Ниту преговори, ниту преговарач за името

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Ниту преговори, ниту преговарач за името

    Ристо Никовски (Авторот е поранешен амбасадор)


    Во политиката, како и во новинарството, во животот..., непрецизности обично се користат намерно, со цел нешто да се забошоти. Оваа манипулација се применува особено кога се во прашање поважни работи, заради постигнување поволности. Многу се ретки ситуациите кога се појавуваат непрецизности на сопствена штета. За жал, точно тоа нам ни се случува во врска со историското име, кое е и синоним на македонската нација.

    Сите во државава, (скоро) без исклучок, зборуваат за „преговори“ со Грција, за наш „преговарач“ во контактите со Нимиц, за продолжување на „преговорите“..., а тоа нема врска со реалноста.

    Како прво, никој нема право да преговара околу името на државата бидејќи со тоа директно се крши Уставот. Второ, водењето преговори имплицира ситуација крајно неповолна за нас, во која само можеме да загубиме. И трето, што е најважно, во ниту еден документ на ООН, каде е и инициран овој проблем, не се бара од нас да преговараме околу нашето име. Дури, ниту во извештаите на генсекот на ООН, до Советот за безбедност, не се спомнуваат никакви преговори. И поранешниот наш претставник, сега покојниот амбасадор Тошевски, генсекот го нарекува „специјален пратеник на претседателот“, а не преговарач. Значи, речникот е сосема поинаков, многу поповолен за нас. Се зборува само за разговори, за напори, за соработка со медијаторот, за мисија на добри услуги...

    За разлика од тоа, ние го користиме терминот „преговори“, што јасно ги разоткрива нашите дипломатски капацитети.

    Точно е дека во Привремената спогодба пишува, поради жестоко инсистирање на Грција, дека „двете страни ќе ги продолжат преговорите...“. Но, таа формулација нема никакво значење и е необврзувачка бидејќи не може да се продолжи нешто што не било ни започнато. Во тек беше класичен процес на посредување или медијација, под покровителство на ООН, и тој продолжува. Не се преговара туку се бара решение за „разликата која се појави околу името на државата“, како е прецизирано во резолуцијата 817(93) на СБ на ООН. Ова се факти кои се поволни за нашата земја, кои ние самите ги игнорираме и не ги користиме. Место тоа, употребуваме термини кои апсолутно и одговараат на другата страна и се на наша штета.

    Именувањето на нашиот нов претставник во разговорите го забележаа сите медиуми во земјата. Сите беа едногласни дека е одреден нов преговарач! Никого не го интересираа детали од указот на претседателот Црвенковски. Интересна беше веста во „Дневник“. На 3 декември 2008, под наслов – „Амбасадорот Јолевски и официјално преговарач за името“, весникот пишува: „претседателот Б. Црвенковски вчера го потпиша указот за назначување на амбасадорот во САД за пратеник на Република Македонија во разговорите со Грција за надминување на спорот за името...“! Во текстот се вели и дека „...Црвенковски го разреши досегашниот преговарач...“! Основано може да се заклучи дека „преговарачот“ сигурно бил поставен и разрешен како - пратеник!

    Би било добро некој да ни објасни како пратеник станува преговарач и, особено, зошто? Дали некој ги меша овие два сосема различни термини, или второво подобро звучи? Или, ако се разговори во прашање, што бара таму „преговарач“?

    Сето ова е потврда дека не само што (голем дел од) релевантните фактори и истакнати поединци, за жал и новинарите, немаат јасна оценка до каде сме (заглавени) во врска со овој проблем, и што треба (евентуално) да правиме туку, како изгледа, мнозинството не знаат ни што е во тек!

    Пратеникот на разговорите во Њујорк е продолжена рака, офицер за врска, на надлежните државни институции и тој ги пренесува нивните ставови. Разговара за тоа со Нимиц (многу поретко и со грчкиот пратеник) и тоа што го чул како коментар, мислење, порака, предлог или слично, го пренесува во земјата. Ниту преговара ниту смее да го прави тоа. Тоа е процес во кој посредникот гради одредени ставови и се обидува да ги развие во предлози, во обидот да најде прифатливо решение за двете страни. Пратениците му помагаат.

    Во дипломатијата, кога се работи за вистински преговори, секоја страна има прецизна платформа одобрена или од владата или од парламентот во дадената земја и врз неа преговара. Без тоа нема преговори. Во политиката и секако во дипломатијата, клучот е секогаш во употребената терминологија. Таа ја крие целата суштина. Во историјата, погрешно употребени термини воделе и до војни! Во конкретниов случај ние, крајно неодговорно, сами ја девалвираме сопствената позиција. Очигледно, проблемот кај нас не се менаџира адекватно. Поради тоа не се дефинирани ниту основните негови елементи, што отвора простор за губење на ориентацијата.

    Затоа, ни се случуваат чудни работи. Пред некое време, на средба меѓу нашите и европратениците, во нашето Собрание, грчкиот претседавач цело време ја користел навредливата и бесмислена кратенка ФЅРОМ, без да биде спречен. Да дозволиш некому дома јавно да те плука, навистина ги преминува сите граници на достоинство и толеранција. Крајно време е да се избориме делегациите на европските институции, на средбите со нашите, да не ги водат Грци, заради очигледен конфликт на интереси. Тоа не е многу популарно барање, ама има длабока логика и Европа (мора да) има разбирање за тоа.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X