Шокантни и неверојатни изјави на Бан Ки Мун од вилата „Билјана“ во прилог на Македонија
Посетата на генералниот секретар на Обединетите Нации можеби нема да донесе значајно поместување во спорот за името, но сигурно ќе предизвика гнев и незадоволство во Атина и нови искри на релација Ист ривер – Атина.
Поради планот на Бан Ки Мун да не патува во Атина тој гнев најверојатно ќе биде пренесен на Метју Нимиц кој в четврток патува на средба во Солун. Причината за гневот на Грција ќе биде вокабуларот на генералниот секретар кој вечерва пристигна во Охрид по што веднаш се сретна со членовите на школата за лидери која се одржува под покровителство на претседателот Иванов. Откако на почетокот на своето обраќање пред школата тој во неколку наврати земјава ја ословуваше како вашата убава држава, подоцна одговарајќи на прашање тој рафално го користеше зборот Македонија или уставното име Република Македонија, дури и раскажа како во младоста како студент го користел зборот Македонија кога дошол во Њујорк постојано слушал за англискиот назив Маседонија. Втората и многу поинтересна изјава дадена од него денеска се однесуваше на прашањето кога и дали некој треба да направи компромис.
Иако оваа изјава не е директно поврзана со спорот за името вечерашната, според вашиот известувач шокантна изјава, на Бан Ки Мун ќе биде сериозно дополнително анализирана од властите во Скопје и особено во Атина каде Бан Ки Мун ќе биде прогласен за непријател на Грција. Со својата изјава тој практично го отвори прашањето дали правото на самоодредување и самоименување е политичко или е загарантирано универзално право кое се добива со раѓање. Кога се работи за универзални права и принципи Обединетите Нации никогаш не прават компромиси, рече Бан Ки Мун, притоа нагласувајќи дека кога се работи за други прашања и политички теми ако процентот на компромисот оди до прифатлив процент може да се направи компромис.
Веднаш по обраќањет, генералниот секретар беше гостин на свечената вечера организирана од претседателот Иванов на која неформално ќе се отворат прашањата кои рано изутрина двајцата соговорници ќе ги допрат подетално . Се разбира исто како и со медијаторот Нимиц кој претходно се сретна со претседателот Иванов и премиереот Груевски и изутрина централна тема на разговорите е прашањето за името. Македонските позиции се јасни, Македонија е подготвена за суштински преговори, а од Бан Ки Мун и од Нимиц се бара да ги интензивираат разговорите или со други зборови да се обидат да ја пртиснат Грција сега кога има нова влада да влезе во сериозни разговори за името.
izvor: http://strugamk.wordpress.com/2012/0...%D0%BD-%D0%BA/

Comment