Правата на Македонците на транспаренти н
Collapse
X
-
Не се надевајте
Со смената на Караманлис, ќе дојдит ПАСОК.
Разлика?
Во врска со протестиве, некој паметен рекол... Буш ( САД ) не простува!
Leave a comment:
-
-
Well it seems that the Macedonian message has weaved itself into the Greek anarchist protests, at least where it concerns the refugee children forced to flee during the Greek civil war, indeed anything can transpire from here, lets hope deeper levels are reached, it would good to see the criminal government of Greece be brought down and succumb to the wishes of their citizens.
Leave a comment:
-
-
Anything can happen from this position of great discontent.
Leave a comment:
-
-
Правата на Македонците на транспаренти н
Правата на Македонците на транспаренти на протестите во Атина

„Просвигес на гирисун“ или „Бегалците да се вратат во Грција“! Ова беше напишано на еден од транспарентите на протестите во Атина. Во незадоволството кое ја тресе Грција по убиството на 16-годишното момче од страна на грчката полиција свој простор најде и проблемот на децата-бегалци. Младината и членството на неколку помали левичарски партии од Грција бараат да се стави крај на национализмот на Владата на Костас Караманлис и да им се дозволи на децата-бегалци протерани за време на граѓанската војна да се вратат во Грција.
Овие партии пред грчкиот парламент ќе го покренат прашањето за бегалците од Егејска Македонија и ќе вршат притисок да се сменат застарените закони кои не дозволуваат да им се вратат имотите на граѓани кои не се Грци по род. Младината на левичарската Синаспизмос, партиите ОКДЕ, ДАА и Кокино заедно со повеќе граѓански здруженија за човекови права им ветиле на претставници на децата-бегалци дека ќе вршат притисок во парламентот да се реши нивното прашање.
- Ќе отвориме дебата во парламентот за бегалците и ќе побараме тие да се изедначат со Грците кои ги добија назад своите имоти. Ова е корумпирана и националистичка влада. Неопходно е да се отвори расправа во парламентот и да се притисне Владата на Караманлис да дозволи бегалците да се вратат во Грција и да ги остварат своите права - тврди Пападапос Димостенос, член на младината на Синаспизмос.
Овие партии поставиле услов пред здруженијата на децата бегалци да не играат на национална карта. Тоа значи да не бараат имотите да им се вратат по секоја цена, туку таму каде не е можно имотот да се врати, да се даде обесштетување.
Ѓорги Доневски, претседател на здружението на децата-бегалци, кој се сретнал со претставниците на грчката левица смета дека ако имотот бил подложен на експропријација треба да се плати.
- Поддршката на грчките политички партии, граѓани, интелектуалци, правници е во наша полза зашто ќе ја притиснат грчката влада да ги смени двата закона кои предвидуваат имотите да може да си ги вратат само Грци по род - смета Доневски.
Според неговите информации, ваква иницијатива веќе е покрената во грчкиот парламент, но се уште нема одговор. По Нова година ќе се работи на одредување на адвокати во Грција и Македонија, како и на обезбедување на средства за постапката на враќање на имотите на протераните за време на граѓанската војна.Tags: None
-
Leave a comment: