивна политика во однос на основното македонско национално прашање - ИДЕНТИТЕТОТ да очекуваме смирување или пораз на националистичката еуфорична, но добро осмислена тактика и стратегија на грчкиот антимакедонизам. Тој од 1830 година постојано продуцира арогантен грчки експанзионизам и колонијализам, проследен со невиден геноцид врз македонското население. Имајќи ја мувата на капата или под капата, Грција, како една од распарчувачите на Македонија и окупатор на повеќе од 51 процент од македонската етничка територија, наоѓа храброст и безобразие да го обвинува македонскиот народ во Република Македонија за некојси „иредентизам“. Последните фашистички испади во Атина и демонстрацијата на сила врз македонското население во Егејска Македонија се само континуитет на таа ултранационалистичка и ултрашовинистичка политика на владејачките клики - фамилии во грчката државна хиерархија. Тие ја „преобразија“ Грција во најнедемократска „лулка“ на Европската Цивилизација и стана голем и непростлив срам за Европа и за светот.

    Време е Македонија да ги прекине сите јалови „разговори“ и непродуктивни „преговори“ за некое си ново „креативно име“ и најодговорно да го постави на дневен ред „МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ“. Само така ќе исчезнат симболите на империјалистичката поделба на Македонија и со тоа трајно ќе се уништат понижувачките сведоштва за делбите на Македонија од 10 август 1913 година, кои сé уште продуцираат трагични заблуди, неконтролирани аспирации и несогледливи последици. Соседот не се избира, но крајно загрижува и е опасно кога од кај него се слуша како грчките НАТО-вски војници маршираат и пеат: „Скопјаните да ги снема“ Се наметнува прашањето: „Во какво друштво сакаме да влеземе?“

    Со молчење и чекање не може да се пласира вистината за нашата самобитност. Идентитетот и историјата на Македонија и македонскиот народ не смее да се менува и фалсификува под притисок и диктат на сите „пријатели“ и „непријатели“, ниту, пак, со постојано „кукуригање“ на добро организирани паради на секаков вид антимакедонисти за антимакедонизам. Тие што се плашат, што молчат или лажат дека наводно „Македонија нема аргументи да си го одбрани името“ треба да престанат да шират дезинформации и засекогаш да си ги напуштат своите „комотни“ и „топли“ профитабилни фотелји на државната администрација, на таканаречената „петоколонашка“ антимакедонска гарнитура и конјунктура. Грчки и други фалсификувачи на македонската историја и присвојувачи на придобивките на Македонската Цивилизација ни забрануваат да испитуваме и нé обвинуваат нас, Македонците, со континуитет на македонска писмена традиција најмалку од 40.000 години, да испитуваме и нé „бомбардираат“ зошто “чепкаме“ во сопствената македонска историја и култура од праисторијата до денес. Кој се плаши од МАКЕДОНИЈА да е МАКЕДОНСКА и МАКЕДОНЦИТЕ да се МАКЕДОНЦИ?
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15658

    #2
    "Време е да се прекине агонијата на лудоста!"

    I genuinely wonder how many politicians are like this man in Macedonia. I am confident that Macedonian people not under duress will affirm their identity but I am confident the Macedonian people are under duress.
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    • Soldier of Macedon
      Senior Member
      • Sep 2008
      • 13670

      #3
      Не се надевам ногу со нашиве 'челници', народо Македонски ќе треба да стои јак, за да имаме успех.
      In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

      Comment

      • voden-lerin
        Junior Member
        • May 2009
        • 28

        #4
        Мизерен и понижувачки „данајски предлог“

        Васил Иљов

        Скопје 15 јули 2009

        Поаѓајќи од мизерните „принципи“ на разурнувачката фикција на грцизмот и на своето примитивно билатерално и меѓународно однесување, „Црна Атина“, откако го испита пулсот на сите внатрешни и надворешни антимакедонисти, реши параноично да го испроба и најсуптилниот данајски понижувачки рецепт во своето секојдневно кулинарско-ирационално однесување со Македонија. При сета нејзина „сиромаштија на умот“ и сегашна катастрофална економска состојба, ни понуди блеферско мито од 500 милиони евра за да прифатиме едно апсурдно, анахроно
        понижувачко, дискриминаторско, карамболско име од „кујната на антимакедонизмот“, кое би се користело за нејзини потреби и за секаква употреба на целокупниот цивилизиран и нецивилизиран свет.

