Македонија се подготвува за битка против

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Македонија се подготвува за битка против

    Сите членки на ЕУ и дадоа поддршка на Бугарија да го протурка скандалозниот предлог за затворање на случајот „ОМО Илинден“, тврдат извори од МНР, кои оценуваат дека со ваквата одлука ќе им даде можност на другите држави да не ги почитуваат пресудите на Судот за човекови права



    Скандал и непочитување на човековите права е предлогот на Советот на Европа да се затвори случајот „ОМО Илинден - Пирин“ без да и се наложи на Бугарија да ја регистрира партијата на Македонците. Ваква е реакцијата на македонското МНР откако Комитетот на министри при Советот на Европа предложи да се затвори случајот за „ОМО Илинден“ без да ја натера Бугарија да ја спроведе пресудата на Судот во Стразбур за регистрација на партијата на Македонците. Нашите дипломати во Стразбур се подготвуваат со целата дипломатска артилерија да и се спротивстават на Бугарија на седницата во септември на која ќе се гласа за предлогот. Во Министерството се размислува за тоа да се испрати писмена реакција до Комитетот на министри за усвоениот предлог.

    - Ваквата одлука е до тој степен неповолна, што отстапувањето од принципите може да ја отвори пандорината кутија и во иднина да им даде право на други држави да не ги имплементираат пресудите на Судот за човекови права - реагираат од МНР.

    За оваа скандалозна одлука Бугарија добила поддршка од сите земји-членки на Европската Унија. Дознаваме дека на седницата владеел апсолутен молк од сите земји-членки на ЕУ што застанале зад Бугарија во обид да се протурка предлогот кој е во нејзина корист. Дипломатски извори тврдат дека Бугарија силно лобирала не само со помош на своите претставници во Стразбур, преку големиот број Бугари што се вработени во Советот на Европа.

    Македонскиот вршител на должноста при Советот на Европа во Стразбур, Реџеп Салиу тврди дека на седницата направил сé за да се спротивстави на предлогот што го донесе Комитетот на министри.

    - „Омо Илинден - Пирин“ е еден од потешките случаи. Преземавме се што беше потребно, но Бугарија е членка на ЕУ - вели Салиу.

    Во предлогот стои препораката „Бугарија понатаму да го набљудува процесот за идна пререгистрација на ОМО Илинден“, што во МНР се толкува како крајно неповолна одлука за Македонија.

    Поранешните македонски претставници во Стразбур тврдат дека, за жал, во Советот на Европа се одлучува по пат на нерамноправна политичка битка.

    - Македонија води нерамноправна политичка борба затоа што нема ниту кадар, ниту пак финансиски сили да им парира на нападите на Бугарија и Грција. Нашата земја е затечена затоа што нема амбасадор во Советот на Европа и покрај тоа што следната година треба да бидеме претседавач со Комитетот на министри - оценува Благој Зашов, поранешен претставник на Македонија во Советот на Европа. Зашов препорачува државава да го искористи како аргумент тоа што Македонија не се спротивстави на регистрацијата на партијата на Бугарите „Радко“.

    Во прилог на нашата земја и на „ОМО Илинден“ е тоа што Комитетот на министри на седницата во септември треба да одлучува со консензус, што значи ако Македонија се спротивстави на одлуката, истата нема да се донесе. Од „ОМО Илинден“ најавија дека писмено ќе реагираат до Стразбур за предлогот на Комитетот на министри.



    Бугарија крчка грчки рецепт

    Случајот со регистрација на Домот на македонска култура во Лерин имаше сличен епилог. Иако случајот е веќе одамна затворен, Грција до ден денес не дозволува регистрација на Домот на македонската култура и со тоа ја прекршува Конвенцијата за човекови права. Советот на Европа не и наложува на Грција да го регистрира Домот на културата, иако помина повеќе од една деценија по пресудата на Судот за човекови права.


    its about TIME

    we must not only focus our freedom fight to our brother and sisters in aegaen-macedonia, we also have brothers and sisters in occuped bulgayria and shiptarija
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X