"Makedonskite" politichari i "razgovorite za razlikite" povrzani so IMETO nashe...

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • indigen
    Senior Member
    • May 2009
    • 1558

    "Makedonskite" politichari i "razgovorite za razlikite" povrzani so IMETO nashe...

    ...MAKEDONSKO. Ime istorisko, biblisko i pravedno nasledeno i prenesuvano od koleno na koleno od pamtivek do den deneshen.

    ----------

    Утрински Весник - Број 2829 среда, 05 ноември 2008

    Резолуцијата усвоена, поделбите останаа

    Македонскиот парламент со огромно мнозинство ја усвои Резолуцијата за утврдување државна стратегија за решавање на спорот за името, но документот зад кој застанаа 93 пратеници од власта и од опозицијата (единствено Павле Трајанов беше против) не го постигна посакуваното единство во државниот врв.

    Напротив, собраниската дебата за името уште повеќе го покажа длабокиот јаз меѓу двајцата клучни политичари, шефот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Па на крајот на бурниот собраниски ден завчеравечер вест број еден не беше изгласувањето на Резолуцијата, туку разрешувањето на Никола Димитров од позицијата преговарач во грчко-македонскиот спор, одлука која Црвенковски ја соопшти од собраниската говорница.

    Информацијата одекна како вистинска бомба и ги шокира сите во салата, вклучувајќи го и премиерот. Не можејќи да го скрие изненадувањето, Груевски се сврте кон министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, и нешто прокоментира. Фрапирани беа и пратениците, особено оние од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои гледаа кон премиерот со погледи полни со прашалници.

    Веста го затече и Мартин Протоѓер, кој заедно со новинарите ја следеше седницата од собраниската галерија и зачудено почна веднаш да врти со мобилниот телефон. Советниците на претседателот Црвенковски, кои беа на другата страна на галеријата, внимателно ги следеа реакциите на тоа што го кажа нивниот шеф.

    Во финишот на дебатата, најнапред претседателот, а потоа и премиерот ги соопштија ставовите за преговорите за името. Црвенковски верува дека може да се дојде до решение со кое би се зачувале идентитетот и јазикот, а двојната формула излегува од игра, бидејќи, според него, не е позиција за компромис, туку за прекинување или замрзнување на процесот.

    „На Македонија и' е потребна нова стратегија во однос на претходната со која ја извојувавме битката за признавање на уставното име од над 120 држави. Ситуацијата по Букурешт говори дека Привремената спогодба е во сила, а двојната формула не е веќе решението за компромис. Ако го добиеме идентитетот македонски за јазикот и нацијата, можно е решавање на спорот и влез во НАТО и во ЕУ. Друга алтернатива нема.

    Основната разлика меѓу мене и премиерот Груевски не е во пристапот и целите во преговорите за надминување на спорот со Грција, туку во степенот на важност и приоритет што му ги даваме на интегрирањето во ЕУ и во НАТО. Јас тврдам дека за иднината на Македонија нема ниту, пак, може да има сериозна алтернатива на евроатлантското интегрирање на РМ. Премиерот тврди дека Владата има алтернативен концепт за иднината во случај земјата да биде блокирана во подолг временски период. Секоја одлука за ова прашање на крајот мора да ја донесе Собранието, ако станува збор и за одлука за распишување референдум. Јас овој проблем без согласност на премиерот Груевски не можам да го решам, тој може. Со цел да се прекине оваа несериозна ситуација што веќе се користи и од грчка страна како аргумент против нас, за постоење на двајца преговарачи, на два става, на одвоени средби, на посебни консултации, сакам да ве информирам дека донесов одлука да му престане мандатот за наш претставник во преговорите на амбасадорот Никола Димитров. Согласен сум од наредниот период таа улога да ја има господинот Мартин Протоѓер, исто како што сум подготвен да разгледам и евентуално друго кадровско решение предложено од страна на премиерот Груевски“, соопшти Црвенковски.

    Премиерот Груевски во своето обраќање направи една ретроспектива на настаните поврзани со името, осврнувајќи се на потезите кои се влечени и притоа цело време го користеше терминот „таканаречениот државен врв“. Тој потенцира дека по Букурешт, Грција ја радикализирала позицијата и дека единствениот и последен компромис за нив е нашето уставно име да биде само за наша домашна употреба.


    „На Грција не и' паѓа на памет да попушти за идентитетот, кој нејзе и' е важен исто колку и нам. Некој од политичарите јавно се произнесува дека треба да попуштиме, да го свиткаме ’рбетот, дека тие што не попуштаат не се за НАТО и не се за ЕУ и земјата ја водат во изолација, а кога тие би дошле на власт, брзо би го решиле проблемот со поголемо попуштање. Истите тие политичари кои 13 години тврдеа дека двојната формула е максималниот компромис за нас, сега не' обвинуваат за изолација и за бескомпромисност. Истите тие, сега со нови итроштини, кои се сведуваат на целосно рушење на преговарачките позиции на државата, водени од желбата да се вратат на власт, најавуваат дека тие би го решиле проблемот. Истите политичари кои 14 години не го решија овој проблем, иако беа на власт, сега јавно говорат дека одговорноста е само кај Никола Груевски. Не смееме да се делиме дека едните сме повеќе за името и идентитетот, а другите сме повеќе за НАТО и за ЕУ. Треба сите да сме и за едното и за другото. И треба сите да се откажеме од градење политички капитал и ловење гласови на ова, моментно, највисоко стратегиско прашање“, рече Груевски. Тој додаде дека останува на ставот дека за конечниот предлог што би бил прифатлив и за Атина ќе одлучат граѓаните на референдум.

    По настапот на премиерот, Собранието ја изгласа резолуцијата со која се бара во најкус можен рок да се изгради државна стратегија за името што треба да ги рефлектира единствените ставови на политичките субјекти инволвирани во преговарачкиот процес. Со државната стратегија е неопходно да се заштитат највисоките државни и национални интереси и да се зачува идентитетот на македонскиот народ, јазик, историја, култура и постоењето на македонското национално малцинство во Грција и да се афирмира позицијата на Македонија како суверена и самостојна држава. При утврдувањето на стратегијата, задолжително да се имаат предвид ставовите, предлозите и мислењата на политичките партии застапени во Собранието.

    Во изготвувањето на државната стратегија да се консултираат експертската јавност и невладините организации кои се занимаваат со меѓународна политика. Да се засилат дипломатските активности на надлежните политички субјекти во земјата и во странство, при што да се афирмираат виталните интереси и стратегиските цели на Македонија и да се укажува на потребата од почитување на темелните документи на Обединетите нации и на меѓународното право.

    Инаку, ВМРО-ДПМНЕ во последен момент се повлече од предлогот – во Резолуцијата да биде вметнат и референдумот, што опозицијата не го прифати поради тоа што бараше, ако се оди на граѓанско изјаснување, референдумското прашање да биде формулирано со консензус меѓу релевантните партии.



    -------------------

    Утрински Весник - Број 2649 сабота, 29 март 2008

    Викендов трескавично ќе се усогласуваат ставовите за пакетот на Нимиц

    Различни ставови на претседателот и на премиерот. Груевски бара собраниско изјаснување за референдум

    Соња Крамарска
    Жаклина Хаџи-Зафирова

    Од државниот врв вчера пристигнаа две спротивставени изјави околу најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц. Најпрвин, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски,изјави дека предлогот е конечен и дека за него в понеделник ќе расправа и парламентот, за неколку часа подоцна работите да се усложнат откако Груевски рече дека постојат сериозни разлики и дека тешко ќе дојде до усогласување. Во попладневните часови настана вистинска трка на претседателскиот и на премиерскиот кабинет за брифирање на новинарите, откако во преден план изби прашањето за референдум за изјаснување за предлогот на Нимиц.

    Државниот врв, најпрвин, по серијата средби и консултации, заклучи дека последниот предлог за надминување на разликите со Грција е конечен и оти дефинитивниот став за него ќе биде изграден на седница на парламентот в понеделник.

    „Државниот врв ги информира лидерите на политичките партии за предлогот на Нимиц и има два заеднички заклучока. Првиот е дека по 15 години преговори предлогот го сметаме за конечен, а вториот дека процесот на градење став продолжува, и согласно со Уставот и законите ќе резултира со собраниска расправа в понеделник“, изјави шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, по средбата на државниот врв со лидерите на најголемите политички партии.