        Знаејќи ги перфидната цел, боја, цена и особина на предавството од Тројанската војна до денес, та предизвикувајќи ја и испитувајќи ја алчноста на добро организираното групно лаење на деструктивните антимакедонисти, кутрата „Црна Атина“, како Бивша Македонска Покорена Град-Државичка, реши на својот бивш Хегемон јавно да му продемонстрира „лојална загриженост“ и „добра волја“ за решавање на наводното горливо за неа и од неа измислено нерешено прашање за името МАКЕДОНИЈА. Како Дамаклов меч и виси над главата нејзиниот фалсификат и грабеж на Македонската Цивилизација, постојано ја плашат сенките на македонските царови Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски.

        Чувствувајќи го товарот на своите апсурдни барања и со својата ирационалност ставајќи ги НАТО, ЕУ и ООН пред свршен чин, Бившата Македонска Покорена Град-Државичка (или скратено БМПГД) стана најнепредвидлива и најагресивна фрустрирана државичка на Македонскиот Полуостров, замислувајќи се како некоја си суперсила на овој одамна ставен во карантин, искаран, поделен и со војни и блокади економски уништен регион. Тие што нé поделиле на „четири македонски републики“ во Филипи 147 г.п.н.е. за да ни докажат дека демек Македонското Царство не било демократско општество; тие што во 1204 - 1208 година го уништиле и опљачкале Цариград и во него и во околината до темел срушиле повеќе од 10.000 цркви, та го ограбиле македонскиот народ и ја опустошиле Македонија; тие што ни ја поделија Македонија на пет делови во Букурешт на 10 август 1913 година; тие што ни наметнаа балкански војни и две светски војни, та „демократски“ нé понижија во Букурешт на 2 - 4 април 2008 година не можат да ни бидат наши искрени пријатели, иако секогаш се вадат со консензуалната демократија при поддршката на ирационалните националистички, шовинистички и неофашистички барања на нивната сојузничка миленичка (а за жал, наша јужна недостојна сосетка) „Црна Атина“ во наводниот спор за името МАКЕДОНИЈА. Ние, Македонците, немаме никаков спор со сопственото име МАКЕДОНЦИ, со името на нашата најдревна земја МАКЕДОНИЈА, со името на сегашната матична држава на Македонците РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и со сопствениот идентитет на нашиот народ за сечија и секаква употреба МАКЕДОНСКИ НАРОД. Тогаш кој и зошто разговара или преговара за промена на нашето име? Ако со сила нема убавина, тогаш време е да се оддалечиме од ниските удари за да не останеме сакати и вечни инвалиди. Веројатно, пријателите и пријателството треба да се бараат по патот на Александар Трети Македонски.

        Тие што ги мразат и не им даваат никакви човечки права на малцинствата во сопствените држави или во унијата скроена со нивни закони и по нивна мерка ни прогласија за наводни „расисти“, а грчките поробувачи на повеќе од 51 процент од етничката територија на Македонија и бескрупулозни негатори на македонскиот народ и на сé што е македонско нé нарекле „неконструктивни“ и „иредентисти“, потхранувајќи го и стимулирајќи го насекаде и секогаш антимакедонизмот.

        Време е Европа да си го осуди неофашизмот, национализмот и шовинизмот кај некои членки на ЕУ и да ги спроведе прокламираните човекови права во раштрканата и раштимуваната империја. „Чудовиштето“ постои и треба храбро да се уништи во почетокот на опасниот експанзионизам. Притисоците и уцените нема да поминат и кај многу демократски сили во Европа и во светот. Кој сé со „преценета мудрост“ ни спрема македонски дел од пеколот? Дали навистина нé сметаат за најнесреќен народ на Македонскиот Полуостров, та постојано нé „кршат“ за да еднаш нé „преобразат“ до тој степен за да онемиме?

        Македонците се ставени во визно гето, во полупротекторатско менгеме, а некои дополнително се истакнати во црни и бели листи што посебно го става македонскиот народ во список на гетоизирани живи и мртви суштества. Дали ќе се плати „данокот на кооперативноста“ или ќе се издејствуваат репарации за нанесените навреди и осведочени штети од срамната дискриминација? Дали со кутрата „Црна Атина“ и други ќе го проголтаат залакот за нашето древно најмалку седумнаесетилјаднолетно име МАКЕДОНИЈА?

