ДПМНЕ дозволи регистрација на РАДКО

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • ateist
    Junior Member
    • Jul 2011
    • 6

    ДПМНЕ дозволи регистрација на РАДКО

    1)
    При заседанието си на 17.06.2011, върховният съд на БЮР Македония е рaзгледал молбата на българското сдружение Радко от град Охрид за пререгистрация.

    Официално съдът е преразгледал молбата и по силата на закон Nо 47 внезапно този път не установил причина, поради която такова сдружение, да не може да бъде пререгистрирано. Върховниятъ съдъ е отхвърлил решението на апелативният съд от 2009 година в град Скопие на. След такова решение на съда, сдружението РАДКО ще бъде пререгистрирано в най-близко бъдеще.

    Всъщност, разбира се става дума за съдебната система на БЮРМ, където подобни решения са силно политически мотивирани и подобна странна справедливост идва след дълга битка и международен натиск.



    2) РАДКО

    Здружение РАДКО (буг. Сдружение РАДКО) е самостојна, општествена, национално-културна и политичка организација на Бугарите[1] во Република Македонија основана на 24 мај 2000 г. Седиштето на организацијата е во градот Охрид. Претседател на организацијата е Владимир Панков (роден Владимир Паунковски) од Охрид. Називот на граѓанското здружение доаѓа од псевдонимот на Иван Михајлов Радко.

    Здружението се залага за целосно остварување на правата на Бугарите во Македонија: Бугарите од Република Македонија да претставуваат конститутивен елемент во Уставот на државата; еден од службените јазици на државата да биде и бугарскиот литературен јазик; афирмација на бугарската историја и култура; заштита од присвојување и фалшифицирање на бугарската историја и култура; возобновување на потребните културно-образовни и црковни институции во Р. Македонија по моделот на бугарските културно-образовни и црковни институции коишто постоеа на територијата на Р. Македонија во времето на Османската империја; возобновување на духовното и културното единство на Бугарите од Р. Македонија и Бугарите од Р. Бугарија; заштита на Бугарите во Р. Македонија од репресии, полициско набљудување и малтретирање, прогонување, дискриминација и културен геноцид.[9] Во Република Македониjа здружението се обвинува за пропаганда на теории од типот на добропознатите тврдења дека Македонија и Македонците се вештачка творба на Коминтерната и на Србокомунистите, а исто така за промовирање на теории за бугарскиот карактер на историjата на Македонците



    3) ДА НЕМА НЕЈАСНТИИ КОЈ ГО РЕГИСТРИРА АНТИМАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ

    Еден куп судии, роднини на власта

    Објавено: 30.06.2011

    Вишиот Управен суд од денес започнува со работа, а од вкупно 12 судии повеќето се роднини на државни функционери од власта. На новинарско прашање дали смета дека непотизмот во судството ќе влијае во одлучувањето во врска со изборите, министерот за правда Михајло Маневски не коментира.

    Идни судии се Загорка Тноковска досегашен советник во кабинетот на Маневски, а сестрата на истражниот судија Туфергџиќ која досега го водеше случајот Пајажина, од скопски јавен обвинител е унапредена во виш управен судија. И братучетката на старо - новиот претседател на собранието Трајко Велјановски, е одбрана за виш управен судија. Задача на Вишиот Управен суд е да одлучува по случаите кога се тужат државните органи, како и да одлучува по приговорите на политичките партии за неправилности во изборите.


    Вишиот Управен суд од денес започнува со работа, а од вкупно 12 судии повеќето се роднини на државни функционери од власта. На новинарско прашање дали смета ...


    РАДКО=ДПМНЕ НА ГОЛЕМО СИ РАБОТИ НА УНИШТУВАЊЕ НА НАС МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА
  • ateist
    Junior Member
    • Jul 2011
    • 6

    #2
    станува збор за АнтиМакедонско здружение кое било создадено во 2000 год( кога исто така ДПМНЕ беше на власт ) а Уставниот Суд поради неговаата непријателска пропаганда против Македонија го Укинал во 2001 год

    еве :

    У.Број: 168/2000-0-0
    Дата на Донесување: 03/21/2001


    Вовед

    Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр.70/92) на седницата одржана на 21 март 2001 година, донесе

    О Д Л У К А


    Текст

    1. СЕ ПОНИШТУВААТ:

    а) Програмата за работа на Здружението на граѓани "Радко"- со седиште во Охрид, донесена на Собранието на основачите, на седницата одржана на 24 мај 2000 година и

    б) Статутот на Здружението на граѓани "Радко"- со седиште во Охрид, донесен на Собранието на основачите, на седницата одржана на 24 мај 2000 година.