    „Сметаме дека предлогот што го имаме на маса е конечен“, одговори Милошоски на новинарско прашање дали Нимиц викендов доаѓа во Скопје со нови предлози. За одбивањето на грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, да се сретне со него на Министерскиот состанок на ЕУ во Словенија, Милошоски рече: „Ние сме расположени за средба. Секој што смета дека треба да продолжиме со дијалог, очекуваме да биде подготвен за средба исто така“.

    На состанокот учествуваа претседателот Бранко Црвенковски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и претседателите на СДСМ, Радмила Шекеринска, на ДПА, Мендух Тачи, и на ДУИ, Али Ахмети, како и министерот Милошоски и македонскиот преговарач за името Никола Димитров. Државниот врв за предлогот на Нимиц се консултираше и со другите парламентарни партии.

    Но, набргу потоа Груевски повторно ја афирмираше неговата идеја за референдум. „Ова ќе биде исклучително долг викенд, за нас оваа сабота и недела ќе бидат како цела недела. Ќе продолжат консултациите, но и притисоците од Грција“, рече Груевски. На прашањето дали може да се очекува нов предлог од Нимиц, Груевски одговори дека не е исклучена таква можност. „Ако некој каже дека референдумот е пречка за НАТО, ќе се оди на гласање во Собранието за референдум“, изјави Груевски. Тој рече и дека меѓу политичките партии има разлики во ставовите.

    Тогаш се огласи и кабинетот на шефот на државата, Црвенковски. Извори од кабинетот на Црвенковски рекоа дека предлогот, генерално, се оценува како позитивен, но дека се' уште не е изграден став за него. Не се знае ниту кој ќе го презентира во Собранието на седницата в понеделник.

    „Собранието треба да ги овласти претседателот или премиерот со каква позиција да настапат во Букурешт, дали да се прифати покана за НАТО со такво име за меѓународна употреба. Груевски и Црвенковски се согласни за референдум, но ако референдумот е пречка за прием во НАТО, Црвенковски ќе се повлече од ставот за негово одржување“, изјавија изворите.

    Од кај Груевски, пак, на тоа се надоврзаа дека „тешко оди усогласувањето меѓу четирите партии и дека е присутна напната атмосфера“. „Тешко е да се надеваме на усогласен став, бидејќи има сериозни проблеми и разлики меѓу партиите“, рекоа од неговиот кабинет. Камен на сопнување, како што тврдат од таборот на премиерот Груевски, е референдумот што го бара Груевски. Според нив, Црвенковски рекол дека за референдум треба да се послушаат сугестиите на странските дипломати. „Станува збор за принципиелна разлика дали за името треба да одлучат граѓаните на Македонија или странците“, контрираа од кабинетот на Груевски.

    МАНУ вчера издаде соопштение со став дека „последниот предлог на Нимиц во основа е прифатлив“. Според оцената на МАНУ, предлогот претставува прифатлива основа за постигнување согласност со Грција затоа што го поддржува уставното име на земјава и ја афирмира македонската национална самобитност.

    „Предлогот не ја преминува граничната точка од којашто не може да отстапи македонската преговарачка позиција“, додаваат македонските академици, нагласувајќи дека Македонија треба да ги продолжи преговорите со Грција пред самитот на НАТО. „Претседателството цени дека надлежните органи треба колку што е можно побрзо да ги усогласат ставовите на нашата преговарачка страна и со нив да го запознаат медијаторот на овие преговори, господинот Нимиц“, се вели во соопштението.

    Евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере, вчера изјави дека „има надеж дека ќе се најде решение за името“. „Не е до мене да судам, бидејќи ние не сме вклучени во тој процес. Но, морам да повторам дека ги охрабруваме напорите на Владата да остане вклучена во овој процес што го води медијаторот Нимиц“, рече Фуере.

    Метју Нимиц на последната рунда македонско-грчки преговори, што се одржа во вторникот во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, понуди ново предлог- име со географска одредница. Според информациите што ги објавија медиумите и во двете земји, станува збор за името „Република Македонија (Скопје)“.

    Новиот предлог на Нимиц предвидува името што би било прифатено, во англиска транскрипција да се користи за меѓународна комуникација, а уставното за внатрешна употреба. На земјите што го признале уставното име на Република Македонија им се сугерира, но без задолжение, да го користат новиот назив. Придавката „македонски“ без ограничувања ќе можат да ја употребуваат и Македонија и Грција.



    -------------

    Шеќеринска коментира на најавата на Груевски за референдум за името

    Од Борјан Јовановски | Скопје, 6-ти мај 2008 Вторник, 06 мај 2008

    Претседателката на опозициониот СДСМ вчера му реплицираше на својот политички ривал – премиерот Никола Груевски за неговата изјава дека треба да се организира референдум за името.

    Шеќеринска ваквата позиција на Груевски во врска со името ја оцени како бегање од одговорност и вовлекување на земјата во изолација. Таа го критикуваше Груевски за меѓународната позиција на Македонија.

    - Груевски во Букурешт замина со променето име и кажа „да“ на променетото име, а се врати и без покана за членство во НАТО. Сега за да ја покрие својата грешка, за да не зборуваме за тоа, тој ни зборува за референдум, заради тоа што калкулираше партиски, политички, приватно, затоа сега референдумот го извади на маса. Прашањето е што досега договорил Груевски, изјави Шеќеринска.

    И покрај ваквиот став на Шеќеринска, таа, сепак децидно не одговори дали ќе го поддржи евентуалното одржување на референдум, најавувајќи дека СДСМ деновиве сериозно ќе го разгледа ова прашање.



    -----------

    ДРЖАВНИОТ ВРВ УСОГЛАСИ СТАВ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ, В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ РАСПРАВА ПАРЛАМЕНТОТ

    Република Македонија (Скопје) - конечен одговор

    Државниот врв за конечен го смета предлогот Република Македонија (Скопје) за меѓународна употреба, напишано на латиница, а за дома уставното име, напишано на кирилско писмо, и за него може да расправаат пратениците

    Премиерот Никола Груевски, претседателот Бранко Црвенковски и лидерите на СДСМ Радмила Шеќеринска, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, вчера, по дво и полчасовни консултации, заклучија дека најновиот предлог на посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц е конечен и дека в понеделник за не го ќе расправа Собранието.

    "Државниот врв ги информираше лидерите на политичките партии за предлогот на Нимиц и има два заеднички заклучока. Првиот, дека по 15 години преговори предлогот го сметаме за конечен, а вториот дека процесот на градење став продолжува и, согласно Уставот и законите, ќе резултира со собраниска расправа в понеделник", изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

    Покрај Милошоски, на средбата присуствуваше и македонскиот преговарач за решавање на спорот со името Никола Димитров.
    На новинарско прашање дали Нимиц викендов доаѓа во Скопје со нови предлози, Милошоски одговори дека државниот врв овој предлог го смета за конечен.

    Последниот предлог кој Нимиц го стави на маса во вторникот во Њујорк беше Република Македонија (Скопје) за меѓународна употреба, напишано на латиница. За дома, според овој предлог, останува уставното име, напишано на кирилско писмо. На земјите кои го признале уставното име на Република Македонија би им се сугерирало, но без задолжение, да го користат новото. Придавката македонски без ограничувања ќе можат да ја употребуваат и двете земји.

    Државниот врв вчера попладне продолжи да се консултира и со претставниците на помалите парламентарни партии. (С. К. Д.)

    **

    МАНУ: Предлогот во основа прифатлив

    Претседателството на МАНУ, во проширен состав со поранешните претседатели на МАНУ, го поддржа последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за името.

    "Предлогот претставува прифатлива основа за постигнување согласност со Република Грција затоа што го поддржува уставното име на Република Македонија и ја афирмира македонската национална самобитност", се вели во соопштението на МАНУ. Академиците тврдат дека предлогот е компромис на македонската страна, но истовремено не ја преминува црвената линија. "Прифаќањето на овој Предлог не налага промени на Уставот на Република Македонија за уставното име на државата и на македонскиот национален идентитет", смета МАНУ.

