Could it be that the EU is starting to get sick of Greece?
Германски колумнист - Грција да си го смени името
[Германски колумнист - Грција да си го смени името] МИНХЕН / 4.02.10 / 12:12
„Република Грција стекната со измама преку статистички трикови со еврото“, е новото име што за Грција го предлага германскиот колумнист Андреас Тисен.
„Има многу причини поради кои не треба да и се помогне на Грција, а една од нив е и нејзиниот арогантниот однос кон Македонија“, пишува во својата редовна колумна за германското издание на „Фајненшл Тајмс“ угледниот германски политички колумнист.
Во својот текст, Тисен ја анализира должничката криза во Грција и изнесува цврст став дека на таа земја не треба да и се помогне.
Меѓу причините поради не треба да и се помогне на Грција, тој го наведува и спорот со името, потенцирајќи дека „Грците веќе 20 години им досадуваат на соседите“.
„ Грците веќе 20 години им досадуваат на своите соседи Македонците. Соседите Македонци не може да се нарекуваат Македонци, само поради тоа што во Грција има регион кој што го носи истото име. Така Грција го примора својот сосед, во Обединетите нации да го смени официјалното име на државата во „Поранешна југословенска Република Македонија“. Атина не е казнета дури ни поради оваа своја каприциозност. Од таа причина Грција би требало да го смени своето официјално име во „Република Грција стекната со измама преку статистички трикови со еврото“. И тогаш ние би морале уште еднаш да се преиспитаме“, пишува Тисен во својата колумна.
Тој потсетува дека во ЕУ се стравува дека банкротот на Грција ќе загрози и други држави во Унијата.
Грција поради лошата економска политика има огромен надворешен долг, а членките на ЕУ се помалку веруваат дека државата ќе успее да се извлече од кризата“, пишува Тисен во колумната под наслов „Игнорирајте ја Грција“.
Тој наведува дека на Атина не би требало да и се помогне и бидејќи Грците „се навикнати на оскуден живот уште од периодот на Спартанците“.
„Денешните Грци исто како и Спартанците имаат единствена историска шанса. Ако 300 Спартанци успеаја кај Термопили да ја сопрат персиската доминација, тогаш неколкумина должници не би требало да преставуваат проблем за современите Грци“, додава германскиот колумнист. /крај/еР/мс

to the friends of macedonia.
Comment