Над 230.000 млади луѓе иселени од МК
Collapse
X
-
how many includes albaninans DA?"Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
GOTSE DELCEV
-
-
Sigurno i Makedonci i Albanci se izseleni, znam vamu vo New Jersey sekoj vtor den ke dojdit nekoj nov od kaj nas (makedonec). Sega od tie 230,000 dali pojke se nasi ili shiptari ne znam i nevervam deka i nekoj od vladata ke kazit to4no.
Mojeto mislejne e deka pojke shiptari se imet od Makedonci izseleni, ama ne vervam da imat ogromna razlika, ama koj znajt, kaj nas sve e mozno.
Comment
-
-
the Macedonian govt should have done something to protect this little country Macedonia from the possessive Albanians who will stop at nothing.We have not got the pleasure of calling our country our tatkovina.It has become somebody else's abode.as if by default.Given a chance there are many thousands of Macedonians in the diaspora that might have returned to retire in their tatkovina.When is the Macedonian govt going to stop pussyfooting with the Albanians & call fresh counts of how many Albanians there are.Take action if all that falsifying exists.I'm sure there are far less Albanians then what the Albanians claim.For the simple reason the Macedonian govt has allowed it to happen.Grujo & everyone else STOP PUSSYFOOTING ,grow some BALLS & take some action to PROTECT MACEDONIAN SOVEREGNITY.
Nie vo diasporata ne sne veseli so nikoj edna strana site ne ni dadoa support kako so trebat. Grujo trebat mackata da ja frlit I da negi protektuvat albancite kako makedonski drzavlani.Albancite samo sakat da ne delaat za nivnata pogolema Albania.Kolku imaat luge saspani I nemaat gajle,drugi luge my go resaat zivotot I idninna.Imaat ta refleksia do sega na nikoj gore nemy e gajle.Malku malo da napraat nesto?Koga imame slaba drzava da napraj nesto da controlorira za nasata status kako makedoska drzava togash nesto mozit da se naprait.Last edited by George S.; 11-16-2013, 08:16 PM."Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
GOTSE DELCEV
Comment
-
-
Експертите одговараат: Зошто екстра таленти како Бојан Мавков*, својата среќа ја бараат надвор од Македонија?
Европскиот институт за статистика „Евростат“ пред околу половина година излезе со податок дека државата ја напуштиле 230.000 претежно млади луѓе. Дополнително фрапантен е податокот што се повеќе млада интелгенција ја напушта Македонија и речиси и да не размислува за враќање назад. Приказната на Бојан Мавков, која вчера ја објави „Фактор“, беше доволна провокација за домашната експертска јавност да даде одговори на прашањето како да се запре одливот на млади умови надвор од границите на земјава. „Фактор“ разговараше со Аница Драговиќ, продекан на Филозофскиот факултет, универзитетски професор – експерт за статистика и демографија.
Фактор: Алармантна е бројката на млади луѓе кои ја напуштаат земјава. Зошто?
Драговиќ: Ниедно отселување не е случајно. Тоа е долго промислувана одлука која произлегува од контекст на средината во која се живее и достапноста на информациите и карактеристиките на местото на доселување. Во таа смисла може да се каже дека отселувањето или намерата на младите лица да ја напуштат нашата државата е поради нивниот оптимизам, нивните очекувања и надеж дека некаде е подобро, отколку каде се наоѓаат во моментот. Очекувањата се дека во земјите со постабилна економија и социјална сигурност животните можности се побројни. Очекувањата се дека во тие земји заработувачките се повисоки. Можноста и условите за работа во научно-техничките и другите научни истражувања се подостапни, но и изгледи да се напредува во работната кариера се поголеми. Очекувањата се дека има подобри услови за живот и живот ослободен од егзистенцијални проблеми.
Одливот на младата интелегенција сериозен проблем. Стратегија има, но дали се имплементира?
Фактор: Дали досега е изработена некоја сериозна стратегија за спречување на одливот на млад кадар?
Драговиќ: Според моите сознанија, без исклучок, во сите постоечки државни стратешки документи, кои се однесуваат на населението и неговиот развој, миграциите, а особено миграциите на младите лица, како и миграциите на лицата кои се висококвалификувани, лица кои имаат завшено универзитетско образование се истакнува како проблем и се соодветно се предлагаат насоки на делување. За мене, ова се факти кои говорат дека државата е свесна за овој проблем и го прифаќа како проблем кој може да има свои последици врз понатамошниот развој на населението, како во демографска, така и општествена и економска смисла на зборот. Она што јас го знам, е тоа дека во јавноста имаше најава дека се подготвува стратегија за превенција или намалување на т.н. одлив на умови и моите очекувања се тоа да биде документ кој на сериозен начин ќе пристапи на овој многу комплексен проблем. Како што е впрочем состојбата и во другите стратешки документи. Имено, во сите стратешки документи кои се однесуваат на развојот на населението, вложен е голем труд и сериозно и претпазливо се дефинирани насоките и мерките и активностите, размислувајќи за одржливоста на истите, како и за нивната усогласеност со меѓународните документи и практики.