    Според нив, важно е што е предвидено слободно и неексклузивно користење на атрибутот "македонски", во национална, етничка, јазична, културна и друга смисла. Новопредложеното меѓународно име "Република Македонија (Скопје)", за меѓународна службена употреба, не е негација на уставното име", тврдат академиците.
    "Со прифаќање на ова меѓународно име, ќе се надмине апсурдноста на досегашната привремена референца (ПЈРМ). Отфрлањето на овој предлог може да има крајно негативни консеквенции за Македонија", велат тие. Во МАНУ се зажгрижени дека земјата нема да може да ја користи самостојно скратено име Македонија, но сугерираат македонија да ги предолжи преговиоте до Самитот на НАТо во Букурешт. "Надлежните органи треба што побрзо да ги усогласат ставовите на нашата преговарачка страна и со нив да го запознаат медијаторот на овие преговори", препорачуваат академиците. Н.С.

    ***

    САД: Македонија и Грција да најдат прифатливо решение

    Официјален Вашингтон завчера повторно ги повика Македонија и Грција да го искористат напорниот ангажман на медијаторот Метју Нимиц и да постигнат заемно прифатливо решение за името.
    "Медијаторот Нимиц работеше напорно на предлогот којшто требаше да им го достави на двете страни. Тој има добра волја и ние се надеваме дека двете страни ќе соработуваат со него со добра волја за изнаоѓање решение за ова тешко, емоционално прашање", изјави портпаролот на Стејт департментот Шон Мек Кормак, на редовна прес - конференција во четвртокот во Вашингтон.

    Одговарајќи на прашање дали има американска иницијатива како да се реши прашањето, портпаролот Мек Кормак посочи дека ангажманот на потсекретарот Даниел Фрид и на амбасадорката во НАТО Викторија Нуланд е обид да се придвижи процесот напред. "Но, ова е процес воден од медијаторот Нимиц и ние целосно ги поддржуваме неговите напори", рече Мек Кормак.



    ------------------

    Атина разочарана од најновиот предлог

    Министерката Дора Бакојани изјави дека предлогот на Метју Нимиц е далеку од целите на Грција

    Атина - „Република Македонија (Скопје)“ е името што медијаторот Метју Нимиц го предложил на вчерашната рунда македонско-грчки преговори во седиштето на ОН во Њујорк, објавија вчера медиумите во Грција

    „Предлогот на Нимиц е конечен, а кум се САД. Нимиц јасно им кажал на двете страни дека „крштавањето“ треба да се случи пред самитот на НАТО во Букурешт, пишува „Та неа“.

    Но, според министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, новиот предлог на Метју Нимиц е далеку од целите на Грција. Шефицата на грчката дипломатија ја даде изјавата по седница на владина комисија на која информирала за предлогот за името на Македонија од специјалниот посредник на ОН. Според неа, предлогот на Метју Нимиц не е конечен и додаде дека нема конечни решенија.

    „Преговорите ќе продолжат. За новиот развој ќе го информирам претседателот на републиката и лидерите на партиите во следните 24 часа. Ако нема заемно прифатливо решение за името, Грција не може да се согласи на партнерски односи со Скопје“, изјавила Бакојани одговарајќи индиректно на прашањето за ставање вето на самитот во Букурешт.

    „Првиот заклучок е дека сме далеку од заемно прифатливо решение. Напорите продолжуваат. Ние го разгледуваме тој предлог“, изјави портпаролот на грчкото МНР, Јоргос Комуцакос.

    Весникот „Катимерини“, повикувајќи се на одговорот на грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, на изјавата на македонскиот премиер Никола Груевски дека грчкото вето за приемот на Македонија во НАТО ќе доведе до прекин на преговорите за името, коментира дека ваквите изјави не помагаат, туку „де факто“ предвреме ги осудуваат на неуспех залагањата за изнаоѓање решение за спорот.

    „Елефтерос типос“ пишува дека новиот предлог на медијаторот Нимиц предвидува Скопје да си го задржи уставното име, но за меѓународна употреба и во контактите со Грција државата да прифати да се именува како „Република Македонија (Скопје)“.

    Според грчкото Радио Скај, предлогот на посредникот на ОН предвидува името „Република Македонија (Скопје)“ да биде испишано на кирилица.

    За дневниот весник „Етнос“ предлогот е „изненадувачки“ и дека тоа е „предизвик“ од страна на САД и на Нимиц со оцена дека тој оцртува нова реалност во водените преговори.

    Атинскиот весник „Метро“ гледа на предложеното име како на можност за компромис, имајќи предвид дека содржи географска одредница. (МИА)



    -----------

    Бучковски за предлогот, Груевски бара подетална анализа
    Коле Чашуле
    10.10.2005


    Владата и официјално соопшти - најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц е позитивен за Македонија и тој е добра основа за решавање на спорот со Грција.

    Премиерот Бучковски изјави - дека и покрај тоа што предлогот е добар, државниот врв има одредени забелешки кои ќе му бидат испратени до нашиот амбасадор во Њујорк, кои треба да му ги пренесе на Нимиц.

    „На денешната средба на релевантните политички партии од опозицијата, која беше организирана кај претседателот Бранко Црвенковски, беа презентирани аргументите на Владата, но беа сослушани и сугестиите кои ги даваа опозиционите партии“, изјави Владо Бучковски, претседател на Влада на Република Македонија.

    „Забелешките кои ги дадоа опозиционите партии ќе бидат вградени во инструкциите кои ќе ги пренесе Министерството за надворешни работи“, додаде Бучковски.

    Но државниот врв не успеа да обезбеди политички консензус од поголемите партии. И покрај пет часовната жестока дискусија, Црвенковски и Бучковски не можеа да го убедат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, да даде безусловна подршка.

    За Груевски, предлогот на Нимиц имал одредени нејаснотии за кои ни самата Влада немала одговор. Тој и порача да не избрзува во соопштувањето на државниот став.

    „Владата ќе направи грешка доколку избрза со одговорот, без претходно детално да направи анализа за она што ни е понудено и да изврши пошироки консултации. Навистина не знам зошто толку се брза, имајќи во предвид дека Грција веќе го одби предлогот“, рече Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

    Според него, со овој предлог Македонија прави нови отстапки, односно се напушта двојната формула и се воведува нова тројна. Така што Груевски смета, дека позитивен одговор сега во ситуација кога Грција веќе го одби предлогот, може да биде штетен.

    ВМРО-Народна се согласува со владиниот став, дека во основа предлог е добар.

    „Предлогот на Нимиц има поедини точки за кои треба посериозно да се продискутира“, вели Весна Јаневска, в.д. претседател на ВМРО-Народна.

    Инаку, официјално никој не ја соопштува вистинската содржина на предлогот.

    Според неофицијалните информации, во основа тој значи - Република Македонија за внатрешна употреба и билатерални односи со земјите кои веќе не признале под уставното име, за Грција, Република Македонија - Скопје, Republika Makedonija напишано на латиница во меѓународни институции и ОН.



    ---------------

    For fair use only.

    NB: Neka sluzhi ovaa niza (topic thread) povekje kako zbirka za informacii i podatoci povrzani so temata otklku za raspravii (ushte pomalku od tipot prazni i nadvor od temata!).
    Last edited by Soldier of Macedon; 06-09-2021, 03:29 AM.
  • indigen
    Senior Member
    • May 2009
    • 1558

    #2
    Петковски: Македонија и Грција да потпишат договор
    Горазд Чомовски
    21.12.2010


    ДУИ инсистира САД и ЕУ да помогнат во постигнување на внатрешен консензус за името, а во истовреме да вршат притисок врз Скопје и Атина за што поскоро да се надмине дводеценискиот спор.

    Целта била да се претстави генералната позиција на оваа партија во однос на спорот, брифира истиот извор кој не кажува дали идејата за меѓународно посредништво му била презентирана на премиерот Груевски.

    По информацијата дека ДУИ предлага меѓународни олеснувачи да помогнат во градењето на државна стратегија за името НСДП со оценка, дека ваквата иницијатива може дополнително да ја продлабочи недовербата кај меѓународните фактори во способноста и капацитетот на Македонија, сама да се справува со проблемите.

    Затоа партијата на Петковски излезе со контра предлог Македонија и Грција да потпишат договор за пријателство и соработка.

