04.02.2010 19:00
Накусо по презентацијата на видеото со новиот лик на центарот на Скопје во 2014, се огласи и невладината организација „Плоштад слобода“.
Како знак на револт тие ги испишаа со графити оградите кои денеска беа поставени во центарот на Скопје.
Велат дека се намалува можноста за комуникација со владата по двегодишните молби и апели кои тие ги упатуваат - да не се прави антиквизација и да се дозволи модерен лик на Скопје.
„Ја видовме 3D анимацијата, која што покажува дека градоначалникот Тодоровиќ, Скопје во 2014. го гледа како што некои градови изгледале во 1914. Касниме со векови. наместо да градиме модерно Скопје, ние правиме антиквизација и класични столбови насекаде “, изјавија од „Плоштад слобода“.
„Побарав од полицајците да им побара градежна дозвола, дека имаат некое уверение, или дозвола да го окупираат овој простор. Меѓутоа полицијата не сакаше ништо да преземе, иако тука се оставени клинци, има прљавштина, зеленило е уништено, меѓутоа полицијата реагираше против нас, бидејќи ние протестираме против окупирањето на јавниот простор“, рекоа од „Плоштад слобода“.

Comment