Another useless exercise, but something to keep an eye out for. I previously had a copy of the old one (which wasn't much better than the Interim Accord).
Детали од договорот за добрососедство со Бугарија за неколку недели
http://vecer.com.mk/?ItemID=CDBD1A3D...54BEB0603A09F5
По неколку одржани состаноци, досега нема дефинирани заклучоци од средбите на работните групи меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија во однос на добрососедските односи, но за неколку седмици би имале слика за тоа што може да очекуваме од евентуалниот договор за добрососедство со Бугарија, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Двете групи дискутираат за иницијативите, меѓу кои има и македонски предлози што Попоски очекува да бидат прифатени од бугарска страна.
- Комуникацијата која се одвива меѓу работните групи се однесува и на сите оние домени за кои сме поднеле иницијатива и за кои сметаме дека можат да бидат пресретнати од страна на нашиот сосед. Во тој контекст има многу работи што можеме да ги реализираме независно од имање или немање договор, бидејќи соработката се гради преку конкретни гестови. Што поскоро ги затвораме прашањата, било да се однесува на договорната соработка, бидејќи не треба да заборавиме дека постои широка договорна основа, не се работи само за еден документ, подобро ќе биде. Мислам дека за неколку седмици би имале слика за тоа што можеме да очекуваме. Ние имаме исклучително отворен и конструктивен пристап во комуникацијата со сите соседи, вклучувајќи и со Република Бугарија. Сметаме дека секој оној чекор кој може да ни овозможи подобро интегрирање, подобра соработка треба да го поздравиме, изјави Попоски.
Коментирајќи ги активностите, бугарски парламентарци и предлагањето амандмани за Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа и Европскиот Парламент, Попоски порача таквите предлози да покажуваат тенденција за добрососедство.
- Јас секогаш тргнувам од принципот дека не треба да го правиш на својот близок она што не сакаш да ти го прават тебе. Мислам дека имаме многу широк материјал и многу добра основа за конкретна билатерална соработка, која може и натаму да не приближува, која може да не европеизира во односите и мислам дека таму треба да ја фокусираме енергијата, а да не трошиме толку енергија на оние работи што можат секогаш да бидат злоупотребени за креирање на перцепција за немање добрососедство, изјави Попоски.
Министерот Попоски додаде дека во Минхен не се сретнал со неговиот грчки колега Аврамопулос, но шведскиот министер за Карл Билд потврдил дека неговата земја е принципиелен поддржувач на отворањето на пристапни преговори на Македонија со ЕУ и смета дека земјава заслужува неодложно да го отпочне процесот на преговори. Попоски побара и земјите од соседството кои се членки во Унијата да бидат поактивни и да дадат придонес за македонските интеграции. (В.С.)

Comment