    „Договор за пријателство и соработка со кој прецизно би ги посочиле нашите приоритети и обврски. За возврат од Грција веднаш би побарале да го признае македонското малцинство во Грција. Понатаму би побарале Грција да дозволи враќање во Грција на бегалците од граѓанската војна на сите лица од негрчко потекло и да се откаже од барањето Македонија да го смени Уставот“, изјави Тито Петковски.

    Пратеникот Стојан Андов кој подготви но, не помина пред народните избраници, државната стратегија за името, сугерира идејата на ДУИ да не се отфрла веднаш.

    „Дури и во говорот на претседателот Иванов стоеше дека е неопходна слога, слога, слога, по неколку пати нагласуваше. Ако е така треба сами да направиме.

    -Ако не можеме сами да направиме и некој ако ни помогне не е лошо. Колку пати на многу им се помогнало. На повеќе земји им се помогнало на тој начин. За решавање на спорот овде не се работи и никој не работи на тоа прашање“, вели Стојан Андов.

    Од МНР соопштуваат дека предлогот на Петковски од македонска страна бил покренат уште во 2008. година на Охридската средба на медијаторот Нимиц со преговарачите, но сите предлози биле веднаш одбиени.

    А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.


    For fair use only.

    Ima li ushte Makedonci koi ne razbiraat deka "nashite" politichari predlagaat (i rabotaat za) promena na drzhavnoto ime na Makedonija (za megjunarodna upotreba, vo najmala raka)?

    Comment

    • George S.
      Senior Member
      • Aug 2009
      • 10116

      #3
      Indigen if the politicians are stupid enough to play into the hands of the greeks what can the ordinary macedonian citizens do.Also what right have these politicians to sign things away i'm sure that they don't have a mandate to do it.What do you think of it all, as usual your articles are very thought provoking.You are right that macedonians still can't think the unthinkable as the politicians are doing it to them just like the changing of the flag to the ventilator.
      "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
      GOTSE DELCEV

      Comment

      • indigen
        Senior Member
        • May 2009
        • 1558

        #4
        број 21707 | вторник 9.6.2009
        Иванов: Народот да не се чувствува обесправено и обезличено

        Шефот на државата Ѓорге Иванов повтори дека Владата се залага за разумен компромис за името без да се наруши идентитетот.

        - Народот не треба да се чувствува обесправено, обезличено, со одземено право што го има секој што живее на оваа планета, правото на самоопределување и самоидентификување - рече Иванов.


        декември,2009

        Фазно решавање на спорот со името


        Спорот со Република Грција, поврзан со името на Република Македонија, го забавува и кочи процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ и НАТО, којшто има и непроценливи негативни импликации за севкупниот развој на Република Македонија, за добрососедските односи, како и за стабилноста на Балканот во целина.

        Досегашните преговори помеѓу Република Македонија и Република Грција не резултираа со конкретни резултати и сe уште нема предлози и идеи кои можат да бидат основа за компромис и затворање на овој повеќегодишен спор.

        Во пресрет на исклучително важните одлуки кои треба наскоро да бидат донесени од страна на Советот на ЕУ, како и отворената покана за полноправно членство во НАТО, сметаме дека треба да се направат сериозни напори и да се преземе дел од одговорноста за решавање на ова важно прашање, преку давање иницијативи и предлози, сe со цел да продолжат разговорите со Република Грција и да се деблокира Република Македонија во процесот на евро и нато интеграциите.

        Во оваа насока, сметаме дека не е можно „веднаш“ и „дефинитивно“ да се разреши овој 100-годишен спор, поради што предлагаме негово решавање во три фази и тоа:

        I ФАЗА

        Прифаќање на компромисно решение за името преку замена на референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“, односно прифаќање на решение за име за меѓународна употреба.

        Во оваа фаза се смета дека е апсолвирано прашањето сврзано со националниот идентитет и јазикот.

        По прифаќањето име за меѓународна употреба и неговата верификација во Владите од страна на Република Македонија и Република Грција, Република Македонија да биде примена во НАТО и да започнат преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

        По прифаќањето компромисно решение за името за меѓународна употреба, Советот на НАТО доставува покана за членство на Република Македонија во НАТО и во текот на една година, договорот за полноправно членство на Република Македонија во НАТО, се ратификува од страна на сите членки на Алијансата.

        Истовремено, Република Македонија ги започнува пристапните преговори за влез во Европската унија при што треба да се инсистира отворањето и затворањето на поглавјата да се одвива во скратени рокови, односно Република Македонија да биде ставена на своевидна “брза лента“ за да се постигне преговорите да завршат во најкус можен рок.

        Тоа значи дека во државата треба да се изгради општ консензус за потребните реформи, усогласување на законската регулатива и сл. Во оваа фаза, Република Грција треба да се обврзе да ја поддржи Република Македонија без било какви условувања, ограничувања или активности кои ќе го опструираат целиот процес.

        II ФАЗА

        Формирање заедничка Комисија за решавање на сите отворени прашања помеѓу Република Македонија и Република Грција, преку потпишување договори, а посебно за:

        а) опсегот на користење на името за меѓународна употреба;

        б) користење на зборот „Македонија“, односно демонополизација на географскиот поим Македонија;

        в) неменливост на границата и др.

        Во текот на втората фаза, преговорите за прием во ЕУ да течат без блокади, односно со поддршка од страна на Република Грција.

        Со одлуки на владите на Република Македонија и на Република Грција, се формираат мешовити комисии кои ќе започнат разговори за сите отворени прашања, при што ќе се подготват договори за разрешување на отворените прашања. Препорачливо е комисиите да бидат составени од експерти, кои ќе бидат растоварени од дневно–политички влијанија (рејтинг на партијата на која припаѓаат и сл.)

        Во оваа фаза битно е да се разговара за прашања кои ги оптоваруваат односите меѓу двете земји.

        Треба да се постигне договор за неменливост на границата, кој потоа ќе биде потврден од Советот за безбедност на ООН и истиот ќе се депонира во ООН.

        Едно од клучните прашања кое треба во овие рамки да се иницира да се разреши е опсегот на користење на името за меѓународна употреба, со инсистирање тоа име да се користи само во рамките на ООН и нејзините организации, без било какви инсистирања или препораки посебно кон државите кои имаат воспоставено дипломатски односи со Република Македонија под нејзиното уставно име, како и меѓународни организации, економски, културни, спортски и други, кои не се дел од ООН.

        Демонополизацијата на зборот “Македонија“ треба да биде предмет на посебен договор, при што двете држави го задржуваат правото да го користат овој термин без ограничување. Истото би се однесувало и за изведените именски и придавски форми од зборот “Македонија“. Тоа значи дека и натаму Република Македонија си ги задржува своите институции под сегашните називи (МАНУ, МРТВ и др.)

        Во оваа фаза посебно е битно Владата на Република Македонија да подготви прашања и теми кои ќе бидат предмет на разговорите, со целосно издржана анализа и аргументација.

        III ФАЗА

        На предлог на посредникот Метју Нимиц, донесување Резолуција од страна на Советот за безбедност на ООН за решавање на спорот, со анекси во кои ќе бидат опфатени постигнатите договори помеѓу Република Македонија и Република Грција.

        По донесувањето на Резолуцијата и исполнувањето на критериумите, Република Македонија да биде примена како полноправна членка во ЕУ.

        Целокупниот процес да се одвива под покровителство на посредникот назначен од страна на ООН, господинот Метју Нимиц, како и во соработка со ЕУ, САД и НАТО.

        Во подготовката на Резолуцијата треба да се вклучат домашни, но и експерти со светско реноме, се’ со цел наводите во Резолуцијата да бидат јасни и недвосмислени, без можности за подоцнежни различни толкувања.

        Од исклучителна важност во оваа фаза ќе биде навременото информирање на сите постојани членки на Советот за безбедност на ООН, при што од посебно значење е во графата за Република Македонија, националноста и јазикот да се дефинираат како македонски. Ова прашање мора да се расчисти, за да се елиминираат сите можности за подоцнежни поинакви решенија.

        За да се постигнат крајните резултати, овој процес треба да биде поддржан од ЕУ, САД и од НАТО, односно од сите држави-членки на овие организации.

