Грција не ќе може да игнорира европска реk

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Грција не ќе може да игнорира европска реk



    Здруженијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија се охрабрени од последните меѓународни извештаи за постоење на македонско малцинство во Грција, а особено од извештајот на независниот експерт на ОН за малцински прашања Геј Мекдугал.

    - Меѓународните организации и во изминативе 50 години ја посетувале Грција и заклучувале дека постојат национални малцинства, но резултатите секогаш биле негирани од Атина. Значајно е што последниот извештај е направен врз основа на непосредни контакти, преку кои е согледано дека во северниот дел на Грција живеат Македонци - рече Георги Ајановски на вчерашната прес-конференција, посочувајќи дека најголеми заслуги за тоа имаат македонските здруженија во Грција, кои бараат културна автономија.

    Ѓорѓи Доневски рече дека во последните две години е променет односот кон егејското прашање, за кое во изминатите речиси 60 години никој не презел ништо и не ги барал правата на Македонците во Грција.

    - Со поддршката од Владата и резолуцијата од Собранието на Република Македонија остваривме сè што можевме во нашата држава, а сега на ред е Европа. Доколку и Европа донесе слична резолуција како македонското собрание, Грција нема да може и неа да ја прогласи како провокација и ќе мора нешто да преземе во врска со македонското прашање. Убеден сум дека за година-две ќе ни бидат вратени нашите права и сè што ни е одземено, а одземени ни се имотот и правото на државјанство во државата во која сме се родиле - рече Доневски.

    Тој посочи дека од 31 март до крајот на годинава, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, ќе се реализира програмата за одбележување на 60-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна во Грција во која, како што посочи, учествуваа вкупно 25.000 војници на ДАГ, од кои 15.000 македонски борци. Од нив 30 отсто жени.

    - Одбележувањето ќе почна на 31 март, денот на почетокот на Граѓанската војна, со собир на кој ќе стане збор за причините за почнување на војната, а при крајот на годинава ќе се одржи собир на кој ќе се зборува за последиците од Граѓанската војна - рече Доневски, нагласувајќи дека преку одбележувањето сакаат со факти да им откријат на македонската и на светската јавност што се случуваше во егејскиот дел на Македонија во периодот од 31 март 1946 до почетокот на септември 1949 година, кога заврши војната.

    Во програмата, меѓу другото, предвидено е изградба на спомен-парк во Катланово на борците и на жртвите од Егејска Македонија во антифашистичката борба и Граѓанската војна (1941 - 1949), поставување биста во паркот „Жена-борец“, посветен на македонските жени-борци во Демократската армија на Грција (ДАГ), организирање подвижна изложба на фотографии и документи за борбата на Македонците во Грција од 1941 до 1949 година, снимање документарен филм посветен на Граѓанската војна, издавање повеќе публикации...
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X