НСДП: Груевски да им се извини на граѓаните
Вторник, 01 Март 2011
Новата социјалдемократска партија на Тито Петковски побара извинување од премиерот Никола Груевски поради тоа што според нив тој ја лажел македoнската нација дека не попуштил во спорот со името.
Во продолжение следува интегрален текст од НСДП
По јавното признавање дека пред Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, прифатил промена на уставното име на Република Македонија, на Никола Груевски јавно му испорачуваме две барања и му поставуваме две прашања:
1. Бараме Претседателот на Владата на Република Македонија и на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ јавно да им се извини на граѓаните на Република Македонија затоа што цели пет години лажеше и глумеше херојско и патриотско непопуштање за името.
Јас, како Тито Петковски барам лично извинување од Никола Груевски за навредите и клеветите од типот, предавник и грчки шпион што мотивираше еден од неговите најдобри другари да направи листа за физичка ликвидација на група луѓе, меѓу кои бев поместен и јас.
Доколку тоа не го направи, ќе бидам приморан правдата да ја барам пред судот од општа надлежност.
2. Бараме Никола Груевски да им се извини на тројцата пратеници од Собранието на Република Македонија кои беа осудени, како и на судијата кои ги осуди, за наврада и клевети верувајќи му на Премиерот дека не дал никакква согласност за промена на уставното име.
До Премиерот Никола Груевски упатуваме и две прашања:
1. Ако веќе дал согласност за промена на уставното име уште во 2008 година зошто и по изминати три години се уште не распишува референдум за името?
2. Дали поради големата лага и превара во знак на чувство за политичка одговорност ќе си поднесе оставка на функцијата Премиер на Владата? -Бидејќи парламентарните избори во 2008 година и локалните и претседателски избори во 2009 година ги доби исклучиво со дискредитација на политичките противници за предавници, а себе прогласувајќи се за патриот и спасител, беше истакнато на прес конференцијата.
Реакција на СДСМ во врска со изјавите на Груевски
Понеделник, 28 Февруари 2011
Од Социјадемократскиот Сојуз истакнаа дека не е страшно ВМРО-ДПМНЕ да имаат став за сериозно прашање, како што е прашањето за името.
Во продолжение следува интегралниот текст од денешната прес-конференција.
Денешната прес конференција ќе ја започнеме со еден цитат од последните се’ понервозни изјави на македонскиот премиер: „секој човек што блефира треба да биде подготвен да се соочи со сопствениот блеф“.
Господине Груевски, добредојдовте во “клубот на предавници“, чиј кум сте вие, лично и персонално.
Пет години блефирате, го лажете македонскиот народ, го опивате со вашиот лажен патриотизам.
Безочниот блеф го откри еден од вашите најблиски соработници.
Три години после НАТО Самитот во Букурешт, Антонио Милошоски му призна на Генералниот Секретар на Обединетите Нации, дека неговиот шеф Груевски прифатил промена на името, со име со географска одредница.
Уште пострашно, Милошоски признанието го стори со писмо, кое Груевски не може да го негира, може само неуспешно да се обидува да го ублажи.
Истовремено, тој конечно призна дека име со географска одредница, не само што е прифатливо за Груевски, туку дека истото сега како Владин предлог го ставаат на маса во преговорите.
Да се разбереме, не е лошо Груевски и ВМРО ДПМНЕ да имаат став за вака суштинско прашање, не е лошо да имаат активна позиција во преговорите, не е лошо предлозите или решенијата да се стават на испит пред народот.
Лошо е пет години да се губи време, Груевски и фамилијата да не држат заробени во нивниот лажен патриотизам, да не делат на патриоти и предавници, да го пљачкосуваат сопствениот народ со забеганиот проект “Скопје 2014“, свесно да креираат меѓуетнички тензии како последниот на Скопското Кале, за да на крај, како ништо да не се случило, да признаат дека тајно прифатиле промена на името.
Господине Груевски, престанете да ги потценувате граѓаните. Вие сте прочитана приказна. Сите ваши адути паднаа во вода. Паднавте на лажниот патриотизам, на лажната економска преродба, паднавте на портокаловиот криминал и корупција.
Затоа, многу брзо ќе го почуствувате гневот на сопствениот народ.
Господине Груевски, вистината е како шило, врти, врти и ќе излезе на виделина!
ВМРО-ДПМНЕ: Петковски прифати БЈРМ
Вторник, 01 Март 2011
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција во врска со изјавите на лидерот на НСДП Тито Петковски.
Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата
Тито Петковски е човекот кој беше во врвот на политичката елита која што во деведесетите години, без да ги прашаат граѓаните, прифати промена на државното име во БЈРМ, а денес токму Петковски обвинува други за промена на името.
За разлика од ова, ВМРО-ДПМНЕ уште кога беше во опозиција до денес останува на ставот дека секое можно предлог решение за името ќе оди на референдум. Од овој свој став ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не отстапи.
Веројатно со ваквите настапи грчкиот сват Тито Петковски си ја ишка мувата од капата и совршено се вклопува во планот на СДСМ за дефокусирање на јавноста.
Но она што е трагично е фактот што Тито Петковски и СДСМ со ваквите свои промислени настапи прават штета на државните интереси.
Тито Петковски ниту еднаш не излезе од сенката на Бранко Црвенковски. Очигледно и сега Петковски продолжува да дејствува како привезок во рацете на Црвенковски, се нагласува во реакцијата.
Милошоски: Црвенковски не го консултира народот за ниедна одлука
Вторник, 01 Март 2011
Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски ги отфрли како манипулации изјавите на СДСМ, кои му посакаа на премиерот Груевски „добредојде во клубот на предавници“.
Според министерот, Бранко Црвенковски е искусен политичар, кој обично лови во матно:
- Тој се обидува старите проблеми во чие создавање тој учествуваше да ги префрли на новата генерација на политичари и се обидува непринципиелноста во однос на македонско-грчкиот спор, со неговото избегнување да го консултира народот за било каква одлука, сега да ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ – која и во минатото и сега и во иднина го застапува принципот на народно изјаснување, сослушување на гласот на народот по однос на националните прашања поврзани со уставното име на Република Македонија, рече Милошоски од Женева каде учествува на сесија на Советот за човекови права на ОН.
Тој додава дека изборите се добра прилика за Црвенковски во својата изборна програма, она што се обидува да го наметне како манипулација да го вметне принципот на референдумско изјаснување за било кое национално прашање, вклучително и спорот околу името:
- Народот многу добро ќе препознае кое е досието на Црвенковски во овој спор, а кој е принципиелниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Милошоски.
Шефот на дипломатијата вели дека преку овие манипулации штета ќе претрпи државата, посебно пред меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Милошоски за писмото до Бан Kи Мун:Подготвени сме на исчекор кон компромис,но начинот е референдум
-Ова писмо е одговор на едно манипулативно писмо со коешто другата страна, колегите од Република Грција се обидоа некои црни факти да ги претстават како бели, а некои бели како црни, односно во една подологодишнина и подолготрајна игра за тоа кој ќе биде обвинет за помалку или повеќе конструктивност. Сметам дека официјална Атина сеуште инвестира многу напори, енергија, сила, дипломатија и манипулации да ја претстави Република Македонија како страна поради која недостига решение во овој прилично ирационален и дводецениски билатерален спор околу уставното име на Република Македонија.
Ова го изјави министерот Милошоски по информацијата дека тој преку писмо пред десетина дена испратено до Бан Ки Мун го известил генералниот секретар на ОН дека Македонија прифатила предлози од медијаторот Нимиц меѓу кои и Република Македонија - во заграда Скопје,пред Самитот на НАТО во Букурешт во март 2008-ма.
- Република Македонија веќе неколку пати досега покажа подготвеност да направиме еден исчекор напред за да се стигне до можно компромисно решение во македонско-грчкиот спор коешто би било предмет на национално изјаснување на македонските граѓани. Спорното прашање за Република Грција можеби е политичко прашање на една политичка елита или на една влада, актуелна или поранешна, но македонско-грчкиот спор во Република Македонија е национално прашање и ние цврсто стоиме на позициите дека изјаснувањето на рефереднум е начинот на кој што најлегитимно би требало секој македонски граѓанин да има право на изјаснување по однос на евентуалното разрешување на овој македонско-грчки спор, објасни Милошоски.
Писмото на министерот објавено на официјалната страна на Обединетите Нации е испратено како контра реакција на писмото на грчкиот министер за надворешни работи Друацас испратено во ноември минатата година до генералниот секретар Обединетите Нации.Друцас тогаш остро ја критикуваше Македонија за непопустливост и за ширење на антиквизација со што ја нарушува историјата на самите Грци.
26.02.2011, 16:51
For fair use only.

Comment