        Трите фази претставуваат целина на еден процес, кој треба да заврши со носење Резолуција на Советот за безбедност и со верификација (потврда) на анексите, односно на договорите кои ќе бидат постигнати меѓу Република Македонија и Република Грција и истите ќе бидат составен дел на Резолуцијата.

        Скопје, декември, 2009

        Претседател
        Павле Трајанов



        број 21885 | петок 15.1.2010
        Идејата за фазно решавање на прашањето за името што ја предложи лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за Грција е целосно неприфатлива, смета премиерот Никола Груевски

        - Предлогот на Трајанов веројатно е добронамерен и го поздравувам, но според разговорите што ги имав досега со другата страна со Грција, тој е целосно неприфатлив и не сакаат да разговараат за тоа - изјави вчера Груевски.

        http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=21885

        Груевски: Предлогот за фазно решавање на спорот со името неприфатлив за Грција

        Скопје, 14 јануари

        Идејата за фазно решавање на прашањето за името што ја предложи лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, за Грција е целосно неприфатлива, смета премиерот Никола Груевски.

        - Предлогот на Трајанов веројатно е добронамерен и го поздравувам, но според разговрите што ги имав досега со другата страна со Грција, тој е целосно неприфатлив и не сакаат да разговараат за тоа, изјави денеска премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Центарот за катастар на недвижности во Скопје.


        Груевски најави дека за спорот со името ќе стане збор и на утрешната средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел.

        - Моите очекувања од средбата се да поразговараме за проблемот, да ги објаснам позициите на нашата и на другата страна, проблемите со кои се соочуваме и суштината за повеќе да разбере бидејќи, сепак, тој е нов на таа позиција, рече Груевски, псоочувајќи дека воедно на средбата ќе ја искаже волјата на македонската страна за решавање на спорот и за приклучување во НАТО, како и за продолжување со учеството во мисиите на Алијансата од кои државата не планира да се откаже и покрај грчките блокади.


        Македонија, потсети Груевски, ги презеде обврските, но се уште го нема добиено членството, не од причина што тоа не го дава НАТО, туку поради тоа што има блокада од Грција.


        - И во иднина ќе се фокусираме со таа членка на НАТО да најдеме решение, а секако разбирањето од страна на генералниот секретар на Алијансата ќе ни помогне во тие работи, рече Груевски.


        Коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата во врска со Уставниот суд, претседателот на македонската Влада рече дека нема никава намера да менува какви било ингеренции на Судот, туку напротив се што може да помогне за зајакнување на неговиот капацитет.

        Интензивирање на соработката и размена на искуства, договорија денеска министрите за правда на Македонија и Словенија, Блерим Беџети и Сенко Пличанич, по нивната средба во Скопје.

        Comment

        • indigen
          Senior Member
          • May 2009
          • 1558

          #5
          Време, број 1869, 14.01.2010

          КОЈ СТОИ ЗАД ПРЕДЛОГОТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ВО ТРИ ФАЗИ?
          Што Груевски нуди, Трајанов предлага


          Ана Анастасовска Игор Чавески

          Предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, за фазно решавање на спорот со Грција, е всушност предлог на Владата и тој е доставен неодамна до посредникот од ОН, Метју Нимиц, дознаваме од извори блиски до Владата. Трајанов потврди дека го испратил предлогот до Нимиц и очекува деновиве да добие одговор. Претходно на неговиот предлог позитивно реагираа и европретставниците Оли Рен и Жозе Мануел Баросо и го оценија како интересен и конструктивен. Трајанов го презентирал овој предлог и на грчките претставници во Скопје и вели дека нивните реакции, исто така, биле поволни. Според нашиот извор, тоа што е неизвесно е дали Грција ќе го прифати таквиот предлог. Како што дознаваме, Владата не сака да се изјасни јавно и да застане зад предлогот што го промовира Трајанов, наводно, за да не се нарушел преговарачкиот процес. Познавачите коментираат дека Владата го користи Трајанов за да го испита пулсот на јавноста пред да излезе со јасен став. Трајанов оценува дека во моментов постои идеална шанса Македонија да преземе иницијатива и да понуди конкретен предлог за решавање на спорот. - Ова е првпат од Македонија да биде испратен предлог за решение на спорот до посредникот Нимиц. Досега македонската влада само ги слушаше и ги одбиваше предлозите на Грција. Очекувам посредникот наредниве две недели да ми испрати одговор со мислење за предлогот, да го разгледа истиот и да го модифицира, така што ќе биде прифатлив за двете страни. Дури потоа Нимиц може да им го презентира и на Грција и на Македонија - објаснува Трајанов. Според предлогот, спорот со името треба да се решава во три фази. Првата фаза предвидува да се дојде до компромисно решение за името на државата за меѓународна употреба, по што Македонија треба да биде примена во НАТО и да почне преговори за полноправно членство во ЕУ. При отворањето на поглавјата во преговорите, земјава треба да се стави на т.н. брза лента, да ги заврши преговорите во најкус можен рок, а Грција треба да се обврзе да ја поддржи Македонија без какви било ограничувања. Втората фаза предвидува да се состават комисии од двете земји кои ќе ги решат сите отворени прашања со потпишување договори. Тие прашања треба да ја опфатат рамката на употреба на меѓународното име, демонополизација на употребата на името „Македонија“, а треба да се потпише договор за неменливост на границата меѓу двете земји. Во третата фаза се предвидува, на предлог на посредникот Нимиц, да се донесе резолуција од страна на Советот за безбедност на ООН за решавање на спорот, со анекси во кои ќе бидат опфатени постигнатите договори меѓу Македонија и Грција.

          [....]


          Сериозен предлог


          Пратеникот Павле Трајанов очекува дека партиите наскоро и јавно ќе се изјаснат за неговиот предлог. Тој објаснува дека пратениците позитивно го оцениле тоа што тој го предлага, но не сакаат први да излезат со став. Владо Бучковски од СДСМ позитивно го оценува предлогот на Трајанов.

          - Се гледа дека е вложен сериозен напор од страна на Трајанов. Потребно е да се дебатира за овој предлог и да се постигне заеднички консензус – изјави Бучковски.

          Андреј Жерновски од ЛДП вели дека тоа што е важно е Груевски да излезе јавно и да понуди предлог и став за решение на спорот со името. Од ДУИ не сакаа да го коментираат предлогот на Трајанов објаснувајќи дека не го виделе, а од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека сите предлози и идеи за решавање на спорот за името се добредојдени.

          Comment

          • indigen
            Senior Member
            • May 2009
            • 1558

            #6
            Gruevski's MFA is proposing the following sell out deal:

            ГРЦИЈА СЕ ОДНЕСУВА ИРАЦИОНАЛНО
            Скопје, 8 Октомври 2010 година

            Интервју на Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, за германскиот дневен весник, “Suddeutsche Zeitung”

            Г-не Милошоски, во секое интервју прво Ве прашуваат за спорот со Грција околу името. Нели ви е жал за тоа?

            - О да! И и тоа е навистина еден ирационален спор, тешко разбирлив за сите. Една приказна за Давид и Голијат, во која ние сме Давид.

            Во Јоргос Папандреу, Грција доби еден реформистички премиер, Ви дава ли тоа одредена надеж?

            - Да, Папандреу остварува средби со нашиот Премиер на повеќе меѓународни форуми и собири, порано такво нешто не беше возможно. Со Папандреу добивме повеќе фотографирање и насмевки, подобри зборови, но не и реално придвижување. Грција зборува за национална црвена линија. Црвената боја не е боја на компромисот. Атина бара да ги промениме нашите пасоши, интернет страниците, декларацијата на виното кое го извезуваме во Германија, при што истото не смее да се именува како македонско! Тоа е ирационално.

            И што може да направи Македонија?

            - Ние немаме соодветна „тежина„ да и се спротивставиме на Грција. На тој начин, нашата европска перспектива е ставена во заложништво. Исто така, на Самитот на НАТО во Букурешт, 2008 година, Грција стави вето на приемот на Македонија иако согласно Времената спогодба, постои член со кој нашето зачленување во меѓународни организации не смее да се блокира доколку притоа се користи привременото име. Затоа, поведовме соодветна постапка заради прекршување на оваа Спогодба пред Меѓународниот суд во Хаг и очекуваме соодветна одлука во врска со валидноста на Спогодбата.