Но, за мене многу позначајно е дали има имплементација на истите? Дали се следи и до каде е имплементацијата на истите? Дали кога ќе се направи SWOT анализата претежнуваат силните наспроти слабите страни, односно дали се поголеми можностите отколку заканите истите да се остварат? Морам да истакнам дека остварувањето на било кој стратешки документ кој се однесува на развојот на населението, во голем дел зависат од пошироката средина, резултатите треба да се очекуваат на подолг рок, но и многу чинат финансиски. За да се имплементира еден стратешки документ во сферата на развојот на населението, потребен е поинтегративен пристап за негово остварување и многу силна интерсекторска соработка. Потребно е заедно да се делува и во сферата на економијата и во сферата на образованието, здравството, но и да се внимава да не се загрозат основните права на човекот. Потребна е поизразена активност на сите актери во македонското општество, не само на државните институции, туку и на приватниот сектор, на локалните заедници и така натаму, но не само во еден момент, туку да се тоа подолготрајни заложби.
Државата да размисли како да се намали одливот на млади умови
Фактор: Имаме ли ние истражување колкав е одливот на млада интелегенција во последниот период?
Драговиќ: Секако дека проблемот на одливот на умови е препознаен и меѓу научната јавност и тоа се изразува преку истражувања, проблематизирање на овој феномен во научните списанија, во јавноста, па и преку дискусиите кои ги имаме на часовите со нашите студенти. Постојат истражувања на оваа тема, истражувања поддржани од различни институции или поединици, но би рекла дека потреба за истите с уште постојат. С уште имаме прашања за кои сме должни како општествени истражувачи, научници да дадеме одговор. Да дадеме одговор за потенцијалите за отселување од државава, но да ги анализираме и процесот на прилагодување и интегрирање на нашите во светот.
Фактор: Кои се вашите препораки како треба да реагира државата за да се запре одлевањето на младите умови?
Драговиќ: Да се делува во насока на подобрување на отварањето на можностите за поголема перспектива, отварање на можностите за вработување, остварување на можностите за задоволување на езистенцијалните потреби и квалитетен живот, но исто така и континуирано следење, емпириско документирање на овој феномен. Она што сакам да истакнам е тоа дека не треба да се има негативен однос кон овој феномен. Точно е дека државата со отселувањето губи квалитетен човечки капитал, ја губи својата инвестиција која ја дала преку процесот на образование, но феноменот brain drain или одливот на млади умови е с поприсутен. Светот се менува, а меѓународните миграции се препознаваат како релевантен фактор на тие промени. Во современиот свет, во ерата на глобализацијата, на размената на умовите се гледа како на нормален феномен. Во услови кога глобализацијата како процес се доближува до својот врв и нејзиното присуство е видливо во сите сфери на делување, на отселувњето на висококвалификуваните лица, нивната мобилност надвор од местото на живеење се гледа како на олеснителна можност помалку развиените земји да се интегрираат во глобалната економија. С почесто се размислува за позитивните аспекти од одливот на умовите, па се истакнува дека тоа е с поголемата мотивација за студирање на оние кои остануваат во земјата, с поголемото зајакнување на меѓународните врски и размена на знаење – на движењето, на луѓето се гледа како моќен извор на трансфер на знаење, технологија, бизнис вештини, мрежа на контакти, дури и трансфер на технологоија. Третиот позитивен аспект се гледа во враќањето во земјата на т.н повратници од кои се очекува со своето знаење, вештини да дадат свој придонес за развојот на земјата, да ги исползуваат своите контакти кои ги имаат во странство и да воспостават контакти во академската средина, но и на полето на истражувањата и на тој начин да дадат свој придонес за развојот на економијата.
Имајќи ја на ум масовноста на овој феномен ми се наметнува размислувањето дека кога зборуваме за одливот на млади умови во Р. Македонија треба да се размислува: 1. како да намали одливот на умови (во услови на глобализација тој не може да се запре) 2. да се разгледа можноста за бенефитот кој може да го има државата, општеството од нивното привремено враќање во нашата држава. Превенцијата од идно емигрирање на младите луѓе наложува заеднички напори на многу институции и приод насочен кон подобрување на животниот квалитет на младите од сите аспекти (образование и квалификација, работа и професионално оспособување, семејство и деца, домашни услови за живот, личен развој, учество во граѓанското општество и др.)
