Протест за антимакедонската кампања во Австралија
Македонската амбасада во Канбера ќе упати писмен протест до Владата на федералната држава Јужна Австралија по објавените видео- снимки од говорот на премиерот Мајк Ранон во кој ја обвинува Македонија за крадење на грчката историја. Припадниците на македонската заедница во Австралија реагираат и на обвинувањата против македонскиот претседател Иванов, кој според лобистот на грчката заедница величел македонска култура, различна од грчката со што предизвикал опасни инциденти.
- Повторно го имаме лидерот господин Иванов кој предизвикува проблеми на најопасен начин. Тој го смени името на аеродромот во Александар Велики, автопатот го преименува во Александар Велики . Во словенските делови повторно се мешаат работите како во почетокот на деведесеттите поради политички причини, вели Ранон.
По дипломатскиот инцидент предизвикан од Ранон претставници на Обединетата македонска дијаспора со седиште во Вашингтон се сретнаа со австралискиот министер за култура, а остар протест е упатен и до Ранон кој изјави дека Македонците во Австралија и претседателот Иванов немаат право да ја крадат туѓата историја и култура. Во говорот Ранон им се обраќа на Австралијците со грчко потекло на кои им ветува дека останува цврст во одбраната на грчката кауза. Во изјава за австралиските медиуми Ранон вели дека нема да биде замолчен и дека ќе продолжи да зборува за работи во кои што верува. По дипломатскиот скандал австралиските медиуми објавуваат дека Ранон е инволвиран во секс- скандал со келнерка во австралискиот Парламент.
Comment