Сите заедно да го сопреме грчкиот фалсифи

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Сите заедно да го сопреме грчкиот фалсифи

    Ако го промениме нашето вековно име, во тој случај дали Грците ќе се лутат на споменикот на Александар Македонски, кој веќе го има во Прилеп и треба да се изгради на плоштадот во Скопје. Бидете сигурни дека не. Тогаш, нашите соседи ќе одобруваат велејќи дека Александар е светска личност од светски размери и дека секој во светот што милува може да си го подигне. Значи, Грците не се плашат од Филип и Букефал. Тогаш, од што се плашат? Се плашат од постоењето на македонското малцинство, во подарениот дел на Егејска Македонија во рамките на нивните граници. Од македонскиот јазик и фолклор, кој се' уште голем број македонски народ го зборува и игра во тој дел на Македонија. Тоа им пречи. Зашто и со Букефал и без него во Скопје, нашето малцинство останува во беломорскиот дел. Грците тоа сакаат да го искоренат. Да се разбереме: без признавање на нашите малцинства не само во Грција туку и во Бугарија и помал дел во Албанија, нема македонска држава.

    Грците, по Букурешкиот договор од 1913 година, во Граѓанската војна по 1945 година стотици илјади Македонци протераа и испотепаа. Но, македонската лоза не успееја да ја уништат. Грците ги променија имињата на планините, реките и имињата на целокупното македонско население. Отидоа дури дотаму што ги откопуваа гробовите на Македонците и повторно ги закопуваа, но сега со грчки имиња. Но и со такви методи не успеаја да го уништат македонскиот корен. Откако Македонија стана самостојна и тоа само на дел од својата целокупна територија, Грците свртеа друга страница на уништување на се' што е македонско. Сега по дипломатски пат.

    Сегашната гарнитура политичари во ЕУ и НАТО, кои се дебело платени од грчката влада и кои кога доаѓаат во Македонија и не' чукаат по рамења велејќи дека ако го смениме името ќе имаме подобра иднина, примаат по 300 до 400 илјади евра годишно и сите имаат прекрасни вили на Медитеранот. Систематски и полека ја играат играта се' во стилот на онаа народната: „Додека ќе му дојде ќефот на чорбаџијата, сиромавиот ќе умре“. Демек, ние сме сиромашни и сме мала земја. Време за чекање немаме. Ние мора да брзаме. Ни требаат пари, странски инвестиции, демек, се наоѓаме во тесно и под силен притисок ќе ја потпишеме својата капитулација за непостоење не само за името туку и за јазикот, националноста и Црквата. Тогаш Грците ќе се ослободат од товарот што го носат повеќе од два милениума и нивните идни генерации можат да здивнат засекогаш.Плашејќи се да не се смени политичката клима во Европа и по 10, 20 или повеќе години и времето да работи за нас, Грците не случајно играат на карта што побрзо и по кратка постапка овој за нас измислен проблем да се реши. Свесни се дека туѓото од орото се зема или пак дека ќе дојде ден кога секоја жаба ќе скокне во сопствениот вир. Од тоа се плашат Грците.

    Што треба да направиме ние? Нашиот народ со векови под многу тешки услови успеал да си ги зачува сите свои атрибути (јазик, култура, фолклор, архитектура, носија). Сега ние сите заедно без поделби со сите умствени сили што ги имаме, мораме пред светот да докажеме дека постоиме и овој грчки фалсификат да го уништиме. Нашето главно оружје е дека целокупната правна и историска наука стои зад нас. Нема од кого да се плашиме. Ако не сме членка на НАТО и ЕУ ќе сме биле поразени. Но уште поголем пораз ќе претрпиме доколку во овие организации влеземе ползејќи и понижени. Да се потсетиме колку Гоце, Јане, Карев, Питу, Ченто и многу други стоеја гордо исправени пред сите предизвици. Спротивно на тоа, ако паднеме толку ниско своето да си го отуѓиме, тогаш јас на моите покојни родители, кои потекнуваат од Бајалци и Сурлево (Беломорска Македонија), кои се прогонети од грчките фашисти и по невидена голгота низ целиот Балкан и по седумдесет години не успееја да си ги видат своите родни места, а сега почиваат на гробиштата во Струмица, секогаш кога ќе одам на посета на нивниот гроб ќе ги потсетувам: „Мамо и тате, вие не сте веќе Македонци“.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X