Бугаринот Милен Радев, кој живее во Берлин и како официјален преведувач ги придружуваше највисоките македонски државни претставници што доаѓаа на политички разговори во германската престолнина, во есеј за "Буре барут" го негира постоењето на мак
На еден од најубавите саеми - Празникот на книгата во Лајпциг, за првпат неделава се претставува литературата на Македонија. Презентацијата е историска зашто земјата првпат има организиран настап на нејзините издавачи на еден заеднички штанд, но и поради тоа што поетите на сопствената презентација мораа да ги бранат идентитетот, историјата, јазикот во четвртокот доцна попладне, на отворената дискусија посветена на македонската литература и на десеттемина автори презентирани во последниот број на австриското списание "Осило".
Меѓу десетте еминентни македонски автори, како Богомил Ѓузел, Горан Стефановски, Венко Андоновски, Теута Арифи, Румена Бужаровска, Салајдин Салиху, Кица Колбе, Никола Маџиров и Лидија Димковска, во текстот во "Осило" се најде и извесен Милен Радев, кој во есејот посветен на изведбата на "Буре барут" на Дејан Дуковски, а во режија на бугарскиот режисер Димитер Гочев во Берлин, целосно ги негира македонската нација, јазик, писмо, историја.
Модераторот на дискусијата, инаку автор и филозоф Кица Колбе, и поетите кои, всушност, требаше да го презентираат своето творештво Никола Маџиров и Лидија Димковска, жестоко одговорија на нискиот удар на австрискиот издавач кој негаторот на македонскиот народ, јазик и писмо го смести меѓу македонските литерати. Лидија Димковска емотивно потсети дека тоа е судбината на Македонците - во 21 век место на подиум слободно да читаат литература, мораат да ја бранат нацијата. Таа без влакна на јазикот кажа дека текстот и ставот на Радев, презентирани во "Осило", се "профашистички, зашто поинаку не може да се протолкува негирањето на Македонија и наметнувањето на идеите за Голема Бугарија".
Милен Радев живее во Берлин, а неговиот татко по потекло е од Западна Македонија. Тој досега редовно беше ангажиран како официјален преведувач и ги придружуваше највисоките македонски државни претставници што доаѓаа на политички разговори во германската престолнина. Или, со други зборови, лебот го вадеше од држава и народ кои, според него, се измислени!

tatarski dushmani !