            Но, што тогаш би било можен компромис за кој зборувате?

            - Ова е и за нас многу емоционално прашање и за негово решавање мора да се добие согласност од јавноста на референдум. Според последните испитувања на јавноста, 67% од неселението отфрла било каква промена на името, а само 24% се флексибилни.

            Значи изнаоѓањето на решение ќе биде многу тешко.

            - Но, не и невозможно, кога политичките елити, владата и опозицијата ќе бидат во таквото решение убедени. Ние ги плаќаме трошоците околу спорот и ние сакаме истиот да се надмине.

            Од НАТО Самитот во ноември не очекувате некаков сигнал?

            - Не, но имаме еден предлог. Кога ние би направиле голема национална отстапка со цел да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, мораме да бидеме сигурни дека Грција нема повторно да не блокира по четвртото или десеттото поглавје. Затоа, треба двата процеси паралелно да се одвиваат, така што дури по официјалниот прием на РМ во ЕУ би важело новото име. На тој начин, можеме да ја надминеме недовербата во целиот случај.


            Велите Грција се однесува нерационално. Зошто тогаш во Скопје се поставуваат се повеќе статуи од Александар Велики? Тоа во Атина се сфаќа како провокација.

            - Јас бев уште дете кога Македонија пред 20 години стана независна. Во тоа време не бевме толку концентрирани кон антиката. Но, колку повеќе Грција ја претставуваше историјата како забрането овошје за нас, толку поголема беше мотивацијата да се каже дека и ние не сме народ без корени. Тоа е веројатно комплекс на малите нации, мислам дека национализмот на едната страна може исто така да го разбуди национализмот на другата страна.


            А, учебниците со карти од голема Македонија?

            - Јас се образував во Македонија и никогаш не сум учел такво нешто. Грција се обидува да шири конфузија со тврдењата дека Македонија има територијални претензии. Тоа е толку смешно како некој да каже дека Луксембург има територијални претензии кон Германија. Ние имаме само 8.000 војници и 8 хеликоптери и во изминативе 20 години никогаш не сме имале безбедносен проблем со Грција.

            Постои ли, според вашите согледувања, стремеж кај албанското малцинство во Македонија за креирање на една голема Албанија?

            - Со зачленувањето на Албанија во НАТО, идејата за голема Албанија е исцрпена. Ниту една НАТО држава нема да дозволи и дискутира за промени на граници. Тоа е добро за целиот регион.

            Во Европа е актуелна дебатата за улогата на муслиманите. Како вие гледате на тоа? Во вашата земја има мешано население.

            - Во Македонија исламот не е новост, јас сум со тоа израснат. Ние сме се за модел на интеграција без асимилација. Тоа не е секогаш идеално, но функционира. Постои соодветно почитување, но и одредени предрасуди. Во Германија како и во Европа, исламот е нешто ново, странско, непознато. Но, можеби треба германското општество да го заборави и отфрли зборот Gastarbeiter “гости работници“, бидејќи има семејства кои се присутни овде 40 години, заедно со културата и традицијата во своите домови и тоа ќе остане така за секогаш. Затоа поларизацијата на едно општество не е решение и со популизмот се остваруваат само краткорочни добивки.

            Comment

            • indigen
              Senior Member
              • May 2009
              • 1558

              #7
              Груевски: Евентуалниот компромис да не биде срам за граѓаните
              Среда, 29 Декември 2010


              Во понеделникот на 27.12.2010 година на Канал 5 телевизија гостуваше премиерот на Република Македонија, Г – дин Никола Груевски во емисијата X-0 кај Роберт Поповски.

              За време на интервјуто беа поставени многу прашања кои се во моментов од круционално значење за државата. Едно од прашањата нормално беше и прашањето за името.

              Груевски истакна дека граѓаните на Република Македонија веќе никој неможе да ги манипулира и лаже околу прашањето со името, како што тоа се правело во изминатиот период на некој други влади, бидејќи денес граѓаните се информирани за секој чекор што македонските власти го превземаат околу ова прашање.

              Премиерот уште еднаш го повтори ставот дека доколку дојде до некаков компромис со Грција и до некакво взаемно прифатливо решение околу името, за тоа решение ќе бидат прашани граѓаните на референдум.

              Груевски на прашањето: Дали македонската влада има намера да ги прекине преговорите со Грција, тој накратко одговори дека тие немале намера да го сторат тоа и покрај тоа што се е поголем бројот на граѓани кој тоа го бараат, бидејќи секоја сериозна држава која има за цел да ја види својата држава во ЕУ и НАТО не треба да ги прекинува преговорите и покрај тоа што тие се наметнати.

              На прашањето зашто во 2008 година биле распишани предвремени избори и покрај тоа што сите меѓународни фактори за тоа рекоа дека не е паметна одлука и дека во тој момент имаме огромна подршка од Бушовата администрација и лично од претседателот Џорџ Буш, Груевски на тоа одговори дека во тој момент опозицијата во Македонија на чело со СДСМ во Собранието ја кочеше процедурата за донесување на над 150 важни закони, а тоа што во тој момент Македонија имаше огромна подршка од САД, тој рече дека мора да признаеме дека тогаш претседателот Буш беше пред заминување и дека до крајот му останувале уште само 4 – 5 месеци со што Груевски не верува дека во толку краток период може да дојде до било какво решение за толку важно прашање.

              Премиерот беше запрашан и за споменикот на Александар Македонски кој е дел од проектот „Скопје 2014“, тоа дека овој споменик бил голема провокација за Грчката влада и дали тој смета дека ова беше вистинското време за поставување на овој споменик, тој на ова прашање одговор дека тој лично не смета дека ова е било каква провокација и дека владата на Република Македонија немала намера никого да провоцира и дека никој нема право да го присвои за свој Александар Македонски, бидејќи тој е еден од најпознатите историски ликови, човек кој припаѓа на светската историја и најголем војсководец на сите времиња.



              ------------

              Милошоски: Нова посета на Нимиц може да го динамизира спорот за името
              Среда, 29 Декември 2010


              Македонско-грчкиот дијалог околу спорот за името, претстојните реформи во администрацијата и судството, унгарското и полското претседавање со Европската Унија и македонско-грчкиот судски случај во Хаг биле главните теми на состанокот на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.

              Милошоски изрази задоволство од состанокот и посочи дека нова посета на медијаторот Метју Нимиц може да помогне во зголемување на динамиката во прашањето за името

              - Во овој контекст и амбасадорите ќе бидат запознаени со политичката волја во Република Македонија и кај македонската влада за продолжување на интензитетот на македонско-грчкиот дијалог поврзан со спорот наметнат од страна на Република Грција, во тој контекст за охрабрување и зголемен интензитет на активностите на посредникот Метју Нимиц кој има мандат од Генералниот Секретар на ОН. Ние би сакале господинот Нимиц да го видиме како наш гостин, се разбира доколку тоа е возможно исто да се организира и од страна на официјална Атина, рече Милошоски.

              Министерот информираше дека во брзо време Нимиц може да ги повика претставниците на двете земји на разговори:

              - Имаме најава од нашиот специјален претставник по ова прашање во Вашингтон дека господинот Нимиц, во следните денови, можно е да ги повика или да ги покани двата претставника Јолевски и Василакис на разговори. Дали до таква средба ќе дојде сепак зависи од одговорот на грчката страна, бидејќи македонската страна веќе одговори позитивно дека сме расположени за таква средба на која би се продолжил македонско-грчкиот дијалог, изјави Милошоски.

              Милошоски додаде дека амбасадорите ќе добијат инструкции да бидат активни, ангажирани и одговорни во својата активност и Македонија да ги унапредува билатералните односи на меѓународен план во сите сфери.

              Статусот на мисијата ОБСЕ во земјава, регионална соработка и прашањето на Косово, кандидатури на Македонија во меѓународни организации, календар на билатерални посети за следната година, економската дипломатија година биле останати теми на разговор на состанокот.


