Ski Resort Kozuf has been sold for 200 million euros to the company MG who are in Dubai. The Government will build the road to the resort while the investor will employ 1200 people and it will build a luxury hotel,Spa Center,Apartments,sports grounds,water park and two chair lifts (zhichari)

Ски-центарот Кожуф продаден на инвеститор од Дубаи
Понеделник, 15 Ноември 2010
Интернационалната групација MG со седиште во Дубаи од денеска и официјално е новиот доминантен сопственик во ски-центарот Кожуф.

На денешната прес-конференција во локалната самоуправа во Кавадарци, претставниците на компанијата рекоа дека со првичната инвестиција од 200 милиони евра очекуваат Македонија да стане привлечна зимско-туристичка дестинација.
Според Бен Баркер, директор за развој на компанијата „Селект контракт“ од Канада, којашто ќе менаџира со проектот, тие гледаат огромен потенцијал на туристичка понуда којшто ќе биде од големо значење на локално и интернационално ниво.
- Уверени сме дека ски-центарот Кожуф ќе биде еден од најголемите зимски центри во регионот и пошироко и се надевам дека со поддршка на локалната самоуправа и надлежните институции, идејата ќе се реализира што поскоро, рече Баркер.
За Канаѓаните ски-центарот Кожуф е привлечна туристичка дестинација на Балканот, заради природните убавини, близината со Егејското Море, поволните климатски услови и можност за врвен развој на зимска и летна туристичка понуда.
Извршниот директор на ски-центарот Кожуф, Ангел Наков рече дека со целосна поддршка на локална самоуправа Кавадарци и Владата на Република Македонија, влезот на една ваква сериозна групација ќе придонесе да заживее туризмот во Македонија. Според Наков, новиот доминантен сопственик во првата фаза ќе влезе со 200 милиони евра каде ќе се изработи комплетната документација - изградба на апартмани, за хотели, воден парк, спортски терени, спа-центар, а до крајот на март идната година треба да се изградат и две жичарници.
Целата инвестиција треба да се реалзизира за четири години, а единствен проблем е пристапниот пат кој води до терените на Кожуф. Локалната самоуправа Кавадарци прави напори за изградба на пат до село Бохула на падините на Кожуф, но изразува надеж дека наскоро со помош на Владата ќе биде изграден и регионалниот пат 112 кој води до ски-центарот.
На простор од над 4.000 метри квадратни и површина од 55 хектари треба да се изградат сто нови апартмани, за почеток, пречистителна станица и првиот помал хотел којшто ќе располага со 60 соби.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов рече дека влезот на MG е од големо значење за локалната самоуправа бидејќи во минатиот период со одлука на Советот на Општината било одлучено да се ослободи ски-центарот Кожуф од плаќање на комуналиите. Тој очекува со новиот проект да се вработат многу луѓе од Кавадарци и од Гевгелија, а останува само да направат максимални напори за изградба на пристапниот пат до селата Крњево и Бохула.

Comment