Западна Европа одамна е во политичка, економска и креативна криза. Таа ги прегази сите свои и туѓи принципи на демократијата
Поддржувајќи ги најнегативните и најекстремните ирационални барања на Грција, Западна Европа опасно заплива во водите на двојните стандарди, на подгревање на национализмот, шовинизмот и неофашизмот. Тоа го прави само за да и изнајде и потврди на својата капризна миленичка некои проблематични антички корени за вештачката држава, која за прв пат во историјата и ја измисли во 1830 година со приграбен туѓ идентитет на туѓа територија на Македонскиот Полуостров.
Поддржувајќи ги бескрупулозноста и цинизмот во мрачните сценарија на опасната „грчка кауза“ за разнебитување на македонската држава и на македонскиот народ, Западна Европа, како итра и дволична „кума“, ги симна од своето бесрамно набрчкано лице сите „маски на демагогијата“ и оголена се покажа колку е зрела да биде врзана на „Столбот на срамот“ на „Светското гумно“ на Демократијата. Црните чизми на фашизмот маршираат по европските патишта, потсетувајќи нé на сé што е црно во нејзината историја, и од позиција на сила се оспоруваат основните права на граѓаните на Република Македонија - членка на ООН.
Дали „баба Европа“ ни се „одмаздува“ за повеќеилјадолетната писмена и културна традиција, односно за создавањето на огромната Македонска Цивилизација, која лежи во основата на целокупната западна и светска цивилизација? Дали тоа е одмазда на „непросветената Европа“ и на познатата „културна клептоманка“ Грција?
Достоинството нема цена! Никој нема право некому да му го оспорува, негира или да инсистира да му се промени или одземе идентитетот. „Црна Атина“ на најбезобразен начин ги гази принципите на добрососедство, одредбите на меѓународното право за билатерална и мултилатерална комуникација и соработка во регионот, а и пошироко. Постојаното ирационално инсистирање за промена на името „МАКЕДОНИЈА“, кое гордо го носи во континуитет земјата и државата на Македонците најмалку 17.000 години, ја „прелива чашата“ на македонското трпение. Време е да се прекине агонијата на лудоста!
Не може со постојано инфериорно дејствување или непродуктивна дефанзивна политика во однос на основното македонско национално прашање - ИДЕНТИТЕТОТ да очекуваме смирување или пораз на националистичката еуфорична, но добро осмислена тактика и стратегија на грчкиот антимакедонизам. Тој од 1830 година постојано продуцира арогантен грчки експанзионизам и колонијализам, проследен со невиден геноцид врз македонското население. Имајќи ја мувата на капата или под капата, Грција, како една од распарчувачите на Македонија и окупатор на повеќе од 51 процент од македонската етничка територија, наоѓа храброст и безобразие да го обвинува македонскиот народ во Република Македонија за некојси „иредентизам“. Последните фашистички испади во Атина и демонстрацијата на сила врз македонското население во Егејска Македонија се само континуитет на таа ултранационалистичка и ултрашовинистичка политика на владејачките клики - фамилии во грчката државна хиерархија. Тие ја „преобразија“ Грција во најнедемократска „лулка“ на Европската Цивилизација и стана голем и непростлив срам за Европа и за светот.
Време е Македонија да ги прекине сите јалови „разговори“ и непродуктивни „преговори“ за некое си ново „креативно име“ и најодговорно да го постави на дневен ред „МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ“. Само така ќе исчезнат симболите на империјалистичката поделба на Македонија и со тоа трајно ќе се уништат понижувачките сведоштва за делбите на Македонија од 10 август 1913 година, кои сé уште продуцираат трагични заблуди, неконтролирани аспирации и несогледливи последици. Соседот не се избира, но крајно загрижува и е опасно кога од кај него се слуша како грчките НАТО-вски војници маршираат и пеат: „Скопјаните да ги снема“ Се наметнува прашањето: „Во какво друштво сакаме да влеземе?“
Со молчење и чекање не може да се пласира вистината за нашата самобитност. Идентитетот и историјата на Македонија и македонскиот народ не смее да се менува и фалсификува под притисок и диктат на сите „пријатели“ и „непријатели“, ниту, пак, со постојано „кукуригање“ на добро организирани паради на секаков вид антимакедонисти за антимакедонизам. Тие што се плашат, што молчат или лажат дека наводно „Македонија нема аргументи да си го одбрани името“ треба да престанат да шират дезинформации и засекогаш да си ги напуштат своите „комотни“ и „топли“ профитабилни фотелји на државната администрација, на таканаречената „петоколонашка“ антимакедонска гарнитура и конјунктура. Грчки и други фалсификувачи на македонската историја и присвојувачи на придобивките на Македонската Цивилизација ни забрануваат да испитуваме и нé обвинуваат нас, Македонците, со континуитет на македонска писмена традиција најмалку од 40.000 години, да испитуваме и нé „бомбардираат“ зошто “чепкаме“ во сопствената македонска историја и култура од праисторијата до денес. Кој се плаши од МАКЕДОНИЈА да е МАКЕДОНСКА и МАКЕДОНЦИТЕ да се МАКЕДОНЦИ?

Comment