              Поврзани вести

              * Нимиц без нов предлог, очекува дијалог меѓу властите на двете страни
              * Делавекурас: Грција се залага за влез на Македонија во ЕУ, но прво да се реши спорот
              * Најавени приоритетите на новиот амбасадор во Грција – Сашко Стефков
              * 77,9 проценти од македонските граѓани би подржале референдум за влез во ЕУ
              * Бан Ки-мун: ОН го почитуваат македонскиот јазик

              Comment

              • indigen
                Senior Member
                • May 2009
                • 1558

                #8
                Name Games Nov 1992 and April 1993 (image files approx 1MB total)



                guardian_17_11_1992.jpg



                guardian_24_11_1992.jpg



                im_1_4_1993.jpg



                wa_10_4_1993.jpg

                Comment

                • indigen
                  Senior Member
                  • May 2009
                  • 1558

                  #9
                  Грчка лажга

                  Козите во градината Македонија се оние од „Генекс“. Во левицата, сите се такви. Но видете колку ги има во десницата. Тие се оние што се обидуваат да и се додворат на Европа, сметајќи дека е неморална како нив, и прво со Привремената согласност 1995 година, а сега со тужбата, ја нудат Македонија како курбан за нивните филистерски потреби и навики

                  […..]

                  Едо Равникар („УДБОМАФИЈА“, Љубљана, 1994), вели дека откако напишал за „Генекс“ во контекст на УДБОМАФИЈАТА, застанал и чекал да почнат да пливаат лешеви. Но дури после му станало јасно дека народот не знае што е „Генекс“ (удбашка фирма). Така и мене ми стана јасно дека народот не знае што е иус цогенс. Аристотел вели дека човекот размислува во слики („Спис за душата“). Па еве една слика за иус цогенс. Грк и Македонец се договараат, Гркот да му даде милион долари на Македонецот. Овој има 15 години да ужива во трошењето и потоа треба да се обеси. Македонецот се изнауживал 15 години, ги потрошил сите пари, дури направил и солидна мала фирма што му носела пристојни приходи. Бидејќи не се обесил, Гркот го потсетил на договорената обврска. Овој не сакал да се обеси. Гркот не може да го тужи и да бара судот да му наложи да се обеси. Доколку ја направи таа глупост, тој ќе биде обвинет за кривично дело поттикнување самоубиство и ќе заврши во затвор.

                  Така и Македонија: иако со Привремената согласност е договорено да се обеси (компромис), правото на самоопределување е иус цогенс и има дејство ерга омнес (спрема сите), па како што судот ќе ја одбие тужбата на Гркот што дал милион долари за самоубиство и ќе биде ставен во затвор, така и Грција, доколку ја тужи Македонија за да си го смени името, ќе биде одбиена.

                  […..]

                  Значи козите во градината Македонија се оние од „Генекс“. Во левицата, сите се такви. Но видете колку ги има во десницата. Тие се оние што се обидуваат да и се додворат на Европа, сметајќи дека е неморална како нив, и прво со Привремената согласност 1995 година, а сега со тужбата, ја нудат Македонија како курбан за нивните филистерски потреби и навики. Во оваа нехигиенска постапка, оние од „Генекс“ внесоа млади луѓе, чија македонска волја не е оштетена, но се ставени во заблуда со лажгата.
                  И за крај: најкратко логички да го докажам овој текст.

                  Тужбата на Владата ја крши логичната доследност во форма на игноратио еленцхи (непознавање на спорната точка). Оваа грешка ја прават оние што немаат чувство за тоа што е најважно. Владата смета дека најважно е Грција да не ја попречува Македонија во зачленувањето. Јас сметам дека најважно е иус цогенс. Доколку сум во право дека правото на самоопределување важи ерга омнес, тоа значи по пресудата на Меѓународниот суд на правдата ќе мора и членките на ЕУ да нé признат како и оние 129 држави.

                  Авторот е адвокат и судски преведувач

                  Автор: Марјан Попески



                  For fair use only.


                  NB: ius cogens (Google search result)

                  Comment

                  • indigen
                    Senior Member
                    • May 2009
                    • 1558

                    #10
                    Originally posted by Makedonska_Kafana View Post
                    UK government joined forces with US to overcome name row between Greece and Macedonia: Wikileaks

                    London, 5 February 2011 (MIA) - The British government has been engaging and will continue to engage with senior Greek leadership to encourage Athens to be more flexible in its position on the Macedonia name issue, Wikileaks reveals as it releases details from a confidential cable sent by the US embassy in London to Washington in April 2008, which have been published on the website of "Daily Telegraph".

                    Citing a discussion with ex-Foreign Office official Adam Bye responsible for Balkan countries, the cable says that the British Ambassador to Greece had met with Foreign Minister Dora Bakoyannis on April 14 where he noticed "a little improvement of Greece's position" in terms of the usual explanation that "Skopje refuses to be flexible and that Greece has worked as hard as it could within the UN mediating process," MIA's correspondent reports from London.

                    At the meeting, Bakoyannis also added that progress was unlikely before the June 1 early elections in Macedonia.

                    According to British diplomat Bye, who is quoted in the US cable, the government in London was engaged with the US administration to find a way out of the "Greece-Macedonia impasse" and its impact on the NATO membership, the Balkan stability and in the longer term, EU unity.

                    Talking to the US diplomat who sent the cable, the British official said London would continue supporting US efforts to remove the Greek blockade on Macedonia's accession to NATO and that UK would lobby other EU members to exert influence on Athens.

                    "UK shares the US desire that this issue be resolved within the next few weeks, but it is more likely to require a 'sustained push' at least until the Macedonian elections on June 1," Adam Bye has said.

                    Furthermore, he confirmed that ruling and opposition parties had been urged not to politicize the name issue or appeal to nationalistic instincts to gain support during the election campaign.

                    A separate document, titled "NATO, Macedonia, Invitation: UK Efforts Fail to Move Athens", sent by the US embassy in London on 4 Feb. 2008, unveils a statement by the Foreign Office political director Mark Lyall Grant that high-level UK intervention with Greece, including an appeal from FM David Miliband to his Greek counterpart Dora Bakoyannis at an EU meeting, had failed to shift Athens off its hard-line position.

                    Lyall Grant discussed the matter also with then US assistant state secretary Daniel Fried.

                    The UK's view is that now that Macedonia has accepted a compromise name proposed by UN envoy (Matthew) Nimetz, maximum pressure must be brought to bear on the Greeks, reads the document.

                    Lyall Grant said it was unclear whether Greece was using the name issue to block any Macedonian accession to either EU or NATO, or whether a modifier currently unacceptable to Skopje - such as "Upper Macedonia" or "Northern Macedonia" - would mollify the hard-liners in Athens. According to Grant, it would likely require head-of-government level intervention at the Bucharest NATO summit to move the issue. He also noted that Paris could be problematic, given ongoing French-Greek military contract negotiations.

                    In the document released by Wikileaks, it is stated that UK will resume efforts to settle the issue in coordination with the US and other like-minded allies. ba/fd/17:08

                    ###
                    Мартиновски: Македонија во 2008. прифати предлогот на Нимиц да се стави на референдум


                    „Она што во повеќе наврати е кажано и од самиот премиер, како и од други државни претставници, е дека пред НАТО Самитот во Букурешт во 2008 година, македонската страна прифати предлогот кој што тогаш беше даден од медијаторот Нимиц,...“, изјави портпаролот на Владата Мартин Мартиновски.

                    - Тој принцип како што беше до сега, останува и во иднина, односно референдумот на кој што граѓаните ќе излезат и ќе се изјаснат останува како основен механизам државата да прифати одреден предлог за надминување на спорот за името, истакнува Мартиновски во врска со документот обелоденет од Викиликс, во кој се наведува став на Велика Британија пред Самитот на НАТО во 2008 година дека Македонија прифаќа компромисно име што би било предложено од посредникот на ОН Метју Нимиц, и оти максимален притисок мора да се изврши врз грчката страна.
                    05.02.2011, 17:04
                    Канал 5 телевизија како една од водечките телевизиски куќи во Македонија, од 1998 година на малите екрани до гледање онлајн денес, известува за најновите вести од Македонија, регионот и светот.

                    Comment

                    • indigen
                      Senior Member
                      • May 2009
                      • 1558

                      #11
                      Груевски прифатил компромисно име
                      Сашка Цветковска
                      05.02.2011 18:31

                      Македонија прифатила компромисно име пред самитот во Букурешт , но Грците не го бендисале - ова се вели во два документа на Викиликс, а ги објавува британскиот весник Телеграф.

