Што бараат “граѓаните на Скопје“ во НАТО?

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Што бараат “граѓаните на Скопје“ во НАТО?

    Проф. д-р Виолета Ачкоска

    Можеби на многумина ќе им звучи грубо, но, мислам дека сè додека за приемот во НАТО и ЕУ се одлучува со консензус, Република Македонија, Северна Република Македонија, Република Македонија (Скопје), Бивша, сегашна, вардарска или било која друга држава Македонија, под никакви услови, нема шанси да стане член на овие асоцијации

    раги Македонци! Си имаме ново име: ГРАЃАНИ НА СКОПЈЕ. Таквото именување беше разбирливо кога доаѓаше од устата на некој грчки политичар кој со навредлива реторика сака да го прикрие грчкиот геноцид врз Македонците и да го игнорира проблемот со одземените имоти на македонските бегалци од Грција, кои ни по шест децении не можат да се вратат назад зашто не се Грци по етничка припадност. Но, кога такво ословување ќе слушнете директно од челникот на НАТО алијансата, тука навистина нешто не е во ред.

    Пред неколку години, во амфитеатарот на Филозофскиот факултет во Скопје, со убедителни зборови, господинот Шефер ни ги објаснуваше принципите на функционирањето на НАТО и условите кои треба да се исполнат за влез во оваа воена асоцијација. Сега ми се чини дека сето тоа важи за некоја друга земја, за некоја друга нација. Нам, на Македонците, едноставно и децидно ни се кажа дека немаме име и идентитет. Што ќе ни е тогаш НАТО?

    Господине Шефер, јас не припаѓам на некоја си таму, балканска зона Скопје! Јас имам идентиет. Јас сум Македонка и мојата земја е Република Македонија. Таа не е “Скопје“ како што со краен цинизам ја нарекуваат нашите јужни соседи. Во неа живеат Македонци и граѓани на Македонија, а не ”народот и граѓаните на Скопје”. За жал, со вашата изјава во текот на летотот 2008 Вие индиректно ги подржавте нецивилизациските и апсурдни барања на грчката шовинистичка политика и ни кажавте дека за, “граѓаните на Скопје” важат посебни услови за влез во НАТО. Онакви какви што не важат за Албанија, Хрватска, Бугарија, Романија и за другите држави.

    Почитуван господине Шефер, ние Македонците, извинете ако ја навредив драгата госпоѓа Бакојани, која не знае дали Грците се Македонци или Македонците се Грци, па ги меша идентитетите кои, нам, на ”Скопјанците” сосема ни се јасни, сме навикнале на слични навреди. Па од 1913 година наваму, кога Грција за првпат доби дел од Македонија, нејзината политика спроведува невидено варварство заради бришење на македонското име и идентитет, етничко чистење и прогон на Македонците.

    Ние знаеме како изгледа чекањето за грчки визи (во времето на бившата СФРЈ) во посебни редови кои не важеа за ниту една друга земја (недостасуваа само жолти ленти околу раката), малтретирањето на граничните премини, фрлањето на пасошите зашто наводно го нема местото каде сте родени (тоа е преименувано во рамките на грчката политика за промена на македонските топоними во грчки), немањето можност до денешен ден да се вратите на своето родно огниште, на гробовите на прадедовците.

    Почитувани господа, креатори на европската и светската политика, иако ние сме незначителност во однос на вашата висока политика, сепак требаше да дојдете на 18 јули во Скопје, на средбата на децата-бегалци од Егејска Македонија, за да ја разберете македонската голгота и траумите на илјадници прогонети Македонци за кои ”демократска” и европска Република Грција пласира фабрикувана историја и сака сосема да ги избрише од постоењето.

    Почитувани господа! Дали Вие навистина верувате дека Република Македонија со 2 милиони жители, со тешки економски проблеми и со сепаратистички тенденции на одделни радикални Албанци претставува загроза за јужниот сосед? Дека наводно пројавува територијални претензии! Дали сметате дека барањето за почитување на националните и човековите права, заштитата и располагањето со приватната сопственост на протераните Македонци од Грција може да се стави во пакувањето на наводните територијални претензии на “Скопје“ кон северениот дел од Грција, прекрстен во грчка покраина Македонија во 1988 година.

    Се чуствувам длабоко повредена од несериозноста со која одделни политичари, историчари, платеници итн. си играат со судбината на нашиот македонски народ. Моето потекло, име и идентитет не се за политичко пазарење. Тоа веќе го направија на еден Букурешт во 1913 година и на уште еден во 2008. Мислам дека е доста. Ајде Македонци, да се свртиме кон себе си, да покажеме доволна доза на љубов кон татковината која се гради само со пожртвуваност, работа и чесност.

    Стана одамна јасно дека наводниот спор со името се води заради целосно уништување на македонската државност и македонскиот национален идентитет. Можеби на многумина ќе им звучи грубо, но, мислам дека сè додека за приемот во НАТО и ЕУ се одлучува со консензус, Република Македонија, Северна Република Македонија, Република Македонија (Скопје), Бивша, сегашна, вардарска или било која друга држава Македонија, под никакви услови, нема шанси да стане член на овие асоцијации. Во пазарењата за влез во НАТО се виде дека аспирациите на балканските соседи кон Македонија сè уште не згаснале. Секогаш се наоѓа по некој од букурешките или други актери и нивни сојузници на кои им смета независна Република Македонија во која живеат граѓани со македонски национален идентитет, та не ја признавааат посебноста на македонскиот народ, на македонската православна црква, историја, јазик итн., барајќи или подржувајќи промена на уставното име на Република Македонија.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X