И Македонциве се народ и местово нивно е М

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    И Македонциве се народ и местово нивно е М

    И Македонциве се народ и местово нивно е Македонија.
    Оваа реченица е издадена во "Речник од три језика", Белград, 1875 година, а напишана е од Ѓорѓи Пулевски (1838-1894), македонски ревулуционер и писател. Во новиот гласник на Македонските духовни конаци, "Портал", се поместени и други историски записи важни за Македонија.
    - Народ се велит људи који се од еден род и који зборувајет еднаков збор, и који живувајет и се другарат еден со други и који имајет еднакви обичаји и песни и весеља, тије људите ги викајет народ а место во које живуват народ се велит отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово нивно е Македонија, запишал Пулевски.

    Во "Правилата на Македонскиот востанички комитет" од 1878 г., се вели:
    - Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија коишто се чувствуваат Македонци и милеат за слободата на Македонија (чл. 2).
    Сите што им го сакаат доброто на Македонците од соседните и од подалечните земји можат да земат учество во Македонското востание ако му се потчинуваат на Македонскиот востанички комитет и ако искрено се заложуваат за ослободување на Македонија (чл. 4).

    Меѓу бројните патеписци кои ја опишале Македонија, бил и Карл Хрон, австриски публицист. Тој во "Das Volksthum der Slaven Makedoniens", Виена, 1890, на стр. 31., запишал:
    - Во секој случај може да се докаже, како по нивната историја, така и по нивниот јазик, дека Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, ами посебен народ, имено, директни потомци на оние стари словенски преселеници, што го населија Балканскиот полуостров, одамна пред српската и пред бугарската инвазија, и не се измешаа со ниеден од овие два народа.

    И рускиот филолог, Петар Драганов, има сличен поглед како Карл Хрон.
    - Самиот Востоков, по прашањето за потеклото на староцрковнословенскиот јазик се застапуваше за македонизмот, неговата татковина ја поставуваше во Македонија, и затоа тој, велеше Востоков, може да се нарече и македонски. Но, Востоков никако не се застапуваше за бугаризмот, на таа значајна научна поставка во тесното значење на тој збор, како што тврдеа некои негови противници; напротив што се однесува до сопствено бугарското наречје, тоа, според Востоков, "можело од старо време да се разликува од првото (македонското) по многу важни признаци" и ќе забележиме од своја страна како што и сега тоа се разликува од него, пишува Драганов во 1888 г.

    Покрај многуте документи и записи, во "Портал" стои и "Меморандум на Тајниот Македонски комитет до дипломатските претставници на големите сили во Цариград", 1887 (одломка), каде се вели: "Никој нема право да претендира над Македонија, и тоа им останува на Македонците...".

    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • makedonin
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1668

    #2
    Pulevski Trijazichnica

    Na edno mesto vika deka sme i dojdeni pleminja od ne znam kade.

    sho ke praesh
    To enquire after the impression behind an idea is the way to remove disputes concerning nature and reality.

    Comment

    Working...
    X