Macedonian Truth Forum

Macedonian Truth Forum (http://www.macedoniantruth.org/forum/index.php)
-   News and Politics (http://www.macedoniantruth.org/forum/forumdisplay.php?f=10)
-   -   Macedonia & Greece: Name Issue (http://www.macedoniantruth.org/forum/showthread.php?t=1556)

Rogi 01-12-2019 03:34 AM

There's blame everywhere for this, but the people, the entire population, can be considered collaborators.

1.5 Million people, once known as Macedonians, now nameless, did nothing at all and let 80 people, nobody else, just 80 people, sell out Macedonia, without a complaint, a protest, a fist thrown, a rock hurled, a gun fired, a building burned or a traitor killed. 80 people sold out Macedonia and 1.5 Million people living there, who should care, did nothing at all, didn't even try to stop it.

At this point, it is a nation of traitors who sold everything to gain nothing.

Solun 01-12-2019 04:08 AM

[[I]B]Greece wants changes in FYROM history books
[/B]
Greece has asked the Former Yugoslav Republic of Macedonia (FYROM) to purge history schoolbooks in the neighboring Baklan country of revisionist and irredentist elements, including misleading maps and references to ancient Greek civilization, the Athens-Macedonian news agency reports.

The request was reportedly made during a recent meeting in Thessaloniki, in northern Greece, of a joint committee of experts tasked with discussing archaeological, historical and educational issues.

The committee was set up as Athens and Skopje reached an agreement on the name dispute signed last June. The deal still needs to be ratified by both parliaments.

Experts are expected to meet again later this month.[/I]

[url]http://www.ekathimerini.com/236433/article/ekathimerini/news/greece-wants-changes-in-fyrom-history-books[/url]


Zaev will no doubt already be making space for the Panos Kamenos textbooks. In excess of 20000 people lie in unmarked mass graves in Northern Greece from the late 1940's just for the opportunity to be recognised as Macedonians who speak Macedonian. I will never forget that, even though the idea behind all of this is for nobody to know.

Risto the Great 01-12-2019 05:08 AM

[QUOTE=Rogi;178380]There's blame everywhere for this, but the people, the entire population, can be considered collaborators.

1.5 Million people, once known as Macedonians, now nameless, did nothing at all and let 80 people, nobody else, just 80 people, sell out Macedonia, without a complaint, a protest, a fist thrown, a rock hurled, a gun fired, a building burned or a traitor killed. 80 people sold out Macedonia and 1.5 Million people living there, who should care, did nothing at all, didn't even try to stop it.

At this point, it is a nation of traitors who sold everything to gain nothing.[/QUOTE]
Rogi, perhaps I sensed a blind optimism from you before. But thank you for calling it correctly now. There is no other way to put this. Spot on.

Vangelovski 01-12-2019 07:19 AM

[QUOTE=vicsinad;178352]Now we are responsible for every Balkan people's diasporas...[/QUOTE]Vic, do you have a link to where we can read the new amendments?

vicsinad 01-12-2019 08:54 AM

[QUOTE=Vangelovski;178383]Vic, do you have a link to where we can read the new amendments?[/QUOTE]

Yes, if you go to the following link, there's a link within the article that opens up a Microsoft Word Document with amendments. I'll copy and paste some of those here, but if you want to read the entire document, I'd click on that link.

[URL="https://www.akademik.mk/tekstot-na-predlog-amandmanite-za-izmeni-na-ustavot-podneseni-vo-sobranieto-na-rm/"]https://www.akademik.mk/tekstot-na-predlog-amandmanite-za-izmeni-na-ustavot-podneseni-vo-sobranieto-na-rm/[/URL]

[QUOTE]ТЕКСТОВИ НА ПРЕДЛОГ - АМАНДМАНИТЕ XXXIII, XXXIV, XXXV И XXXVI
НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Овие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.


АМАНДМАН XXXIII

1. Во Уставот зборовите Република Македонија се заменуваат со зборовите Република Северна Македонија, а зборот Македонија се заменува со зборовите Северна Македонија, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.

АМАНДМАН XXXIV

1. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите кои живеат во нејзините граници, одлуките на АСНОМ се заменуваат со зборовите правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, по зборот година се додаваат зборовите на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор, а се бришат зборовите одлучија да.

2. Со овој амандман се вршат измени во Преамбулата Амандман 4 на Уставот на Република Македонија.

АМАНДМАН XXXV

1. Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

2. Со овој амандман се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.

АМАНДМАН XXXVI

1. Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ.
Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство.
Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината.
Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

2. Со овој амандман се заменува членот 49 и амандман 2 од Уставот на Република Македонија.






ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
НА ТЕКСТОВИТЕ НА ПРЕДЛОГ - АМАНДМАНИТЕ XXXIII, XXXIV, XXXV И XXXVI
НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Образложение на Амандман XXXIII
Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Конечната спогодба со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.
Притоа, согласно Конечната спогодба со Република Грција, се предвидува стапување во сила на амандманите со денот на ратификација на Спогодбата и Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Парламентот на Република Грција. Следствено, во случај на невлегување во сила на овие два документи, нема да влезат во сила ниту предвидените амандмани.
Понатаму, во согласност со договорот, со уставен закон ќе биде утврдена примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија.
Образложение на Амандман XXXIV
Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Конечната спогодба со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.
Заради усогласување на текстот на Преамбулата со Конечната спогодба со Грција, во Преамбулата се вршат соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат ограничувањата за народите и нивните делови што живеат надвор од нивната матична држава. При наведувањето на државно-правните традиции, се именуваат правните одлуки на АСНОМ, кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ. Исто така, во Преамбулата се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој веќе е вграден со уставните амандмани од 2001 година.
Образложение на Амандман XXXV
Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Конечната спогодба со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.
Со Конечната спогодба се потврдува постоечката меѓусебна граница меѓу Република Македонија и Грција како трајна и неповредлива меѓународна граница, при што се презема обврска ниту една од двете држави да нема, ниту да поддржува некакви претензии кон кој било дел од територијата на другата држава, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебна постоечка граница. Покрај тоа, и Република Македонија и Грција се обврзаа дека нема да поддржуваат какви било претензии кои може да ги изнесат трети страни.
Република Македонија и Грција се обврзаа да го почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата држава и да не поддржуваат какви било активности на трети страни насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата држава.
Исто така двете држави презедоа обврска, во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обединетите Нации, да се воздржуваат од закани или употреба на сила, вклучително од закани или употреба на сила со намера да се наруши нивната меѓусебна постоечка граница.
Во членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.
Овој член веќе беше изменет во 1992 година со Амандманот I, кога беше додаден принципот на доброволност при промена на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми. Исто така со овој амандман беше декларирано дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.
Со новиот уставен амандман кој се предлага се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
Образложение на Амандман XXXVI
Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Конечната спогодба со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.
Согласно Конечната спогодба, Република Македонија и Грција се обврзаа ниту една одредба од Уставот, да не може или не треба да се толкува на начин кој претставува или кога било ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата држава, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои не се нејзини граѓани.
Во членот 49 од Уставот е пропишано дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
И овој член беше изменет со Амандманот II во 1992 година кој предвидуваше дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Со уставниот амандман кој се предлага се потенцира обврската на Република Македонија за заштита, гарантирање и негување на особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ. Исто така, со амандманот се гарантира заштита на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство. Во амандманот е пропишано дека Републиката се грижи и за дијаспората како на македонскиот народ така и на другите заедници, за негување и унапредување на нивните врски со татковината, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
[/QUOTE]

vicsinad 01-12-2019 08:57 AM

Sorry, Vangelovski. These don't include the most recent Albanian amendments. I have just found news articles on those.

vicsinad 01-12-2019 09:03 AM

Уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа поминаа и во третата финална фаза вечерва во Собранието на Република Македонија, откако претходно седницата три дена беше презакажувана, додека премиерот Зоран Заев преговараше со Беса на Биљал Касами, околу нивните барања во врска со измените.

Пратениците со двотретинско мнозинство од 81 пратеник вечерва во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен е и Уставниот закон за спроведување на амандманите.



Владата прифати два видоизменети амандмани. Првиот е за амандманот XXXIV на Уставот и со него Преамбулата на Уставот ќе гласи граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите. Со видоизменетиот амандман на амандманот XXXVI на Уставот новиот текст ќе гласи Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со тактовината.

Државјанството останува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, а прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно.

Со амандманот XXXIII во Уставот зборовите Република Македонија се заменуваат со зборовите Република Северна Македонија, а зборот Македонија се заменува со зборовите Северна Македонија, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.

Амандманот XXXIV предвидува во Преамбулата на Уставот на Република Македонија да се бришат зборовите кои живеат во нејзините граници, одлуките на АСНОМ се заменуваат со зборовите правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, по зборот година се додаваат зборовите на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор, а се бришат зборовите одлучија да.

Амандманот XXXV гласи Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Со овој амандман се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.

Амандманот XXXVI посочува дека Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ. Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство. Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со тактовината. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Со овој амандман се заменува членот 49 и амандман 2 од Уставот на Република Македонија.

Притоа, согласно Конечната спогодба со Република Грција, се предвидува стапување во сила на амандманите со денот на ратификација на Спогодбата и Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Парламентот на Република Грција. Следствено, во случај на невлегување во сила на овие два документи, нема да влезат во сила ниту амандманите.

