Македонскиот јазик во 1915 година заверен на грчки нотар
Please find link http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=21787
Уште во 1977 година, на конференција на ООН, Грција прифатила нашата азбука да се именува како македонска, а во 1915 година на грчки нотар е заверено дека во Леринско се зборува македонски јазик
Официјални документи на Обединетите нации, грчки нотарски документи и документи од пописот на населението, како и дописи од грчкото до македонското МНР докажуваат дека до 90-тите години на минатиот век Грција не се противела на употребата на терминот „македонски“ од страна на нашата држава и го признала постоењето на македонскиот јазик. Во 1977 година, Грција без никакво противење ја изгласала резолуцијата во Обединетите нации во која нашата азбука е наведена како македонска. Неколку децении подоцна Атина почна да настапува со ставот дека јазикот што го зборуваат македонските граѓани е „славомакедонски“ и ја почнува битката за заштита на терминот „македонски“ како свој.
За дипломатите и професорите ваквите документи се доказ дека Грција го сврте кормилото на својата политика кон државава од моментот кога Македонија ја прогласи својата независност. Документите се користат во преговорите за името со Грција. Со нив македонската страна се обидува да докаже дека Грција порано немаше проблем да го признае јазикот како македонски. Сепак, нашите соговорници го релативизираат значењето на овие документи со објаснување дека спорот со Грција е политички, а не правен.
Антимакедонскиот филм почнува да се режира во 1990-тите
Документите од конференциите на Обединетите нации за типизација на географските имиња се доказ дека Грција не се противела на именувањето на јазикот како македонски додека нашата држава не почна да настапува како независен субјект на меѓународна сцена и не побара членство во ООН.
Извештајот од Третата конференција на ООН покажува дека јужниот сосед во тоа време немал ништо против нашата азбука да биде запишана како македонска во официјалните документи на организацијата. Што е најинтересно, оваа конференција се одржала токму во Атина. На конференцијата Грција се согласила системите за транскрипција на латиница на македонската кирилица, кои се прифатени во Анексот на Резолуцијата, да се користат во мапите за означување на македонските географски имиња во Југославија.
„Стандардизацијата на македонската кирилица може да се направи автоматски затоа што системот е целосно реверзибилен, со исклучок на буквите ‘ѓ’ и ‘ќ’“, пишува во документот од Третата конференција.
Фактот дека Грција не се противела на уставното име на државава и македонскиот јазик сé додека Македонија беше дел од Југославија може да се прочита и во документите од четвртата конференција на ООН за типизација на географските поими, која се одржа во Женева во 1983 година.
Делегацијата на тогашна Југославија во Женева ја водеше Благој Зашов, долгогодишен македонски дипломат и поранешен амбасадор. Тој предложи резолуција за латинизација на нашата азбука со која во документите таа беше впишана како македонска кирилица. Зашов објаснува дека резолуцијата со која азбуката е напишана како македонска кирилица во ООН важи сé додека Македонија не побара нејзина промена.
- Грција тогаш воопшто не се противеше на двете резолуции што ги предложивме. Едната беше за македонската, а другата за српско-хрватската латиница - вели Зашов.
Тој објаснува дека конференцијата за типизација на географските имиња што се одржува на секои пет години е значајна затоа што нејзините експерти подготвуваат листи со имиња на земјите-членки на ООН. Грчката согласност за македонската азбука и именувањето на македонските географски поими е запишана и во грчкиот весник „Катимерини“, кој пишуваше за овие конференции. Зашов објаснува дека Грција нема право да побара македонската азбука да се избрише од овие документи на ООН, кои се потврдуваат на секоја наредна конференција.
Според Игор Јанев, професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, ваквите документи се значајни затоа што покажуваат дека Грција не се противела на придавката „македонски“ во периодот кога Македонија сé уште била дел од Југославија.
- Ваквите документи на Обединетите нации се доказ дека штом Македонија побара да стане членка на ООН, Грција почна да режира дека државата не може да го носи тоа име, дека ја краде историјата и има територијални претензии - смета Јанев.
Долгогодишен дипломат што учествувал на конференциите оценува дека документите што сé уште стојат на сајтот на ООН се доказ дека Грција изгласала резолуција со која го признава македонскиот јазик. Сепак, како што оценува тој, документите губат од значење затоа што проблемот за името има политичка природа.
Докази и во официјални документи
Не само документите на Обединетите нации туку и грчките документи докажуваат дека властите на соседната земја немале проблем да го именуваат нашиот јазик како македонски, а државата како Социјалистичка Република Македонија. Документ испратен од грчкото до македонското МНР од 1988 година, напишан на француски јазик, е доказ дека во билатералната комуникација Грција и се обраќала на државава како на Социјалистичка Република Македонија.
Во нотарски документ, заверен во Грција на 6 март 1915 година, пак, пишува дека жител на Лерин го зборува македонскиот јазик.
„Пред мене, нотарот Василиу П. Кувела, во присуство на сведоци, грчки државјани што ми се познати, здрави и неосудувани жители на Лерин, трговците Теодор Керамици и Христо Данаил, ми се јавија и се легитимираа. Ставро Стојчев, земјоделец, жител на Опсирина, околија Флорина, и Алим Јузеир, жител на Флорина, земјоделец. Тие не го знаат грчкиот јазик. Првиот зборува македонски, вториот турски. Го повикавме преведувачот Наум Грива, трговец со тутун што се заколна пред Светото евангелие дека верно ќе врши превод од македонски и турски на грчки и обратно“, стои во документот.
И во нотарски акт заверен во 1916 година во село Владово, Воденско, се вели дека двајцата локални жители, продавачот и купувачот не го знаат грчкиот јазик, туку единствено зборуваат на македонски јазик.
Не само нотарските документи туку и во официјалните државни документи од пописот на населението власта од Атина признала дека во Грција живеат Македонци што зборуваат на македонски јазик.
Во пописот на населението што Атина во 1920 година го организираше под притисок на Друштвото на народите, во посебна графа означена на грчки и француски јазик, различна од графите за бугарски и српски јазик се попишувало населението што говорело македонски. Официјалните резултати од овој попис никогаш не биле објавени, но дел пописни материјали се зачувани од страна на грчки историчари и објавени во второто проширено издание на „Абецедарот“.
Антимакедонска кампања и во типизацијата на географските имиња
Тоа што во документите на ООН стои дека Грција ја прифатила резолуцијата во која пишува македонска кирилица, не ги спречило грчките претставници да водат кампања за бришење на кодот „МК“ на конференцијата за стандардизација на географските имиња.
Грчките претставници на делегациите им делеле неофицијални документи во кои, наместо кодот „МК“, за нашата држава го пишувале кодот „ХМ“. Благој Зашов, како претставник на македонската делегација, реагирал до ООН затоа што Грците го користеле логото на организацијата за да ги доведат во заблуда другите земји дека се работи за документ на Обединетите нации.
- ООН ги прифатија ваквите забелешки и побараа да се тргне нивното лого од грчките неофицијални документи - вели Зашов.

Comment