Алармантна состојба – населението старее, бројот на новороденчиња се намалува
Фактор: Како ја коментирате моменталната демографска состојба во Македонија?
Драговиќ: Актуелните демографски трендови со кои се соочува државава, како што се намалување на бројот на родени деца, намален природен прираст на населението и зголемување на учеството на старите лица во вкупното население, всушност, не се ново искуство за нашето општество. Меѓутоа, засилената динамика и последиците се предизвик за нивно следење. Последиците од актуелните демографски текови се согледуваат во контекст на развојот на населението, во контекст на неговата динамиката и неговата структура, но и во контекст на семејството и семејниот живот. Во сферата на семејството преодот кон родителство се одложува, се одложува раѓањето на деца, бројот на раѓања се намалува, а поларизација по однос на бројот на деца помеѓу семејствата се засилува. Разидувањето помеѓу бракот и родителството, разводите, еднородителските семејства и бројот на лица кои живеат сами, стануваат се позастапени. Ваквата ситуација со која се соочуваат сегашните генерации, ќе има поизразени последици врз идните генерации во Република Македонија.
Фактор: Според старосната структура, дали населението старее и ако е така која е причината за таквиот факт?
Драговиќ: Населението старее и тоа се должи, од една страна на намалување на бројот на раѓања, а од друга страна на подолгиот животен век на населението. Како резултат на овие процеси за помалку од шеесет години, македонското население прескокна дури три стадиуми на демографското стареење и денес се наоѓа во стадиумот на демографска старост. За илустарција, во 1994 година учеството на населението на возраст од 0 до 14 години се намалило од 33,2 проценти на 17,1 проценти во 2011 година. Наспроти тоа, учеството на старото население се зголемува и тоа од 8,5 проценти (1994) на 13,7 проценти (2011).
Фактор: Имате ли сознанија за миграциите? Изминативе години с е стационирано во Скопје, па се позабележливо е бегањето на луѓето од малите градови во главниот град?
Драговиќ: Македонија ги има карактеристиките на миграционо подрачје, а тоа се внатрешни миграции и тоа од село кон град и од селата и од помалите градови кон Скопје. Дополнително, покажува и континуиран процес на отселување во другите поразвиените држави, како во Европа, така и кон останатите континенти. Мерено според структурата на населението од аспект на тоа дали било кога го менувале своето место на постојано живеење, од вкупниот број на лица во Скопскиот регион, 63,3% во периодот на Пописот 2002 година се идентификувале како автохтоно население. Според податоците од Пописот од 2002 година, во Скопскиот регион биле најбројни внатрешните миграции и тоа 73,4%, во однос на останатите региони. Кога станува збор за меѓународните миграци односно доселувањата од странство, Скопскиот регион има за 7,2% нови жители кои се доселени од други држави. Миграционото салдо (разликата помеѓу бројот на доселени и отселени лица) е позитивно. Во периодот од 2005 до 2010 година бројот на доселени лица е за 3513 поголем од бројот на отселени на ниво на Град Скопје. Во споменатиот период се забележува тенденција на намалување на разликата помеѓу доселените и отселените лица.
Фактор: Дали ваквата тенденција на мигрирање во Скопје може да значи изумирање на малите градови?
Драговиќ: Се поинтензивните доселувања во Скопје од другите градови во Р. Македонија доведоа до тоа да расте и бројот на населението во Скопје. Не мислам дека ќе дојде до изумирање на малите градови, бидејќи с уште доселувањето од селата кон градовите продолжува, но со помал интензитет и во асполутна и во релативна смисла на зборот.
Фактор: Кои се вашите препораки како да се реагира за миграциите?
Драговиќ: Континуирано следење на надворешните миграциите. Подобрување на миграционата статистика. Заеднички напори на сите институции да делуваат во насока државава да биде прв избор за живеење на сите граѓани, а тоа ќе се постигне само со позитивен развој на државаа во насока на создавање услови за еднакви можности на квалитететен живот и развивање на мерки и активнсоти за активни миграциони политики.
Фактор: Кои се претпоставките за 50 години, дали Македонија ќе биде земја само со старци?
Драговиќ: Тоа е далечен период и потешко е да се претпоставува, но сигурно е дека ќе се зголемува учество на старото население и според проценките на Обединеттие нации очекувањата се дека населението на возраст од 65+ години да учествува со повеќе од две десетини во вкупното.
izvor: http://faktor.mk/archives/83555#
*СТОРИЈА: Како и зошто Бојан Мавков, студент на генерацијата, ја напушти Македонија?
izvor: http://faktor.mk/archives/83422Last edited by DedoAleko; 11-17-2013, 07:27 AM.
Comment
-
Comment