                      Документите, и двата од април 2008-тата пренесуваат став на американската амбасада во Лондон. А во преписката се вели

                      Сега кога Македонија го прифати предлогот на Метју Нимиц , потребно е да се изврши максимален притисок за тој да биде прифатен и од Грците.

                      Од Владата не ја негираат веродостојноста на Документите на Викиликс. Се што кажаа денес е дека секој решение од медијаторот Нимиц ќе одело на референдум.

                      Извори за А1 велат дека станува збор за предлогот Република Македонија - Скопје. Во 2008тата на самитот на НАТО во Букурешт беа премиерот Никола Груевски и тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

                      А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.



                      Македонија во 2008 прифатила предлог на Нимиц кој требало да се стави на референдум
                      Сабота, 05 Февруари 2011

                      Она што во повеќе наврати е кажано и од самиот премиер, како и од други државни претставници, е дека пред НАТО Самитот во Букурешт во 2008 година, македонската страна прифати предлогот кој што тогаш беше даден од медијаторот Нимиц, стои во денешното соопштение портпаролот на Владата Мартин Мартиноски.

                      vlada-rm-240Врз основа на информациите објавени на Викиликс, а во врска со долгогодишниот спор за името на Македонија, владиниот портпарол со свој став во кој се наведува дека доколку предлогот бил прифатен и од грчката страна истиот требало да се стави на референдум и за него да се изјаснат граѓаните на Република Македонија, онака како што е запишано и во самата програма по однос на ова прашање.

                      Тој принцип како што беше до сега, останува и во иднина, односно референдумот на кој што граѓаните ќе излезат и ќе се изјаснат останува како основен механизам државата да прифати одреден предлог за надминување на спорот за името, стои во соопштението.

                      Comment

                      • makedonche
                        Senior Member
                        • Oct 2008
                        • 3242

                        #12
                        Nai golemo sramota cludeno na tilo na site Makedonci!
                        On Delchev's sarcophagus you can read the following inscription: "We swear the future generations to bury these sacred bones in the capital of Independent Macedonia. August 1923 Illinden"

                        Comment

                        • George S.
                          Senior Member
                          • Aug 2009
                          • 10116

                          #13
                          Whil'st the macedonian side has capitulated the greek side is not giving anything away.I'ts a complete disgrace & let down it's a sellout.What referendum they are just ignoring everything & have allrewady capitulated.Indigen thanks for highlighting this the macedonian government is playing into the hands of nimmitz.We have all been screwed many times before we never had a chance.
                          "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
                          GOTSE DELCEV

                          Comment

                          • indigen
                            Senior Member
                            • May 2009
                            • 1558

                            #14
                            Македонија има покажано конструктивност, но истата не е прифатена од Грција
                            Сабота, 26 Февруари 2011

                            На интернет страна на Обединетите нации е објавено писмото кое што министерот за надворешни работи Антонио Милошоски го испратил пред десеттина дена до Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

                            milosovskiiii-222-500

                            Во писмото било наведено дека македнската страна има покажано добра волја и многу поголема конструктивност во врска со решавањето на деценискиот спор со името. Во писмото се нагласува дека Македонија има прифатено неколку предлози од медијаторот Нимиц кои требало да бидат основа за изнаоѓање на компромис со Грција. Меѓу тие предлози бил и името Република Македонија - во заграда Скопје, име што Македонија го прифатила пред Самитот на НАТО во Букурешт во март 2008-ма, се истакнува во писмото.

                            Македонија била принудена и прифатила, симболот сонце од Вергина да не биде изгравиран на лавовите поставени на мостот Гоце Делчев. Отстапката е направена по реакција на грчката канцеларија за врски во Скопје, во ноември лани. Нивниот аргумент бил дека со ова Македонија го крши членот 7 од привремената спогодба од 95- та, се истакнува во писмото.

                            Шефот на дипломатијата денес истакна дека во писмото било наведено дека Македонија има покажано поголема конструктивностза разлика од спротивната страна.


                            -Писмото значи одговор со аргументи и факти во кој што се покажува пред Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и пред земјите членки на Обединетите нации дека Македнија е страната која што направила многу компромиси и покажала добра волја за да се надмине овој билатерален спор, но поради непопусливоста на Грција и поради нивната позиција на црвени линии, кои не дозволуваат флексибилност и прегматичност, овој спор сеуште не решен, изјави Милошоски.

                            Тој истакна дека се прават напори да се стигне до можно решение на спорот со името и нагласи дека истото ќе биде предмет на национално изјаснување.

                            Македонско грчкиот спор во државава е национално прашање и ние стоиме на позициите дека изјаснување на референдум е начинот на кој што најлегитимно секој граѓанин би се изјаснил околу евентуалното разрешувањена овој спор, истакна Милошоски.

                            Ова писмо ќе послужи како аргимент пред целата меѓународна јавност за тоа дека Македнската страна има покажано многу повеќе конструктивност, но истата не била доволна за да бидет прифатена од другата страна, нагласи Милошоски.



                            Shto da se ochekva od DUPENITE (gorno i dolno!) ni "patrioti" - Ramkovisti?

                            Comment

                            • indigen
                              Senior Member
                              • May 2009
                              • 1558

                              #15
                              Бичиклиски: Црвенковски го смени името без да го праша народот
                              Понеделник, 28 Февруари 2011 16:18

                              Денеска сме сведоци дека медиумските и партиски политички привезоци на СДСМ, заедно во хор се обидуваат да го спасат Бранко Црвенковски од срамот кој самиот си го нанесе, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски на денешната прес-конференција.

                              dokument-500

                              Во продолжение следи интегрално прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

                              Во недостаток на храброст за предвремени избори, се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста кон други теми.

                              Денеска и СДСМ и сите негови медиумски и партиско политички потрчковски, покажаа колку се бесрамни и ниски.

                              Да потсетиме дека најмалку петстотини пати и Претседателот на Владата г. Никола Груевски и министерот за надворешни работи г. Антонио Милошовски, повторија дека секое можно предлог решение треба да оди на референдум.

                              Оваа гарнитура ако е позната по нешто, тогаш е позната по ова прашање.

                              Овој став дека секое можно предлог решение ќе оди на референдум е промовиран уште во 2005-тата година, кога ВМРО-ДПМНЕ не ни беше на власт.

                              Наспроти тоа во деведесетите години Бранко Црвенковски сам и без консултации со партии и институции и секако без да помисли да го праша народот, го смени името на Република Македонија во БЈРМ, со ветување дека таа промена ќе трае само два месеци.

                              Тој истиот Бранко Црвенковски во изминатиот период, бесрамно ги саботираше позициите на Владата по однос на ставот дека ова прашање мора да оди на референдум.

                              Ние нема да дозволиме било кој и поради било кои причини, да ја саботираат идејата за референдум.

                              Беден, безобразен и низок е обидот на СДСМ да го отргне вниманиет од идејата за предвремени избори.

                              [...]

                              Ова што го држам во рака е писмено обраќање на Претседателот на Владата г.Никола Груевски до македонскиот Парламент, дадено по завршувањето на самитот во Букурешт, а пред предвремените избори.

                              Во ова обраќање на осмата страна прецизно се гледа што г. Никола Груевски кажал на оваа тема.



                              For fair use only.

                              Бичиклиски: Црвенковски го смени името без да го праша народот
                              I SEGA Dpmne odi pred MSP (ICJ) i bara od sudot toj istiot PREDAVNICKI CIN da bide sproveden vo celost od strana na Grcija a tie doma dokazaa na delo deka do posledna tocka go prifakjaat i "uspesno go sproveduvaat".

                              Овој став дека секое можно предлог решение ќе оди на референдум е промовиран уште во 2005-тата година, кога ВМРО-ДПМНЕ не ни беше на власт.
                              Javni predavnici ama narodot pak glupavo glas za nim!

                              Koga i Sdsm prifakja "referendum za samoubistvo" na makedonkiot nacionalen entitet, nema mnogu razlika pomegju nim i Dpmne.

                              Narode Makedonski, so kakvi idei si ti, dosta bese, razbudi se, svesti se ne spij ti!
                              Last edited by indigen; 06-11-2011, 11:49 PM.

                              Comment

                              Working...
                              X