Alexandro (makedon.blog mk): Pregledi i pogledi na makedonski politichki temi

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • indigen
    Senior Member
    • May 2009
    • 1558

    Alexandro (makedon.blog mk): Pregledi i pogledi na makedonski politichki temi

    Улична демократија

    По уличната (дворна) лустрација еве најавена е и улична демократија!

    На митингот во Штип, кој е продолжение на прилепското „Востание“ на СДСМ, лидерот на оваа партија Бранко Црвенковски, во негов препознатлив стил, покрај најавата за интерпелација на Владата на Груевски на 16 Декември, најави и нешто друго кое остана неискоментирано:

    „Има два начини да ги смениме работите на подобро, да излеземе од овој ќорсокак и да тргнеме напред. Или на избори или од улица.

    Социјалдемократскиот Сојуз е подготвен и за едното и за другото.“

    Како ли се освојува власта од улица?

    Бомо видели…



    --------------

    Македонци, вие сте светци!Македонци, вие сте светци!

    [...]
    Иван Хаџи Николов, Спомени, еден од оснивачите на ВМРО



    Tрајанов бара лидерска средба
    понеделник, 15 ноември 2010
    [...]



    СРАМОТА!!!
    Полициски инспектори го „прегледувале“ Ангелов


    [....]



    # on ноември 13, 2010 at 20:57 alexandro Said:

    Навистина е чест и задоволство да го познаваш. Исто како и јас!
    Уште повеќе кога ја знаеш неговата храброст и пожртвуваност во борбата. Единствен генерал кој во битките одеше напред пред своите војници, а не позади нив како многу други кои денес се удираат во гради!


    Осумдесет постотен инвалид кој тешко беше ранет во битката за Арачиново денес да доживува ваков третман е злочин.
    А нашето молчење соучесништво во него!

    КОЈ ГО УБИ ЈОРДАН МИЈАЛКОВ?


    ------------

    For fair use only.
  • indigen
    Senior Member
    • May 2009
    • 1558

    #2
    РАБОТЕН МАТЕРИЈАЛ
    (забрането објавување без дозвола на авторот)

    РАСКОЛОТ ВО ВМРО-ДПМНЕ


    Јули – Август 1998 година
    С к о п ј е

    […]

    Сепак, вистинската офанзива на великобугарската политика во ВМРО-ДПМНЕ започнува кон крајот на 1994 година за да кулминацијата ја достигне токму сега на веќе историската седница на 30 август 1997. Претходно формираната ВМРО-Татковинска во која се вгнездија најекспонираните борци за великобугарската кауза во Македонија, според проценките на стратезите во Софија, не ги даде очекуваните резултати, па затоа се менува тактиката и е одлучено бајракот на бугарштината да го понесе ВМРО-ДПМНЕ. Притоа, дадена е директива, малубројното членство на “татковинците” да премине во ВМРО-ДПМНЕ, да се обиде да се инфилтрира во структурите на Партијата и да направи преврат со преземање на раководните функции и елиминација на клучните личности од ортодоксната македонска опција во неа. Главен реализатор на ваквото сценарио е потпретседателот Доста Димовска која во овој период е постојан контакт со бугарскиот амбасадор Ангел Димитров, со претставници на ВМРО-СМД.....со раководството на ВМРО-Татковинска (Црномаров), со пробугарски определените лица во ВМРО-ДПМНЕ.....

    Мегутоа, главната пречка за практична и ефективна реализација на ваквото сценарио претставува улогата на генералниот секретар на Партијата Борис Змејковски од најмалку две причини: прво, неговата јасна македонска национална ориентација и второ, неговата функција генерален секретар, одговорен за организацијата на теренот, а во исто време и раководител на Комисијата за кадровски прашања. Таквата негова позиција, како и идентичните определби на неговите соработници (Александар Диневски, Иван Соколов, Зоран Петрески идруги), претставуваше непромостлива пречка за позначаен продор на бугарофилството во Партијата. Со формирањето на КСИО-Комисија за стратегиски истражувања и организација (формирана формално од страна на Извршниот комитет во јануари 1994 година со посебна Одлука согласно Статутот на ВМРО-ДПМНЕ) на чие чело е Змејковски, неговата позиција беше зајакната што ги доведувааше до “лудило” поборниците на “каузата”. За кратко време од своето постоење КСИО со несебичен личен ангажман на сите нејзини членови постигна огромни резултати и стана влијателен и значаен фактор во Партијата. За првпат од постоењето на Партијата средена е архивата и документацијата, набавени се компјутери и други технички средства, направена е прецизна евиденција и утврден е приближниот број на членството, а преку еден аналитичен материјал направена е прецизна “рентген-снимка” на вистинските реални состојби во партиските комитети во кои дел од претседателите за да ги задржат своите позиции лажно го информираа раководството на Партијата, за бројот на членовите и за своите активности. Врз основа на овие аналитички согледувања и проценки КСИО направи кадровски реконструкции во 20-тина Општински комитети кои поминаа безболно и речиси во тишина, за разлика од претходните такви случувања кои ги полнеа страниците на печатот како пикантни општински случаи. Во оваа смисла, посебно карактеристични се случаите во Кисела Вода, Гази Баба, Неготино, Пробиштип, Крушево, Виница, Штип, Струмица, Каменица, Кочани и други во кои во тој период имаше активни одвај по десетина членови, за да денес во речиси сите овие локални собранија на власт е ВМРО-ДПМНЕ! Во исто време за околу 16 Општински комитети членовите на КСИО обезбедија работни простории за нивно нормално работење.

    Мегу позабележителните успеси на КСИО спагаат и деблокирањето на Собранијата во Прилеп и Скопје кои беа блокирани повеќе од 15 месеци, како и навременото и документирано доагање до сознанија за пучот што го подготвуваше Томислав Стефковски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ. Воедно, КСИО преку свои луге во државните органи добиваше квалитетни и значајни сознанија за активностите на своите политички противници, а за својата работа секој член на КСИО беше должен да направи писмен извештај, така што документацијата на оваа Комисија за нецела година од нејзиното постоење достигна близу 1.000 отчукани страници текст!

    Токму затоа, КСИО, нејзиниот раководител Змејковски и нејзините членови беа постојано на удар на оговарачкото “б’лгарско дружество” чиј штаб најчесто се состануваше во кафеаната “Александар-плац”, со постојан контакт со редакцијата на “Дело” и Бугарската Амбасада во Скопје. Главните идеолози на оваа “групировка”- Димитар Димитров, Александар Лепавцов, Младен Србиновски, Миле Неделковски, Владо Треневски, Љупчо Јакимовски и други директно или индиректно помагани од Љупчо Георгиевски и Доста Димовска денес се главни носители на политиката на ВМРО-ДПМНЕ! Ете, затоа Змејковски, а илугето околу него требаше да бидат сменети веднаш!

    [.....]

    Zbirka na poraki isprateni na MTO Forumi Pasko Kuzman promoting "Macedonian-Hellenistic period" - anti-Macedonian propaganda! http://www.macedoniantruth.org/forum/showthread.php?t=1992 УСТАВ НА РЕПУБЛИКА


    NB: До колку што можам да заклучам, авторот на погорниот текст е Александар Диневски, кој исто така го одржува блогот АЛЕКСАНДРО. Тоа значи дека блогот е добро место за запознавање со, и за читање на, погледи и прегледи на македонски политички теми на еден многу искусен политчки аналитичар и на коментари од други посетители на блогот.

    Comment

    • George S.
      Senior Member
      • Aug 2009
      • 10116

      #3
      very good article indigen !.
      "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
      GOTSE DELCEV

      Comment

      Working...
      X