Македонците не и веруваат на ЕУ

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Македонците не и веруваат на ЕУ

    Анкета на Дневник: Македонците не и веруваат на ЕУ

    Мнозинството македонски граѓани немаат доверба во политиката на Европската Унија (ЕУ) кон Македонија, открива новата анкета на "Дневник", тематски посветена на напредокот во интеграциите на земјава во ЕУ и во НАТО што ја спроведе агенцијата "Рејтинг".

    Од испитаниците, 60 отсто одговориле негативно, додека 38 проценти рекле дека имаат доверба во политиката на Унијата кон државава. Истражувањето на јавното мислење покажува екстремни разлики во ставовите на двете најголеми етнички заедници: додека 72 отсто од Македонците немаат доверба во политиката на ЕУ, а само 24 отсто имаат, кај Албанците 74 проценти се изјасниле позитивно, а само 24 отсто негативно.
    Кај партиските рејтинзи, ВМРО-ДПМНЕ останува во водство со 26,7 проценти поддршка, следува СДСМ со 15,4 отсто, па ДУИ со рејтинг од 7,3 отсто, ДПА има поддршка од 2,9 отсто, додека Нова демократија ја поддржуваат 1,6 процент. Обединети за Македонија се со 1,8 отсто рејтинг, а ЛДП со 1,4 процент. Неопределени меѓу оние што сигурно ќе излезат на следните избори се речиси 40 отсто од анкетираните.

    Истражувањето е спроведено телефонски, во периодот од 20 до 23 ноември, на репрезентативен примерок од полнолетно население од 1.080 испитаници, пред случувањата поврзани со "А1", а по појавувањето на наводни досиеја за челниците на ДИУ./Дневник

    izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=67979
Working...
X