        Авторот е советник-конзерватор

        Comment

        • voden-lerin
          Junior Member
          • May 2009
          • 28

          #5
          Препорака за датум - со вето или без вето

          Првпат од Брисел се навестува подготвеност за таков чекор
          Од нашиот дописник
          Слободанка Јовановска

          Брисел - Европската комисија ќе препорача датум за преговори за Македонија, и да има и да нема решение за спорот околу името на државата - е пораката што ја потврди вчера портпаролката на еврокомесарот Оли Рен, Кристина Наѓ, на грчко барање. Прашана директно како ЕК планира да излезе со таков предлог кога знае дека Грција ќе стави вето на одлуката, Наѓ одговори лаконски: „Не знаеме, ќе видиме“.

          Иако спорот околу името никогаш не се поставуваше како услов за препораката за датум, досега тоа се подразбираше меѓу редови, па првпат неделава од Брисел се навестува подготвеност за таков чекор, без оглед каков ќе биде исходот на преговорите во Њујорк. Уште пред три месеци известувачот за Македонија, Ерик Мејер, се пожали дека во Советот и во ЕК толку се упорни да и' дадат на Македонија датум годинава, што ги ублажуваат и ги игнорираат пропустите во земјата.
          Грчките дилеми вчера се однесуваа на тоа зошто претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, би ја жртвувал својата политичка иднина излегувајќи со предлог што ќе ја налути Грција, но реалноста е дека до давањето ваков предлог Баросо веќе ќе биде реизбран или не на функцијата. Ако се анализираат случувањата околу блокадата на преговорите со Хрватска (која по којзнае кој пат се повтори вчера), станува јасно дека ЕК избра друга тактика да се справува со ветата, и дека тоа сака да го сфатат и земјите што во иднина ќе се обидат да го користат, исто така, за билатерални прашања. Имено, идејата е целиот притисок да им се префрли на државите што се спорат, а ЕК да ја турка процедурата се' додека самите не ја сфатат баналноста на ситуацијата и најдат решение за спорот. Во тој стил Баросо вчера и' порача на новата хрватска премиерка дека ЕК им понудила политички услуги, но се видело дека тоа не помогнало, па сега останува земјите сами да го решат спорот, со порака на крај дека им посакува „многу среќа во тоа“. Во таа смисла ваквата неочекувана најава кон Македонија се сфаќа како притисок и врз Македонија, и врз Грција, бидејќи нам ни ја прави загубата многу поголема ако не се реши спорот, а на Грција и' испраќа порака дека ќе мора да се соочи со гневот на другите земји-членки ставајќи уште едно вето. Реално, Грција досега не беше во ситуација да го стори тоа во однос на Македонија на највисоко ниво, а ќе мора и да објасни како може една земја да се држи пет години надвор од интеграцијата поради билатерален спор. Секако, не треба да се исклучи и можноста дека ЕК, како и НАТО пред Самитот во Букурешт, сака да ја спаси владата на Караманлис, која некаде во тој период треба да си ја одмери силата на избори, при што грчките процени се дека ветото ќе му помогне многу повеќе за рејтингот на веќе отпишаниот премиер, околу решението за спорот. Во Брисел, нормално, никој нема да потврди кое сценарио е во игра и единствено што е реално е дека Лисабонскиот договор веќе не се гледа како пречка, па нема потреба и во иднина да се закочува процесот на проширувањето. Така, веќе на министерскиот состанок в понеделник земјите-членки ќе се изјаснат за апликацијата на Исланд, Црна Гора веќе доби прашалник, а се најавува и чекор напред во однос на Албанија, додека од Србија се очекува само добра волја околу условите за силно да се турне напред.

          Инаку, Рен вчера не успеа да ја заврши балканската турнеја, бидејќи доби висока температура, а според извори од ЕК, го изгубил и гласот, па морал да ги откаже сите средби во БиХ. Како и да е, обраќањето што го планираше за БиХ вчера им беше дистрибуирано на новинарите во Брисел.


          Comment

          Working...
          X