Its starting to spread around Macedonia now
Well Done people
Премиерот на Јужна Австралија ги разгневи Македонците
[Премиерот на Јужна Австралија ги разгневи Македонците] СИДНЕЈ / 8.02.10 / 17:07
Премиерот на Јужна Австралија, Мајк Рен би можел да се соочи со обвинување за поттикнување на расна омраза по бесот што го предизвика кај Македонците, по говор на грчки фестивал, што се заканува да прерасне во голем дипломатски скандал.

Амбасадата на Република Македонија во Канбера, како што пишува денеска весникот „Аустралиан“ ги осудила коментарите на Рен, што вклучувале и обвинување дека претседателот Ѓорге Иванов ја „ја поттикнува неволјата“ на опасен начин и се обидува да ја украде грчката историја и култура.
Рен, како доказ за тоа го цитирал именувањаето на македонскиот аеродром, како и автопатот според Александар Македонски.
Портпаролот на македонската амбасада како што пренесува „еРепортер“, за весникот изјавил дека амбасадорот чека совет за да врачи формален протест до австралиската влада.
Портпаролот на опозцијата задолжена за надворешни работи, Џули Бишоп го повика шефот на дипломатијата Стивен Смит, да го укори Мајк Рен, кого таа го овбини за „експлоатирање на чувствително меѓународно прашање меѓу Грција и соседна Македонија за политичка цел“, во изборите што треба да се одржат наредниот месец.
„Господин Рен ја злоупотреби неговата позиција, како премиер на една сојузна држава и господин Смит треба да го доведе во ред“, рече Бишоп.
Таа, исто така рече дека шефот на дипломатијата треба јасно да и стави до знаење на Македонија дека изјавите за поддршка од поранешниот министер за труд Ник Болкус, се непримерни.
Премиерот на Јужна Австралија ги соопшти своите коментари на грчкиот фестивал во Аделаида, во ноември лани, но видеото и стенограмите од овој настан дури сега беа објавени од страна на печатот.
Рен, соопшти дека неговата влада ќе остане „цврста и непоколеблива“ во поддршката кон Грците. „Тоа е важно поради тоа што никој нема право да ја краде историјата или културата на друга нација“, рече тој.
„Имаме лидер во Иванов, кој подбуцнува неволји на најопасен можен начин“, рече Рен.
Македонската заедница во Јужна Австралија брои 3.000 лица од вкупно 84.000 коклу што живеат на континентот, пишува „Аустралиан“.
Контроверзите околу целиот случај се подгреаја откако премиерот на Австралија, Кевин Руд побара поддршка од Македонија за место во Советот за безбедност на ООН и кој утре планира да одржи форум за подобрување на односите меѓу двете земји.
Џејсон Камбовски, претставник на Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, изјави дека премиерот на Јужна Австралија „ја наклеветил“ македонската заедница. Според наше гледање, тој предизивика расна омраза и понижување.
„Јасно е дека ова е надвор од нештата, што еден премиер може да ги искаже и ние за ова ќе побараме правен совет“./крај/

Comment