a1 tv Stopped Airing

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    a1 tv Stopped Airing

    А1 телевизија престана да емитува програма согласно Законот за електронски комуникации.

    - Со решение донесено од Основниот Суд Скопје 2 Скопје, е отворена стечајна постапка над „Трговското радиодифузно друштво А1 телевизија Дооел Скопје – во стечај“ со седиште на ул. „Перо Наков“ број 60, Скопје. Во член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност е утврдено дека дозволата за вршење на радиодифузна дејност престанува да важи по сила на закон во случај на стечај или ликвидација, соопшти вечерва Агенција за електронски комуникации.

    Имајќи ја предвид одредбата од член 74 став 1 точка г од Законот за електронските комуникации во која е утврдено дека „одобренијата за користење на радиофреквенции по сила на закон престануваат да важат со престанок на важење на дозволата за вршење на радиодифузна дејност“.

    Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, како што стои во соопштението, вчера донел Решение со кое престануваат да важат одобренијата за користење на радиофреквенции во радиодифузната дејност издадени од Агенцијата за електронски комуникации на корисникот „Трговско радиодифузно друштво А1 телевизија Дооел Скопје – во стечај“.

    Во соопштението се наведува дека по доставувањето на Решението со кое одобренијата за користење на радиофреквенции престануваат да важат денеска „Трговско радиодифузното друштво А1 телевизија Дооел Скопје – во стечај” согласно законот го прекина емитирањето на програмата во етер.

    izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...glasno-zakonot

    A1 телевизија престана да зрачи во етерот

    По 18 години емитување телевизиска програма вечерва згасна сигналот на а1 телевизија.



    Според соопштението од Агенцијата за Електронски Комуникации сигналот на А1 вечерва прекинал откако телевизијата го испочитувала решението на директорот на агенцијата кој донесол решение со кое престануваат да важат одобренијата за користење на радиофреквенции во радиодифузна дејност. Од агенцијата за електронски комуникации објаснуваат дека по сила на закон престанува да важи дозволата за вршење на радиодифузна дејност по отворената стечајна постапка за а1 од страна на основниот суд Скопје 2. Согласно законот за електронски комуникации по престанокот на дозволата за радиодифузна дејност престанува да важи и одобрението за користење на радио фреквенции преку кои се емитува програмата.

    А1 отиде во стечај откако стечајниот управник утврди дека телевизијата должи над триесет милиони евра на државата и други доверители. Судот пред 5 дена донесе одлука за стечај на телевизијата во сопственост на Велија Рамковски. Против него и против други дваесетина вработени во фирмите на Перо Наков блиски на Рамковски во моментов се води кривична постапка за низа кривични дела меѓу кои и даночно затајување.

    izvor:http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=78305
    Last edited by DedoAleko; 07-30-2011, 05:30 PM.
Working...
X