Милошоски со писмо до Бакојани

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Милошоски со писмо до Бакојани

    Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, упати писмо до Дора Бакојани, шефицата на грчката дипломатија

    Во писмото, Милошоски, пишува дека двете држави заеднички треба да ја искажат својата обврска и одговорност за натамошното развивање на грчко-македонските односи, во духот на добрососедството и партнерството. Тој, потсетува на трите македонски иницијативи предложени до грчката страна на официјалниот состанок во рамките на ОН, за прашањето за името меѓу двете страни, што се одржа во Охрид, во јануари 2008 година.
    “Воден од словото и духот на Времената спогодба од 13 септември 1995 година, би сакал да го повторам и, со тоа, по втор пат да предложам потпишување Декларација за пријателство, добрососедство и соработка, меѓу нашите две земји. Цврсто сум уверен дека оваа Декларација не само што ќе придонесе кон пријателството на народите од двете земји за денешните и идните генерации, туку и ќе даде значаен придонес кон мирот и развојот на регионот на Југоисточна Европа и на Европа во целина“, се вели во писмото на Милошоски, упатено до Бакојани.
    Министерот Милошоски, предлага заедничко разгледување на историските настани, поради искажаната чувствителност на Грција за историските прашања. “Во овој контекст, би сакал уште еднаш да предложам основање Заеднички комитет за образование и историја. Подучувањето заедничка и повеќеперспективна историја на Балканот може да игра важна улога во процесот на помирување со минатото, преку спречување на употребата на историските настани за поттикнување идни недоразбирања“, се вели во писмото до Бакојани.
    Милошоски ја повикува Грција двете држави да ја продолжат праксата на одржување редовни консултации и состаноци на различни нивоа, како и на потпишување билатерални спогодби во сите области од заеднички интерес. “Затоа, би сакал да го повторам нашиот Рамковен предлог за унапредување на билатералните односи меѓу нашите две земји. Ова ќе придонесе кон понатамошното зајакнување на соработката и меѓусебното разбирање, како и кон унапредување на регионалната соработка, што е неопходен услов за создавање стабилен и просперитетен регион и негова интеграција во европските и евро-атлантските структури“, се вели во писмото.
    Милошоски, изразува надеж дека Грција, како земја со силна посветеност на целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации, Финалниот документ од Хелсинки и Париската повелба, ќе ги прифати неговите иницијативи со цел, развивање на пријателските односи меѓу двете земји.
    Со ова ќе се испрати силна порака за посветеноста и конструктивниот приод кон тековните разговори меѓу Република Грција и Република Македонија под покровителство на ОН за надминување на разликата околу името.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X