They still think this guy's a good idea...
Бил Павлески: Сериозно ги следиме настаните со Субрата Рој
Владата не е загрижена затоа што еден од потенцијалните најголеми инвеститори во земјава, контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој е во затвор и се товари за измамам на четири милијарди долари. Според министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, проектите не се откажани, но Владата будно го следи развојот на настаните во Индија. Тој смета дека засега Случајот Субратаа нема да му наштети на имиџот на земјава пред сериозните странски инвеститори кои би сакале да вложат во државава.
"Ние сериозно ги гледаме работите што се случуваат, а посебно делот на бизнисот што ќе се спроведе овде кај нас. Меѓутоа тие работи треба да се докажат во матичната земја каде што се случуваат и секако не влегуваме во некои работи кои што не треба да се направат, така што сериозно ги следиме настаните што таму се случуваат", изјави вчера Павлески.
Во првиот официјален став на Владаат после апсењето на Субрата Рој, истакна дека иако се направија законски отстапки за да се привлече индискиот милијардер во Македонија и да вложи во земјоделство и во туризам, не постои опасност да бидат измамени и граѓаните на Македонија.