Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > Macedonian History

Reply
 
Thread Tools
Old 06-14-2018, 10:40 PM   #11
Carlin15
Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 720
Carlin15 is on a distinguished road
Default

СОЗДАВАЊЕ И РАЗВИТОК НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА, Душица Петрушевска

Рана историја (vii—vi в. пред н. е.)


На територијата на Македонија во текот на столетијата се населувале различни племиња, се мешале, се крстосувале, се асимилирале, додека не влегле во составот на македонската народност. Најстарото население веројатно било сродно со предгрчкото — населено во Егеја. По него се населиле Траки и Илири, во текот на вториот милениум пред н. е. Меѓу најстарите племиња биле Бригите (Фриги, Фригијци), па племињата на Едонците (Мигдонците, Бисалтите, Ситонците). Стари племиња биле и Пајонците и Пелагонците, чијашто етничка припадност не е утврдена. Според тоа, повеќе елементи одиграле улога во формирањето на јазикот и народноста на старите Македонци.

Раната историја на Македонија е слабо позната. Пишаните извори даваат многу скудни податоци за најраниот период на македонското минато.

Основањето на првата држава на територијата на Македонија античката традиција му го припишува на кралот Пердика. Бидејќи предците на кралот Пердика биле од Арг, и неговата династија е наречена Аргеади. По кралот Пердика традицијата знае имиња на уште петмина владетели до крајот на vi век. Тие се: Аргеј, Филип, Аероп, Алкета и Аминта. Точната хронологија на нивното владеење не е позната: таа се определува приближно со тоа што владеењето на Пердика, се става во првата половина на vii век пред н. е. (околу 707—645). Меѓутоа, формирањето на македонската држава бил долготраен процес. Тој почнал во vii в. со слегувањето на македонските племиња од северозападните и западните планински краишта (Горна Македонија) во централниот дел на рамнината на Долна Македонија. Тој процес продолжил со нивното продирање во околните области, а завршил некаде кон крајот на vi односно кон почетокот на v в. пред н. е. Дотогаш оние области биле населени со споменатите трачки и други племиња. Ова старо население делум се иселило, делум загинало или се стопило со завојувачите, се претопило во Македонци.

За јадро на старата македонска држава се смета областа помеѓу реките Лудија и Аксиј (Могленица и Вардар). Тука биле и македонските престолнини Ајга, Едеса (денешниот Воден) и Пела. Оттука државата се ширела во сите правци, а најголемо пространство достигнала во времето на Филип ii.

Уште античките автори ги разликувале, според конфигурацијата на теренот, Горна и Долна Македонија. Во Горна Македонија ги вбројувале следните области: Орестида, која го опфаќала горниот тек на реката Халијакмон (Бистрица) и басенот на езерото Келетрон (Костур); северно од неа била Линкеетида, што се протегала по средниот тек на реката Еригон (Црна); североисточно од неа Пелагонија, а јужно Елимеја, по средниот тек на реката Халијакмон; кон Епир се наоѓале Тимфаја и Параваја. Во Долна Македонија влегувале: Пиерија, тесен крајбрежен појас долж Термајскиот Залив од утоката на Пенеј до утоката на Халијакмон; Ботиаја, централен дел помеѓу Лудија и Аксиј; дел од Пајонија, околу средниот тек на Аксиј; Еордаја, планинска област во внатрешниот дел на Македонија, околу Островското Езеро; Алмопија, мала плодна област по горниот тек на Лудија; источно од Аксиј до реката Стримон (Струма) над Халкидик се простирале областите Мигдонија, Крестонија и Бисалтија.

Класното општество и државата порано се појавиле во Долна Македонија. Имено, горномакедонските племиња од своето населување помеѓу остатоците од туѓи племиња дошле во допир со населението што под влијание на Грците се наоѓало на повисок степен на развиток. Тоа довело кај нив до побрзо раслојување, до јакнење на аристократијата и до распаѓање на нивните племенски врски. Во Горна Македонија подолго се одржало племенското устројство и овие племиња им давале отпор на владетелите од Долна Македонија се додека Филип ii не ги приклучил кон својата држава.

И покрај тоа што податоците поврзани со имињата на првите македонски владетели се повеќе легендарни, тие укажуваат на една постојана борба меѓу Македонците и околните племиња во процесот на формирањето на државата. Илирите се јавуваат како непријатели на Македонија во овој ран период, а тоа ќе остане така речиси во текот на целата нејзина историја. Како борец против Илирите се споменува Аргај (приближно 659—645) и Филип i (644—640), за кого традицијата вели дека и загинал во борба со нив. За другите владетели на оваа династија до крајот на vi век пред н. е. податоците се мошне скудни.
Carlin15 is offline   Reply With Quote
Old 06-20-2018, 10:34 PM   #12
Carlin15
Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 720
Carlin15 is on a distinguished road
Default



Diodorus of Sicily: in Twelve Volumes. VIII, Books XVI.66-95 and XVII. trans. C. Bradford Welles, Loeb Classical Library 422 (Cambridge, MA: Harvard University Press/London: William Heinemann, 1970), pp.404-405. Book 17, chapter 99, paragraphs 5-6.
Carlin15 is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump