Македонија воспостави дипломатски одно&#

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Македонија воспостави дипломатски одно&#

    Република Македонија и Сириската Арапска Република, вчера во Њујорк, за време на 65-тото заседание на Генералното собрание на ООН, воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.


    Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и неговиот сириски колега Валид Ал-Муалем, го потпишаа заедничкото коминике, кое, согласно протоколот на ОН, ќе биде дистрибуирано до сите земји членки.

    - Односите меѓу двете држави, според коминикето, ќе се развиваат согласно принципите на заемно почитување, пријателство, немешање во внатрешните работи, како и признавање на територијалниот интегритет и суверенитет на двете земји. Воедно, со овој чин се отвораат пошироки можности за соработка меѓу Сирија и Македонија во сите области од заеднички интерес, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.

    За време на разговорите меѓу двајцата министри, се наведува, била најавена можноста за посета на сирискиот шеф на дипломатијата на Република Македонија во текот на следната година.

    Иницијативата за воспоставување дипломатски врски со официјален Дамаск беше покрената во април 2007 година, за време на официјалната посета на министерот Милошоски на Сирија.

    Сирија е 129-тата земја која официјално го призна уставното име на Република Македонија.

    izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...-ustavnoto-ime
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    #2
    bidejki veke postoi,molam da se izbrise temata
    sorry :P

    Comment

    Working...
    X