    2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во " Службен весник на Република Македонија".



    5. Согласно член 110 алинеја 7 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните.

    Согласно став 1 на член 20 од Уставот на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.

    Во ставот 2 на овој член од Уставот е утврдено дека граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

    Ставот 3 на овој член од Уставот, пак, содржи императивна норма според која програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката или разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост.

    Имајќи ги предвид наведените уставни одредби наспроти содржината на Статутот и на Програмата за дејствување на Здружението на граѓани "Радко" - Охрид, Судот утврди дека истите се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална или верска омраза или нетрпе- ливост.

    Ова од причина што според учењето на Иван Михајлов "Радко", македонскиот етнос никогаш не суштествувал на овој простор, туку истиот им припаѓал на Болгарите од Македонија и дека со неговото признавање бил направен најкрупниот престап во болшевичката централа за времето на нејзиното суштествување. Имено, според него- вото учење, процесот на дебугаризација на Македонија, насилно спроведен после втората светска војна, претставува србо-комунистичко ропство, а оваа србо - комуни- стичка доктрина и по осамостојувањето на Република Македонија од 1991 година, продолжувала да биде официјална доктрина во државата.

    Поведени од тие причини, основачите на Здружението "Радко" си поставиле основни цели содржани во Програмата на Здружението: издигнување и афирмација на македонското културно пространство со прироитет на културноисторискиот идентитет на славјанското население од Македонија, кое што низ вековите ја пројавувало својата болгарска етничка припадност; воспоставуање на традиционални етички и човекови вредности; незаборавањето на бугарско етничкото потекло на македонскиот народ, што инаку би значело одрекување од неговата традиција и од неговата култура.

    Афирмацијата, пак, на идеите на македонското ослободително движење, според Здружението, всушност значи ослободување од "македонизмот", како србо-комунистичка доктрина и од "измислената македонска нација" која била искористена како отворена врата за влегување на целокупна Македонија во рамките на Југославија.

    Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека Статутот и Програмата на Здружението на граѓани "Радко" - Охрид, се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост, поради што утврди дека истите не се во согласност со Уставот на Република Македонија.

    При заземањето на овој став, Судот имаше предвид дека слободата и правото на здружување и дејствување на граѓаните, како дел од корпусот на слободите и правата на човекот и граѓанинот, е темелна вредност за опстојување и развивање на демократските односи во вршењето на власта во Република Македонија, во чија основа се граѓаните со своите слободи, права, стремежи и интереси, односно за остварување на уставната определба на Република Македонија како демократска држава, поради што оваа слобода и право е изречно гарантирана во член 20 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија.

    Меѓутоа, според оценката на Судот, слободата и правото на здружување, организирање и дејствување не може да се сфати и одобри во целите и изборот на средствата за нивно остварување.

    Имено, принципите и гаранциите на остварувањето на слободата на здружување и дејствување недвосмислено се определени во член 20 став 3 од Уставот, со забраната програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост, како и во членовите 1,3 и 8 од Уставот, кои обврзуваат на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.

    Понатаму, Судот утврди дека Програмата и Статутот на Здружението, гледани од аспект на забраните што се утврдени во член 20 став 3 од Уставот, треба да се оквалификуваат како програмски цели кои директно и експлицитно повикуваат на уривање на уставниот поредок, односно изречно поттикнуваат разгорување на национална омраза и нетрпеливост, и како определби и активности кои објективно значат насоченост кон она што Уставот не го дозволува.

    Во овој контекст, Судот ја имаше предвид и Преамбулата на Уставот на Република Македонија во која се поаѓа од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ и дека секое дејствување усмерено кон негирање на неговата самобитност, всушност е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката, кон поттикнување или разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост и кон негирање на слободното изразување на неговата национална припадност.

    Имајќи го предвид изнесеното, Судот утврди дека и програмата и Статутот на Здружението на граѓани "Радко" - Охрид, се насочени кон насилно уривање на државниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, односно негирање на неговата самобитност и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.


    6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Мил ан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.



    У.бр.168/2000 и У.бр.169/2000
    21 март 2001 година
    С к о п ј е
    сд/.

    ПРЕТСЕДАТЕЛ
    на Уставниот суд на Република
    Македонија
    д-р Тодор Џунов

    Comment

    • Soldier of Macedon
      Senior Member
      • Sep 2008
      • 13675

      #3
      Not a single bulgarophile organisation should be allowed in Macedonia until Bulgaria respects its Macedonian minority, which is a real one, and not a plastic one like these so-called lost 'Bulgars' in Ohrid.
      In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

      Comment

      Working...
      X