Скопје, 15 август 2012 (МИА) - Почина Арбен Џафери, почесниот претседател на ДПА, кој беше на интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија.
Како што соопшти професор доктор Владимир Мирчевски, неврохирург пд Клиниката за неврохирургија, Џафери починал попладнево, по секундарно влошување на здравствената состојба.
- Џафери почина денеска во 15 часот и 50 минути и покрај сите преземени мерки, изјави Мирчевски.
Арбен Џафери беше хоспитализиран минатата недела на Клиниката за неврохирургија. Се наоѓаше на интензивно лекување, во тешка состојба и бесознание.
Поранешниот претседател на ДПА повеќе години се лекуваше од Паркинсонова болест. Поради здравствената состојба во 2007 година се повлече од лидерската функција по 12-годишно водење на ДПА, а за претседател на партијата беше избран Мендух Тачи.

Good Riddance, wasn't soon enough.

Comment