Атина под притисок на Друштвото на народите официјално го призна македонското малцинство уште во далечната 1925 година. Тогаш го издаде познатиот „Абецедар“, буквар за школување на Македончињата. Меѓутоа, таа никогаш нема да дозволи да почне да се користи во училиштата. Подоцна ќе се разбере дека тоа, всушност, била само една од многуте валкани игри за да ја залаже меѓународната организација дека ги почитува правата на малцинствата, обврска што ја презела уште во 1920 година со договорот потпишан во Севр, Франција.
Интересна е хронологијата како се роди првиот македонски буквар, кој беше препечатен пред две години од Македонците во Егејска Македонија и промовиран во Солун. Во 1924 година на свечена седница на ОН во Женева била потпишана конвенција меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија, Христо Калфов, и на Грција, Николаос Политис, за еднаков третман на „бугарското“ малцинство во Грција и на грчкото во Бугарија, иако Софија немала право да говори за македонското малцинство и да го штити со меѓународни договори. Во седиштето на Друштвото на народите на овој настан му било дадено големо значење. Бугарскиот парламент веднаш ја ратификувал конвенцијата, но такво расположение не постоело во Грција, така што нејзиниот парламент одбил да го потврди договорот.
Набргу потоа еден член на Долниот дом на британскиот парламент, кој сметал дека е направена неправда спрема малцинствата во Грција, на седница во февруари 1925 година поставил прашање дали британската влада ќе преземе нешто во ОН за Грција да ја ратификува конвенцијата со Бугарија. Така, тогашниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Остин Чемберлен, еден месец подоцна побарал Советот за безбедност на ОН да ја праша Грција што сторила за потпишувањето на Конвенцијата во врска со задоволување на правата на словенското, како што го нарекла македонското малцинство, и какви мерки според Грција се потребни за образование и вероисповед на тоа малцинство.
Министерот Чемберлен го поставил прашањето пред Советот, а Грција, наоѓајќи се под силен притисок на меѓународната заедница, морала, ако ништо друго, барем на хартија да преземе нешто за правата на македонското малцинство. На седницата на Советот на ОН, одржана во јуни 1925 година, грчкиот претставник ги информирал неговите членови за мерките што веќе ги презела или ќе ги преземе нивната влада. „Прво, во државниот буџет ќе предвиди кредит за поддржување на училиштата на словенското малцинство. Второ, според чл. 9 од договорот за заштита на малцинствата, ќе изработи специјална програма за отворање општествени училишта за тоа малцинство. Трето, подготви потребен кадар и ќе издаде учебници на сметка на државата. И четврто, ќе им се дозволи на верниците сами да ги избираат своите советници“, информирал грчкиот претставник.
Сакајќи да и' покаже на Европа дека има искрени намери, Атина го издала „Абецедарот“. Тој бил отпечатен на леринско-битолско наречје и неколку примероци биле испратени во седиштето на ОН во Женева. И се завршило на тоа. Практично, Грција не реализирала ништо од она што го ветувала пред меѓународната заедница. „Независно од грчкото лицемерие во врска со букварот, во времето на неговото издавање употребата на македонскиот јазик во секојдневниот живот, дома, на пазар, на улица била широка. На македонски јазик со грчки букви биле напишани многу фирми на продавниците и друго. Со него се комуницирало и во судовите“, вели академик Иван Катарџиев, кој го истражува прашањето на асимилацијата на Македонците во Грција.
Обединетите нации често пати испраќале свои претставници за да проверат колку Грција го спроведува она што го ветувала, но Атина секогаш со разни трикови и итрини успевала да ги убеди дека словенското малцинство ги ужива сите права. Учителот Пападопулос, кој бил задолжен за пречекот на претставниците на ОН во Воден, вели дека имале многу маки и требало да употребат голема умешност за да и' докажат на Меѓународната комисија дека малцинствата во Македонија ги уживаат сите права. Тој вели дека дента кога организирал презентација на училиштата пред Меѓународната комисија ги излажал учениците и им рекол дека на станицата во Воден минува министерот за образование и дека сите треба в раце да веат грчко знаме и да пеат патриотски песни. „Им препорачав на учениците во случај да бидат прашани на улица или, пак, на железничката станица дали знаат друг јазик, освен грчкиот, да одговорат негативно. Оваа презентација на училиштата беше претставена со целосен успех“, признава грчкиот учител како биле излажани претставниците на Обединетите нации. А и тие во Грција доаѓале формално и многумина од нив се правеле дека не ги забележуваат провидните лукавства на домаќините.
„По обичај, во однос на извршувањето на своите обврски кон малцинските права на македонското малцинство на својата територија, Грција ќе примени двоен стандард. На внатрешен план ќе им даде целосна слобода на државните органи задолжени за асимилација на македонското малцинство и на разните националистички парадржавни организации да се служат со се' што можело да го забрза процесот на погрчување на македонскиот етнос. Меѓутоа, на надворешен план постојано ќе инсистира и ќе ’докажува‘ дека доследно ги почитува обврските од договорот кон националностите и конкретно кон македонското малцинство“, пишува академик Катарџиев.
Истовремено Грција ќе го убедува светот дека по потпишувањето на Грчко-бугарската конвенција за доброволна размена на население и нејзината реализација, во неа немало повеќе „славофони“ и дека сите тие емигрирале во Бугарија. Таа ќе тврди дека од нејзина територија 101.000 лица си заминале во Бугарија, а 52.881 Грк од Бугарија се доселиле на нејзина територија, што не е вистина, зашто бројот на иселените Македонци во Бугарија бил трипати помал и изнесувал 32.232.
Отпечатениот „Абецедар“, иако Македончињата во Грција никогаш не почнале да учат на него, предизвикал бурни реакции кај соседните држави, посебно во Софија. Бугарскиот професор Љубомир Милетич вели: „Бидејќи од политички причини се прифати македонските бугарогласни да се именуваат, не со нивното сопствено име Бугари, туку со едно конвенционално име Словени, грчката влада го искористи тоа за своите бугарогласни поданици да ги третира како некаква нова, сега откриена народност, без своја писменост, без литературна традиција, без нормиран литературен јазик“.
Професорот Иван Шишманов вели дека целта на издадениот „Абецедар“ бил обид „славофонското население во Македонија со писмото и со јазикот да се оддалечи од бугарската опасност“. Тој ја обвинува грчката влада за издавањето на букварот, подвлекувајќи дека тоа ќе и' се врати како бумеранг. „Таа сака да создаде сосема нов, специјален литературен јазик за да може уште повеќе да ги оддалечи овие славофонски субјекти од бугарското влијание, ризикувајќи со тоа во своите граници да потхранува македонски сепаратизам многу поопасен за Грција“, ќе изјави тој.
На ист начин реагирала и владата на Кралска Југославија. Тоа може да се види од телеграмата што ја испратил италјанскиот амбасадор во Рим. Тој им јавил на своите претпоставени дека штотуку примил информации кои говореле дека владата на СХС била возбудена поради систематски лошиот третман наложен од грчките власти врз Македонците „кои зборуваат српски или ја изразуваат својата етничка припадност со Србите. Таа ќе испита наметнување слични средства кон лицата во Кралството

Comment