Грција повторно се соочува со банкрот и тоа најдоцна во 2013 година, кога истекува европскиот пакет за финансиска помош тежок 110 милијарди евра, пишува „Ди пресе“.
Весникот, кој се повикува на експертите од минхенскиот економски институт „Ифо“, наведува дека Атина има две можности, односно да излезе од еврозоната, вклучувајќи и враќање на драхмата или радикално намалување на платите и на цените. Според виенскиот весник, грчката влада мора да избира помеѓу екстерна или интерна девалвација. Во двата случаја грчкиот извоз ќе поевтини, а увозот ќе поскапи, што претставува шанса билансот на трговскиот дефицит да се намали и да се зајакне конкурентноста на домашната економија. Меѓутоа, оценува „Ди пресе“, и во двата случаја ќе треба да помине извесен период, додека мерките почнат да дејствуваат.
Од друга страна, германски „Тагесшпигел“ пишува дека наспроти очекувањата, Грција минатата година ја реализираше амбициозната цел, односно го намали буџетскиот дефицит од 31 на 19 милијарди евра.
- Но земјата ни оддалеку не ја надмина кризата. Ако програмата за санација се спореди со маратон, Грците досега истрчаа една петтина од патеката, а знаците на изнемоштеност не можат да се предвидат - оценува весникот.
Според „Тагесшпигел“, само со програми за штедење Грција нема да стигне на целта. На земјата и е потребен пред сé економски пораст. Затоа, доверителите притискаат на структурни реформи, како отворање на енергетскиот пазар и дерегулација на досега стриктно утврдената трговија на секторот за транспорт и услужни дејности.
- Грција, според европските норми, одамна мораше да го отвори пазарот на струја. Но досега сите влади потклекнаа пред моќниот синдикат Геноп, кој ги влече конците кај државниот монопол ДЕИ - наведува „Тагесшпигел“ и појаснува дека државното претпријатие од 1999 година го субвенционира синдикатот со 25,2 милиони евра.
Весникот заклучува дека само во Грција има синдикати што не се финансираат од придонесите на своите членови, туку од касата на претпријатието и работници што добиваат плата и за штрајк.

Comment