Македонија , Бизнис кредитните рејтинзи k

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Sv. Nikola
    Junior Member
    • Sep 2008
    • 43

    Македонија , Бизнис кредитните рејтинзи k

    Македонија , Бизнис
    Објавени кредитните рејтинзи за Струмица и Велес


    Проектот на УСАИД за локална самоуправа и Македонскиот центар за финансиска обука во соработка со меѓународната агенција за кредитен рејтинг Moody's Investitor Services, во четвртокот на прес-конференција ги објавија кредитните рејтинзи на Општините Струмица и Велес.

    Рејтинзите на Moody's за општините Струмица и Велес се оценети со Б1, оценка за кредитоспособност. Со тоа овие градови стануваат подобри од Киев, исти како Истанбул.

    „Доделениот Б1 рејтинг на општина Велес ја одразува неговата флексибилна расходна политика која и овозможи да ја задржи фискалната рамнотежа во текот на децентрализацијата“, рече Питер Винс, потпретседател на Мудис за Централна Европа.

    Тој додаде,„одржувањето пак на здравите оперативни резултати на општината Струмица ќе биде особено значајно за нејзината кредитоспособност во наредните години“.

    Рејтингот Б1 доделен за општина Струмица е поддржан од добрите финансиски резултати на општината, нејзината соодветна ликвидност и непостоењето на директен долг.

    Со проектот на УСАИД за локална самоуправа се додели гарант за јакнење на капацитетите за кредитен рејтинг на Македонскиот центар за финансиска обука и со тоа им се овозможи на локалните самоуправи во Македонија достапна експертиза за развој на нивните стратегии за финансирање на долгорочните капитални потреби.

    Велес и Струмица го добија првиот рејтинг.

    Рејтингот што го добија двете општини ќе им послужи полесно да ги добиваат кредитите што ги бараат од меѓународните финансиски институции за да инвестираат во инфраструктурата.

    Ќе можат да издаваат и обврзници, но за таква опција ќе размислуваат откако ќе помине кризата.

    Велат ова е уште еден чекор кон создавање силни општини, помалку зависни од централната власт.
Working...
X