Бриши Словени, пиши антички

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Бриши Словени, пиши антички

    обЈавена нова изменета историЈа на македониЈА

    Бриши Словени, пиши антички

    Во новопромовираната Историја на македонскиот народ се истакнува дека денешните Македонци се многу повеќе потомци на античките Македонци отколку на Словените


    Денешните Македонци се мешавина на античките Македонци и на Словените при што античкиот етнос останал доминантен во новонастанатата симбиоза на двата народа. Епохата на Александар Трети Македонски, пак, треба да се нарекува „александризам“ или „македонизам“ за разлика од досегашниот термин „хеленизам“, кој се употребува во светот и од македонските историчари. Ова се двете големи промени што ги донесува новата Историја на македонскиот народ издадена од Институт за национална историја, промовирана завчера. Таа содржи значајни промени во однос на она што досега било содржано во изданијата на оваа репрезентативна државна институција. Изданието објавено на македонски и на англиски јазик, кое е финансирано од Владата, ќе се користи за надворешната промоција на Македонија, при што ќе се дистрибуира и до странските дипломати и други. Ова дело напишано од група автори опфаќа период што почнува со праисториското време, а завршува со 2008 година, кога на самитот на НАТО во Букурешт Македонија не доби покана да стане членка на алијансата.

    Тезата дека денешните Македонци се наследници на античките Македонци, кои се измешале со помалобројниот словенски етнос што се населил на овие простори, е содржана во поглавјето наречено „Македонија и Словените - од средината на шестиот до средината на 9 век“, чиј автор е историчарот Митко Панов. Во делот насловен како „Континуитетот на античките Македонци и процесот на нивната симбиоза со Словените“ се посочува дека словенското население сепак не се населило во толку масовен број за целосно да го „претопи“ населението што има корен од античка Македонија.

    „Најновите историско-археолошки студии покажуваат дека населувањето на Словените во Македонија не претставувало масовна колонизација со капацитет целосно да ја промени етничката констелација во Македонија, иако било неоспорно силното влијание на словенскиот етнос. Воедно и самите Словени во текот на 7 век забележале демографска криза. Станува збор за етапен процес којшто ја овозможил заемната интеракција, коегзистенција и симбиоза помеѓу античките Македонци и населените Словени во Македонија“, пишува во новата македонска историја.Во првиот том на Историјата на македонскиот народ, кој Институтот ја објавил во 2000 година, се посочени поинакви факти. Во поглавјето посветено на античка и средновековна Македонија, чиј автор е Бранко Панов, се истакнуваат поинакви факти за населувањето на Словените и за нивното мешање со античките Македонци.

    „По дефинитивното населување на Словените во Македонија во одделните области доминантен станал словенскиот етнос. Староседелците - Македонци, кои до овој период го сочинувале основното автохтоно население, како и другите древни балкански народи (Тракијците, Илирите, Грците и други) биле значително разретчени за време на долготрајните словенско-аварски напади на Балканот. Голем дел од македонско староседелско население биле убиени или одведени во ропство, а голем број и се иселиле околу градот Одрин во Тракија. Со претворањето на Македонија во словенска земја настанала симбиоза меѓу помногубројните словенски населеници и затекнатото помалобројно автохтоно македонско население“, се истакнува во делото објавено пред 9 години.Историчарот Митко Панов објаснува дека неговите тези за доминацијата на античките Македонци при мешањето со помалобројните Словени се засновани врз научни сознанија. Во истражувањата што ги правев изминативе 15 години дојдов до сознанија што досега не биле анализирани. Тие покажуваат дека имаме континуитет со античките Македонци - изјави вчера Панов.

    Научната јавност да расправа и за сосема нова научна теза со која епохата на Александар Македонски треба да се нарекува „александризам“ или „македонизам“ бара и авторката на делот посветен на оваа голема историска личност, Анета Шукарова. Таа објаснува дека тоа е потребно бидејќи во современото изучување на историјата се наметнува нов термин за овој епохален „транзициски“ век зашто се создава нова културна историја, спроведувајќи ја благородната идеја на Александар Велики за „светата свадба“ меѓу народите. Малкумина научници во светот и кај нас ги користат термините „македонизам“ или „александризам“. Јас сметам дека таа треба да се користи и тоа нека биде теза за ново читање на историјата - изјави вчера Шукарова.Ѓорѓи Чакарјановски, историчар, кој сито така е еден од авторите на новата историја, изјави дека во изданието одредени периоди го добиле „вистинското место“.

    Историја во од

    Во Институтот за национална историја вчера признаа дека е невообичаено капиталното дела за историјата на еден народ да завршува со минатата година. Тоа е затоа што во таквите случаи нема временска дистанца од одредени настани потребна да се согледаат последиците и причините за одредени настани. Најверојатно затоа настаните од последната деценија се обработени само фактографски, со наводи дека одредени настани се случиле во одредени години. Тоа најмногу личи на историја пишувана во од - коментираа вчера во ИНИ.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15658

    #2
    My goodness, there might be some pride (along with common sense) left in Macedonia after all!
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    Working...
    X