Во Мала Преспа откриена праисториска гро

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    Во Мала Преспа откриена праисториска гро

    Во Мала Преспа откриена праисториска гробница на островот Мал Град

    Заедничка грчко-албанска археолошка експедиција во Пустец на остовот Мал Град открија десетина нови наоди кои даваат вредност на археолошкото наследство на Мала Преспа. Од ископувањата на албанските и грчките археолози пронајдена е гробница со десетина гробови кој датираат од праисторијата од бронзен до византиски период.

    Ова, зеадничка албанско-грчка експедиција. трета година по ред истражува на островот Мал Град и според археологот Икономидис Ставрос од досегашните истражувања се потврдува продолжетокот на животот во ова населено место.

    Skeleti-Ostrov-Mal-GradПронајдените 10 стари гробови, со скелетни остатоци, се поставени во правец исток-запад.

    Помеѓу овие гробови има заеднички карактеристики, но, исто така, и посебности кој ке бидат предмет на истражување на археолозите и антрополозите.

    Скоро сите гробови се без ивентар. До нив, не се најде накит или други предмети со археолошка вредност.

    Гробовите се поставени во гробницата во четири дела. Секој гроб е одвоен од другиот со ѕид, додека целата гробница е опкружена со ѕид, карактеристика од римскиот период.

    Проектот за заедничка екпедиција предвидуваше да трае три години, но со оглед дека тука е откриен богат археолошки фонд, раководителите на ова експедиција побараа ископувањата да продолжат уште две години.

    Со овие ископување се покажа дека островот Мал Град е населен уште од праисторијата а не само од периодот на Цар Самуил, каде тука, се наоѓала летната палата на Цар Самуил.

    Исто така заедничка француска албанска експедиција продолжува со своите истражувања кај Неолитското живеалиште (7000 години п.н.е) Острово кај Туминец.

    Пред неколку години во водите на Преспанското Езеро, германско-албанска експедиција изврши прво подводно археолошко истражување во Албанија блиску до с.Туминец кај месноста викана Старо Село, каде се откри подводно живеалиште од Бронзениод период.

    Мала Преспа е едно место со историски вредности. Таа е населена уште во времето на Неолитот (7.000 години п.н.е). Тука се простира една богата историско-археолошка област како Неолитскот живеалиште (7.000 години п.н.е) Острово кај с.Туминец, подводното живеалиште на местото викано Старо Село кај Туминец од Бронзен период, Римскиот пат (2 век н.е) што ги поврзува селото Долна Горица со местото Набели, Ѕидот на Александар трети Македонски на планинскиот премин Ќафата Звезда.

    Во областа Мала Преспа се наоѓаат многу цркви и еден манастир, од различни историски времиња. Многу познати за своите вредности што ги имаат се пештерските цркви од Византискиот и Пост-Византискиот период од 12, 13, 14 и 15 век, кој се наоѓаат во пештери на брегот на Преспанскот Езеро.

    Васил Стерјовски

    Заедничка грчко-албанска археолошка експедиција во Пустец на остовот Мал Град открија десетина нови наоди кои даваат вредност на археолошкото наследство на Мала Преспа.
  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15659

    #2
    Very interesting.
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    Working...
    X