Macedonian Secret Police Harassing Our Own From Australia

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Vangelovski
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 8531

    Macedonian Secret Police Harassing Our Own From Australia

    This is one of the reasons why the lustration process is so important.

    Taјната полиција во стан во Карпош 4 малтретирала иселеник: Ќе те обвиниме за бомбашките напади и за атентатот врз Глигоров!

    http://www.mkd.mk/node/52363


    Македонскиот иселеник Игор Аврамовски Александров при неговиот престој во Македонија пред околу три месеци преку Комисијата за верификација на факти почна потрага по тајните агенти на лустрираните министри Фрчкоски и Чокревски, кои го следеле, го уценувале, го врбувале во времето кога како студент доаѓал во земјава.

    Барањето на Александров да се најдат и да се разоткријат кодошите што му го краделе мирот, спокојството, со закани дека ќе му залепат етикети дека е терорист, бомбаш, атентатор и што ги прекршиле неговите основни права ќе го доистражуваат новите лустратори. Проверки за овој случај беа правени во текот на декември лани, непосредно пред истекот на мандатот на старата лустрациска комисија. Досие не беше најдено, но истражувањето нема да запре, ќе се проверува и во досието на Иван Соколов, кое Александров го посочил во барањето кај лустраторите како материјал што би можел да содржи сведоштва за нивните средби, кои биле надушкани и од тајните агенти.

    Иван Соколов, кој во архивите на тајната полиција бил заведен под псевдонимот „Кенгур“, со кого Александров често пати се дружел кога доаѓал во Македонија, потврдува дека постојано зад петици им биле тајните агенти на СДБ.

    Знаевме дека тоа се луѓе од тајната полиција, им ги препознававме и возилата и знаевме дека нè следат“, вели Соколов, според кого Александров во периодот кога како млад студент дошол во Македонија, бил во предобработка на оперативците од СДБ, но можно е со оглед на неговиот ограничен престој во земјава да не било отворено досие, или пак да е уништено. Соколов напоменува дека треба да се има предвид и тоа што Александров бил странски државјанин и така и бил третиран од тајните служби. Оперативците мошне внимателно постапувале во овој случај, а некој подоцна можеби и се потрудил да уништи какви било докази.

    Дел од досиејата се прочистени, дел се уништени. Никој не знае што имало во таа документација. Ова го тврдам врз основа на увидот во моето досие, во кое има многу празен простор од еден до друг период во кој сум бил следен од тајната полиција“, вели Соколов, кој ја исклучува можноста дека тоа е резултат на мирување на тајната полиција, дека не го следела и затоа немало службени белешки затоа што станувало збор за период кога се случувале важни партиски настани.

    Со еден збор - ако агентите на СДБ нонстоп го демнеле седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кој бил на гости во штабот, кој излегол, каква коса имал, какви мустаќи, имал ли брада, тогаш не би можеле да си дозволат таков луксуз - да мируваат кога се засилувале партиските активности на тогаш најголемата опозициска партија.

    Под превезот дека ВМРО–ДПМНЕ се подготвува да го урива уставниот поредок на државата што им служел како мотив и како оправдување за кодошките активности, тајната полиција во деведесеттите години постојано извршувала демнечки наредби пред сè мотивирани од политички побуди (еден од доказите е и досието „Темел“, тоа било оперативното име на ВМРО-ДПМНЕ).

    Од изјава на Александров дадена во неделникот „Дело“ (18 февруари 1998 година) може да се дознае дека агентите не се воздржувале да затропаат дури и на вратата од домот на неговата баба во Скопје, каде што престојувал. Биле двајца, се претставиле дека се од МВР и дека се ангажирани околу иселениците што доаѓаат во татковината и дека сакаат да му постават неколку прашања на таа тема. Ја одбиле поканата на Александров да влезат дома и се најавиле дека ќе дојдат другиот ден, на 26 јануари 1998 година.

    Наредниот ден го одвезле со голф бордо боја во стан во Карпош 4 и си заминале. Во станот имало една девојка и двајца мажи. Го испрашувале речиси цел ден. Таму Александров отворено им кажал дека забележал дека го следат подолго време (со истиот бордо-голф), на што добил одговор дека државата се ангажирала да го заштити, а не дека го следат или нешто слично. Но кога еден од агентите, како што вели Александров „висок, со брада и проќелав“, во придружба на педесетгодишен маж со темна коса и коцкесто лице, почнал да го распрашува за Борис Змејковски, за Тодор Петров (СМК), за Иван Соколов, потоа дали во Австралија има членови на „Македонски лавови“ и „Фаланга“, станало јасно под каква опсервација е студентот Александров.

    Дури и станот во кој се водел информативниот разговор упатувал на тоа дека не бил стокмен за живеење. Во него, како што вели Александров, имало само кауч, две фотелји и мала кујна.
    Откако Александров им рекол дека власта во Македонија е предавничка и дека поради тоа не сака дијаспората да соработува, за да го заплаши, агентот со брада му рекол:

    „Значи кај вас треба да го бараме атентаторот на Киро Глигоров. А знаеш ли дека твоето доаѓање се поклопува со бомбите во Прилеп и во Куманово? За тоа ќе бидеш осомничен“.

    Пред да заврши испрашувањето во собата влегол средовечен човек со бела коса, со црни мустаќи и темен тен. Го предупредил да не се олабавува зашто можно е пак да биде повикан на разговор.

    Дали лустрацијата ќе исправи уште една неправда ќе биде јасно во текот на наредниве неколку месеци, со оглед на тоа што пребарувањето во посоченото досие на Соколов нема временска рамка во која треба да се заврши работата. Но во секој случај лустрацијата му овозможи на македонскиот иселеник низ законска постапка да тргне по патот на исправање на неправдите од минатото.

    Тоа е лицето, односно светлата страна на лустрацискиот процес, кој низ една легална проверка треба да доведе до чинот на осуда на неморалното, понижувачкото, на злоупотребата на службената положба...
    If my people who are called by my name will humble themselves and pray and seek my face and turn from their wicked ways, I will hear from heaven and will forgive their sins and restore their land. 2 Chronicles 7:14

    The Revolution was in the minds and hearts of the people; a change in their religious sentiments, of their duties and obligations...This radical change in the principles, opinions, sentiments, and affections of the people was the real American Revolution. John Adams
Working...
X