МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ГОРДО СЕ ВЕАШЕ ЗА НЕЗА

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • lavce pelagonski
    Senior Member
    • Nov 2009
    • 1993

    МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ГОРДО СЕ ВЕАШЕ ЗА НЕЗА

    МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ГОРДО СЕ ВЕАШЕ ЗА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕОДНИЈА ВО АВСТРАЛИЈА

    Пишува Претседателот на УМС ВМРО ДПМНЕ за Австралиај Сашо Наумовски
    На 5ти Септември 2015, во просториите на манастирот Свети Прохор Пчински, се прослави денот на независноста на Република Македоија. За прв пат во историјата се вееше само Македонското шестнаесет кратно сонце. Тоа е единственото знаме што Македонскиот народ го прифакат како државно знаме. Се испеа Македонската химна и гордо Македонците го вееја Македонското знаме. Благодарение на Македонската Православна Црква што не ослободи да го прославиме овој Голем Македонски ден. Имавме голема подршка од ветераните на ВМРО ДПМНЕ со Гоце Поповски а исто така подршка ни даде партијата ДОМ од Австралија со Сребре Димоски.

    Говорот по повод на незавесноста на Република Макеоднија

    Почитувани мои Македонци и Македонки! Срцата на Младите Сили на ВМРО ДПМНЕ за Австалија се полни со радост што со вас ќе ја прославаме независноста на Република Македонија и да го крениме Македонското сонце!
    Нашата борба за слобода почна во средината на 18тиот век, нашите Македонци се бореле за независна Македонија. Поминале со големи тешкотии што со пропагандата на Булгарите, Србите и Грците се знаеше дека волците кружет околу лавот. Крушевската Република прва на Балканот беше создадена со крв, никој не ни ја даде. Ние ја зедовме нашата судбина во свои раце и се боревме за Македонија. Војводите како Гоце Делчев и Васил Чакаларов „Страшниот Гркоубиец“ и сите ВМРОвци се жртвуваја за Македонија. Македонија после 1913 ја поделија на парчина и Македонците почнуваат одново да се борат за слобода.

    Целта на кралството и комунистичка Југославија беше да ги избришат Македонците од Вардарскиот дел на Македонија. Борбата почна со убиството на Југословенскиот крал и продолжи во 1944 со основањето на АСНОМ. Тито многу добро знаеше дека Македонските партизани беа спремни да се борат за Македонија и заради тоа немаше излез и ја прифати Македонија како република. Но валканите игри на Тито и УДБА продолжија мислејќи ако го снема Првиот Претседател на Макеоднија Методија Андонов Ченто тогаш ќе се згасне идеата за независна Македонија.

    Во Пирин Македонците се бореле против Комунизмот и фашизмот. Во Егејскиот дел се бореле против страшната диктатура на Метаксас. При толку тешкоти, пропаганди и внатрешни шпионажи, не успеале да не уништат!

    На 8ми Септември 1991 Македонскиот народ ја прогласи независтноста на република Македонија. Излезе од темнината од таа проклета Југославија и влезе во светлината на Македонското сонце што денес гордо ние го вееме. Ова знаме е единственото знаме на Република Македонија, на сите дела што уште се окупирани од нашите соседи. Ова е знаме на Македонскиот народ, ова е знаме на нашата слобода! И во новата историја на Македонија имаме голема неправда со убиството на Драган Богдановски.

    Кој што не го почитува Македонското шестнаесет кратно сонце незнае дека во 1995 анти - Македонците Киро Глигоров и Бранко Црвенковски со партијата СДСМ и Бугароманот Љупчо Ѓоргиевски го продадоа Македонското сонце на Грците и тие влегоја во преговори со Грција. Македонскиот народ не сака знаме што е наметнато од Грците, авторот на ова знаме дури сеќа го фати да се појави и да каже дека новотао знаме што Македонците го нарекувет „вентилатор“ нема ништо со Македонската историја и дека стилот е на знамето на државата Аризона, САД. Тој човек се вика Мирослав Грчев. Во 2013 Ивон Величковски претседател на Либералната партија на Македонија предложи Македонското сонце да не се употребува во Македонија, среќа што ВМРО ДПМНЕ не прифати. Во Македонската заедница се појавуваат шпиуни и платеници на странски служби што целта е да го сруши нашето единство и борбата за Македонија.

    Ние не можиме да му дозволиме на предавниците да не делет и да не забранубаат да го вееме Македонското сонце.

    Да живее Македонија!

    Да живее Македонскиот народ!



    Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“.

    „Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.“ Васил Чакаларов
Working...
X