Грчкото лоби ја труе Европа со лаги!

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Грчкото лоби ја труе Европа со лаги!



    Во емисијата на германското радио "Дојчландкултур-радио", посветена на децата-бегалци од Грција, се негира постоењето на македонските деца-бегалци со тезата дека тоа биле грчки деца и дека нивните родители биле Грци кои биле протерани само поради учеството на нивните родители во Граѓанската војна на страната на комунистите

    Во едночасовната радио емисија, посветена на протерувањето на децата-бегалци од Грција, на германското радио "Дојчландкултур-радио", која се емитуваше во саботата вечер во ударен термин, веднаш по вестите, направена е класична грчка пропаганда со која се негира постоењето на македонските деца-бегалци.

    Авторот на емисијата Маргот Оверат, зборувајќи за тоа зошто околу 80.000 деца биле присилени да бегаат од Грција во соседните социјалистички земји, добро се потрудила да го искористи грчкиот став и антимакедонска политика на негирање на се што е македонско. За оваа теза ја користи изјавата на едно дете-бегалец, по професија историчар, да докажува дека тоа биле грчки деца и дека нивните родители биле Грци кои Грција ги протерала од своите домови само поради учеството на нивните родители во Граѓанската војна на страната на комунистите. Оверат ги користи сите можни извори од грчка страна како и соговорниците деца-бегалци во Унгарија да докаже на слушателите во Германија, но и во Австрија, каде се емитува истата емисија, дека тоа биле грчки деца, кои биле присилно транспортирани во Албанија и Југославија, а оттаму во Романија и Унгарија, каде останале 3.200 грчки деца. Оверат разговара со нив, и сите тие тврдат дека се Грци, со грчки имиња, зборуваат или на унгарски или на германски, укажувајќи на нивните родни места - со грчки имиња.

    Ниту еден збор дека меѓу тие грчки деца најголем дел биле македонски деца, од села со македонски имиња, и што е најлошо Македонија воопшто не се споменува. Авторката истакнува дека тоа биле деца од северна Грција, а не од Егејска Македонија.

    Очигледно е дека грчкото лоби во Германија работи на политиката на Грција која упорно се обидува да и докаже на Европа дека нема деца-бегалци Македонци, и дека во Грција има само Грци.

    Ексклузивно за Вечер од Дизелдорф
    Драшко Антов


    protest notes can be written...
    [email protected]
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X