[URL="https://www.novamakedonija.com.mk/featured/%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5/"]https://www.novamakedonija.com.mk/featured/%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5/[/URL]

Carlin 01-12-2019 10:08 AM

Уставните измени денеска ќе се објават во Службен весник

URL:
[url]https://telma.com.mk/ustavnite-izmeni-deneska-ke-se-objavat-vo-sluzhben-vesnik/[/url]

Уставните измени со Договорот од Преспа денеска ќе објавени во Службен весник по што веднаш ќе биде известена Грција.

На потег сега е Грција за целосна имплементација на Договорот од Преспа или како што е наведено во Договорот, се очекува таа веднаш да го ратификува. Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека штом Македонија ја извести Грција дека нејзиниот дел од обврските е завршен, Договорот веднаш ќе се најде за ратификација пред грчките пратеници. Дека Ципрас има обезбедено 151 пратеник денеска тоа го потврди и поранешниот шеф на грчката дипломатија и лидер на ПАСОК Евангелос Венизелос.

„Мислам дека Ципрас беше многу циничен и многу јасен во неговото последно интервју. Очигледно е дека регулирал, направил контакти, го сторил т.н. „грабнување“ на пратеници од Независни Грци, се приклучија и други пратеници од помалите партии, што се без традиција и без вредности, па така има мнозинство и за ратификација на договорот и мнозинство за гласање доверба“, ијавил Венизелос.

Но со усвојувањето не завршува приказната околу Договорот од Преспа, туку започнува процесот на негова целосна имплементација.

Она што претстои по усвојувањето во Грција, како што налага Договорот, е веднаш ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО во грчкиот парламент, и Грција да ја информира ЕУ дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на земјава во Унија со новото име.

По стапувањето на Договорот во сила Македонија пак е обврзана да ги извести сите меѓународни организации, вклучително и ОН, за тоа и ќе побара од нив да го прифатат употребуваат името и термините утврдени со Договорот. Македонија е обврзана името да го употребува и во домашна комуникација. За важноста на веќе постоечките документи предвидени се два преодни периоди за тоа- технички и политички. Техничкиот преоден период се однесува на сите официјални документи, како пасошите, и материјали на јавната администрација на земјава за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата, како личните карти, и нивната важност ќе се обновува во согласност со името и термините од Договорот, најдоцна во рок од пет години. Политичкиот преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Македонија. Нивнотот менување ќе започне со отворањето на секое поглавје од преговорите со Европската Унија, кои е релвантно за нив, а ќе биде финализирано во рок од пет години потоа.

Македонија според Договорот во рок од шест месеци мора да ги корегира сите спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија кои пртендираат на античката историја и цивилизација, а во ист рок ќе треба да го отстрани од сите јавни места симболот со Сонцето од Виргина.

По стапувањето на сила на Договорот двете земји по цели три децении дипломатските претставништва ќе ги подигнат на ниво на амбасади.

Gocka 01-12-2019 10:31 AM

[QUOTE=Rogi;178380]There's blame everywhere for this, but the people, the entire population, can be considered collaborators.

1.5 Million people, once known as Macedonians, now nameless, did nothing at all and let 80 people, nobody else, just 80 people, sell out Macedonia, without a complaint, a protest, a fist thrown, a rock hurled, a gun fired, a building burned or a traitor killed. 80 people sold out Macedonia and 1.5 Million people living there, who should care, did nothing at all, didn't even try to stop it.

At this point, it is a nation of traitors who sold everything to gain nothing.[/QUOTE]

Sometimes its hard to accept the truth. A mere 1% of the population could have ended this. This was in the making for at least a year, it could have been ended in a few days.

The reason I was so hard on you and others, is because optimism doesn't accomplish anything on its own. Many people stood around and hoped and assumed that someone would take up the fight and lead. Meanwhile the treasonous acts were being perpetrated on a daily basis while everyone waited.

If more people could have been realists from the beginning and acted with more urgency and conviction, I am certain this could have been averted.

I am certain that the reality of what has happened will hit quite a few and they will wish they had done something, but its too little too late.

Now that 1% is not enough, now you need 10% or more and probably one of these :tank: :death: to turn things around. If no one had the stomach for much less severe actions before, then there is no chance they will have the stomach for what is required now.

Risto the Great 01-12-2019 03:31 PM

Operation Boycott was in fact Operation Boycock at a time when men were needed, not little boys.


All times are GMT -5. The time now is 08:24 AM.

Powered by vBulletin®
Copyright ©2000 - 2023, Jelsoft Enterprises Ltd.
Macedonian Truth Organisation