Jovan Vraniskovski - The Traitor

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Om3n
    Junior Member
    • Feb 2009
    • 46

    Thank you for the welcome, Soldier of Macedon. I agree with your assertions, now that I'm aware this ties directly back to the Patriarchate of Constantinople which--with the conscription of Freemasonic groups like Filiki Eteria--effectively "Hellenised" the region and is not at all hesitant to jeopardise the Orthodox faith to fulfill worldly ambitions, things are starting to make a lot more sense to me.
    Last edited by Om3n; 07-21-2016, 01:14 PM.

    Comment

    • Carlin
      Senior Member
      • Dec 2011
      • 3332

      Вселенската патријаршија преку архимандрит Анастасијадис жестоко го осуди Вранишковски: Уште колку пропаганда треба да трпиме?

      12/08/2019

      URL:
      Вселенската патријаршија преку архимандрит Роман Анастасијадис, клирикот на Критската црква, одговори на последното интервју на поранешниот митрополит Повардарски г. Јован Вранишковски, дадено за белградска „Политика“ на 9 август годинава. Во целост Ви го пренесуваме одговорот на архимандрит Рома


      Вселенската патријаршија преку архимандрит Роман Анастасијадис, клирикот на Критската црква, одговори на последното интервју на поранешниот митрополит Повардарски г. Јован Вранишковски, дадено за белградска „Политика“ на 9 август годинава.

      Во целост Ви го пренесуваме одговорот на архимандрит Роман Анастасијадис, објавено на веб страницата на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител:

      Според авва Антониј: „Ќе дојде време кога сите луѓе ќе станат луди и видат ли некој разумен, веднаш ќе се кренат против него, велејќи: ‘ти си луд’, затоа што не е ист како нив“.

      Секогаш кога ги читав нашите свештени книги што ја содржеа оваа изрека на Антониј Велики, си велев: „За кое време зборува тука преподобниот?“ или „Зарем е можно ова некогаш да се случи?“. Но, еве, уште пред да наполнам педесет години, се удостоив да го доживеам и тоа време, токму сега со сите овие случувања околу Украинското црковно прашање, но и со Охридската црква. Го пишувам ова во врска со неодамнешните изјави на Високопреосвештениот г. Јован, објавени во белградскиот весник „Политика“.

      Ќе започнам со најсрамната изјава, дека „во овој 21 век е неприфатливо само една Црква, па нека е и првопрестолна, да одлучува по прашања што се однесуваат на сите други помесни Православни цркви. Тоа би било особено штетно и за Вселенската патријаршија, бидејќи нејзиното првенство по чест не е доведено во прашање, но за Православната црква е неприфатливо првенството по власт“. Читајќи го ова, со должна почит Ве прашувам, свет владико: каде и од кого сте учеле православна еклисиологија? Ја имате ли барем површно изучувано историја на Српската црква, на која сега ѝ припаѓате, после Вашето отпадништво од архиереите што Ве ракоположија?

      Кога на Србија ѝ беше дадена автокефалија, но и патријаршиско достоинство, лично од Вселенската патријаршија -и од никој друг- тогаш не беше неприфатливо тоа што Вие го нарекувате „првенство по власт“? И зарем само на Србија? Но, секако, тоа беше во 20-от век! Во овој 21-от век еклисиологијата наеднаш се смени, и тоа сега после двете Светски војни, поточно после случајот со Полска! Како поинаку да го објасниме ова? И уште колку пропаганда треба да трпиме? Колку?

      Видете, Ваше Високопреосвештенство: првенството на великата и света Христова црква, за оној што има барем основно познавање, е првенство на одговорност! Не е на чест, ниту на власт! Како првенство на чест го гледаат само оние што однадвор ги гледаат работите и не сфаќаат што значи да си обременет со тешката должност на одржување на благосостојбата на светите Божји Цркви. Тоа е она што до ден денес го прави Константинополскиот. Така е наведено и во каноните, но, што е поважно, се потврдува и од досегашната црковната пракса низ историјата! Нема да анализирам и да наведувам примери. Но, Ве молам, покажете интерес и информирајте се за ова од грчките богослови со кои повремено се среќавате! И немојте со онаа народната „моето е мое и твоето е мое“. Вие очигледно ја потценувате интелектуалната способност на нашиот народ, инаку не би го терале да поверува дека Вие сте затворан заради… грчкиот карактер на Македонија! Бидејќи веруваат во тоа! Наводно дека „лошите“ расколници се борат против Вас и државата Ве затвора затоа што не го прифаќате терминот „Македонска“ во името на Вашата Црква! Од друга страна, Вашето црковно началство пишува и брише со тој термин.

      А всушност вистината е ваква – државата веројатно вели: „Јас сакам да се ослободам од канџите на српската асимилаторска политика, зашто ме гуши, а ти упорно ми ја носиш овде!“ Но, во Грција тоа го гледаат како мачеништво и исповедништво…

      Уште повеќе, се радуваме што и писмено потврдивте дека Вселенската патријаршија ги дала овие области на Српската црква, но сепак свесно молчите за тоа кои услови се наведени во Томосот и какви сè насилства намеравала да запре Патријаршијата со тој свој чин. Веројатно тоа воопшто не Ве засега!

      За крај, времето за кое зборува гореспомнатиот Учител на пустината, е веќе одамна дојдено! Сега веројатно ќе треба да се оддалечиме во пустините за да најдеме разум!

      Comment

      Working...
      X