View Single Post
Old 05-06-2021, 12:27 AM   #629
Soldier of Macedon
Senior Member
 
Soldier of Macedon's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Location: Macedonian Outpost
Posts: 13,395
Soldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond repute
Default

Basically, the EU indicated that Albania's accession aspirations may be treated separately if Macedonia doesn't come to an agreement with Bulgaria. In response, Zaev stated that we don't need the EU at the cost of the Macedonian identity and language, a supposed expression of patriotism which is obviously disingenuous. Whatever the motive, it will be interesting see how this northadonian traitor worms his way of an increasingly desperate situation.
Quote:
https://kanal5.com.mk/zaev-ne-ni-tre...-jazik/a473344

Заев: Не ни треба Европската унија по цена на македонскиот идентитет и јазик

Не ни треба Европската унија по цена на македонскиот идентитет и јазик ова утринава го изјави премирот Зоран Заев кој со министерот Спасовски вршеа увид на реновираниот објект на ОВР Ресен.

Според него Комисијата за историски праша со Бугарија мора да ги лоцира историските периоди и личности кои ќе не зближат. Ова следи по најавата од еврокомесарот Вархеји дека доколку нема договор меѓу Македонија и Бугарија, постои опција Албанија да биде издвоена од пакетот со Македонија. По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот и кој тогаш ќе влезе во ЕУ? Тоа сме го кажале и досега. Така ги постигнавме и големите договори, штитејќи ја нашата национална посебност – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што е тоа право на самоопределување, тоа е чувство и не постои договор којшто го договара начинот како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. А тоа е и европска вредност, рече премиерот Зоран Заев во однос на спорот со Бугарија и европерспективата на земјава. За пораките од ЕУ и САД, Заев смета дека тие ни се пријатели и стратешки партнери кои се тука да разработат креативи и идеи, да споделат со нас искуство и слично, но, нагласи – наша е одлуката и ние ја носиме. Иако Бугарија повторно ќе оди на парламентарни избори, тој се надева дека, сепак, може да изнајдеме решение со привремената Влада која ќе ја постави претседателот Румен Радев.

– Затоа што очекуваме, секако, да бидат одговорни политичари со кои ќе можеме да седнеме и да изнаоѓаме решение. Проблемот е нерационален, и мора да најдеме решение. Интерес и на Бугарија е Македонија да биде членка на Европската Унија и да се интегрира во меѓународните организации како што е ЕУ. Тоа е во интерес и на бугарскиот народ, не само на македонскиот. И од тој апсект верувам дека ќе го изнајдеме решението, нагласи Заев. До решение со Бугарија смета дека треба да се дојде на европски начин на размислување и драго му е, рече, што и Бугарија „признава и кажува дека тие немаат проблем со реалноста за македонскиот јазик и за македонскиот народ".

-Но велат: „Ајде да ги утврдиме корените". Ќе ги најдеме и корените ако бидеме паметни на европски начин. Затоа што сите ние сме почитувачи на нашето минато, но сме обврзани да ја креираме нашата иднина. Колку што е можно подобро. Регионот ни е мал и мали ни се земјите и колку повеќе се сплотиме, толку повеќе благодат ќе почувствува народот, истакна Заев одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Ресен. Посочи дека и двете страни, македонската и бугарслата, прифатиле дека имаме и споделуваме заедничка историја, како што целиот Балкан со векови наназад, а и цела Европа, рече, имаат заедничка историја.

-И тука треба да ги изнајдеме начините. И договорот со Бугарија за добрососедство и пријателство јасно номинира дека Комисијата за историско-образовни прашања треба да ги лоцира токму тие историски периоди, историски личности коишто заедно ќе ги славиме, кои ќе бидат можност да не зближат, да соработуваме уште повеќе, а притоа да не го уништиме достоинството на која било од двете страни. Затоа велам – европски начин на наоѓаше решение, истакна премиерот. Додаде дека народот од двете земји сака да соработува, а не сака да има причини за кавги, и потврда за тоа е што во изминатот период е унапредена соработката на институции од секакво ниво.

– Почнувајќи од Македонската радио-телевизија со Бугарската радио-телевизија, нашата МИА со Бугарската информативна агенција, Советот АВМУ, но и други апскети – имаме повеќе од седум нови бугарски инвестиции во Македонија во последните шест-седум месеци, додаде Заев.
__________________
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.
Soldier of Macedon is offline   Reply With Quote