ЛАВРОВ ОТКРИВА ПОДАТОК ЗА СЦЕНАРИЈАТА ЗА

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    ЛАВРОВ ОТКРИВА ПОДАТОК ЗА СЦЕНАРИЈАТА ЗА

    ЛАВРОВ ОТКРИВА ПОДАТОК ЗА СЦЕНАРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Странските ,,моќници“ им понудиле на Бугарите и Албанците да ја поделат Македонија

    јули 11, 2015


    Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров-кој присуствуваше пред Советот на Федерацијата( Горен дом на националниот Парламент ). Еден од сенаторите постави две прашања:

    ,,-Во Македонија фактички започна нова обоена револуција, според украинско сценарио, само што е во почетна фаза. Не е ли дојдено време за поактивно спротивставување на обоените револуции во Европа?

    - Нели сметате дека токму во овие почетни фази на такви државни пресврти треба да се вклучат меѓународните механизми како ОБСЕ и Советот за безбедност на ОН, за обоените револуции не станат вообичаена пракса за да се смени насилно некоја државна власт?“

    Лавров одговори поопширно и подетално. Одговорот Ви го пренесуваме во целост:

    ,, Потполно се согласувам. Нас тоа многу не загрижува. Македонските случувања многу грубо се сценирани и насочуваат однадвор.

    Во тек се обиди да се обвини Владата на Никола Груевски за некомпетентност како и за тоа дека не ги извршува своите обврски кон граѓаните, како и многу други работи кои му се препишуваат. Но, позадината на тие измислени обвинувања е единствено желбата на надворешните фактори да влијаат на Груевски поради одбивањето, Македонија да се приклучи на санкциите кон Русија.

    Ние изворно знаеме дека такви големи притисоци се вршени врз г. Никола Груевски околу поддршката за Јужен Тек, активно водејќи сметка од негова страна пред се , дека тој гасовод е во интерес на Македонија.

    Тука секако е и фактот што г. Никола Груевски и неговата Владае покажаа подготвеност за соработка во однос на другата алтернатива за испорака на енергенсите од Русија на југот на Европа, вклучувајќи го и Турскиот тек.

    Многу е жално и опасно што во постигнувањето на целта за насилно рушење на Владата на Груевски се обидуваат да го вклучат и албанскиот фактор.

    Пред многу години таму имаше остри противречности помеѓу Словените и Албанците. Тогаш беше склучен Охридскиот Договор со кој некако се врати мирот, соживотот и согласувањата.

    Кога ние после тоа-во контактите со европската унија- го покренавме прашањето за правата на Русите и рускиот јазик во Естонија и Летонија, ги прашавме: ,,Зошто го поддржавте Охридскиот Договор и дали Албанците во Македонија не добија преголеми права отколку што треба, а не можете тоа да го направите со Русите во Естонија и Летонија“?. Одговор очекувано не добивме. Но добро е што конфликтот во Македонија беше решен.

    Сега се во тек разговори од страна на тие странски умови , дека Македонија треба уште повеќе да се ,,федерализира“, да се направи од неа некаква федерализација или конфедерација. Дури се наведува и идеја дека тоа е вештачка држава и треба да се расцепи повторно да се подели: еден дел да се даде на Бугарија, еден дел на Албанија.

    Без воопшто да ја спомене Македонија, премиерот на Албанија, во широки рамки, ја истури идејата за ,,Голема Албанија“. Во Тирана патуваат лидерите на албанските партии во Македонија и од таму добиваат инструкции.

    Паралелно со тоа, американскиот амбасадор во Скопје, постојано се меша и ги повикува, кој тоа му го дава за право незнам, лидерите на македонските политички партии и опозицијата.Учествува во разговорите на нивните лидерски средби. Апсурд.

    При крајот на Април беше организирано патување( низ Македонија) од страна на претставниците на ОБСЕ како и низа други претставници на земјите од ЕУ. Дојдоа во Скопје, се самопрогласија за ,,мисија на ОБСЕ“ и при тоа изнесуваа некои рецепти и испорачуваа барања до г. Груевски.

    За да не се повторува ваквото самоволие, ги замоливме од седиштето на ОБСЕ, генералниот секретар и Претседателот на ОБСЕ-актуелниот министер за надворешни работи на Србија, Даќиќ- да види и да утврди што се случувало и да не извести,затоа што мора да знаеме како можело такво нешто да се случи.

    Имајќи го предвид бројот на тие самоназначени посредници- вчера на седницата на Комитетот на министри во Советот на Европа-предложив генералниот секретар на Советот на Европа, може и заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, да го посетат Скопје, да поразговараат со своите актери во тамошните процеси и да ги изнесат своите препораки кои ќе ги разгледаат меѓувладините структури.

    Ние, се што се случува во Македонија, сфаќаме многу сериозно. Сметам дека сте во право и дека и понатаму треба да дејствуваме така како што рековте-со поактивно спротивставување за нови обоени револуции, но можеби и поактивно и во поглед на оперативните активности, да се пресретнуваат случувањата и да бараме меѓународните организации да испраќаат независни експерти во Македонија, кои во таков случај ќе реферираат онака како што е, и за се. Така одлуките ќе се донесуваат колегијално и во легитимните структури , а не под тепих.
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
Working...
X