Макрадули да плати 5000 евра за Клевета

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Prolet
    Senior Member
    • Sep 2009
    • 5241

    Макрадули да плати 5000 евра за Клевета

    Jani Markaduli was found guilty and has to pay Mile Janakievski 5000 Euros for Defamation, it just shows that SDSM have nothing better to do then commit Character Assassinations like what Frckovski tried to do to Gruevski on his Dnevnik Piece.

    ГРАЃАНСКИОТ СУД ДОНЕСЕ ОДЛУКА ПРАТЕНИКОТ ДА МУ ПЛАТИ ОТШТЕТА НА МИНИСТЕРОТ


    Макрадули ќе му плати 5.000 евра на Јанакиески за клевета

    Граѓанскиот суд вчера одлучи дека Јанакиески е оштетен од клеветата на Макрадули, поради што пратеникот од СДСМ треба да му плати на министерот 100.000 денари за нарушен углед и 200.000 денари за повреда на честа


    Јани Макрадули ќе треба да искешира 300.000 денари на сметка на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Граѓанскиот суд вчера одлучи дека Јанакиески е оштетен од клеветата на Макрадули, поради што пратеникот од СДСМ треба да му плати на министерот 100.000 денари за нарушен углед и 200.000 денари за повреда на честа.

    Освен овие 5.000 евра, Макрадули пред година и половина на државата и плати и казна од педесет дневни глоби или 1000 евра за сторено кривично дело клевета, а пресудата да ја објави во еден дневен весник. Тогаш кривичниот суд го упати Јанакиески оштетата да ја бара во граѓанска парница. Министерот поднесе тужба и побара Макрадули да му исплати одреден надомест за нанесената штета. Судот вчера делумно го прифати тужбеното барање и пресуди Макрадули да плати отштета.

    Првата кривична пријава против Макрадули следеше откако тој во неколку наврати го обвинуваше министерот Миле Јанакиески за незаконска продажба на замјиштето на кое треба да се гради хотел од брендот Резидор. Во пријавата која ја поднесе Јанакиески е наведено дека на прес-конференција одржана во Скопје, на 12 септември 2007 година, во врска со продажбата на градежно земјиште сопственост на Република Македонија лоцирано во непосредна близина на трговскиот центар Рамстор, Јани Макрадули изјавил: Очигледно министерот Јанакиески со одлуката да го додели земјиштето на фирма која не ги исполнила условите, направил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, затоа очекувам Јавното обвинителство веднаш да покрене обвинителен акт."

    Со невистиниот исказ, се вели во тужбата, е сторена штета на честа и угледот на Јанакиески.
    Макрадули наводните докази за криминалното дејствие на Јанакиески ги достави до обвинителството, но Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски донесе одлука да не поведе постапка за овој случај. Шврговски рече дека обвинителството ја донело одлуката врз основа на факти и аргументи и дека Макрадули со панаѓурски изјави ја замајувал јавноста и ја избегнувал вистината.

    Билјана ЗАФИРОВА

    МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.
Working...
X