Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > На Македонски

Reply
 
Thread Tools
Old 07-31-2015, 05:56 PM   #1
George S.
Senior Member
 
George S.'s Avatar
 
Join Date: Aug 2009
Posts: 10,121
George S. is on a distinguished road
Default Како ли победија СДСМ или ВМРО кога Македl

Како ли победија СДСМ или ВМРО кога Македонија загуби?

http://zase.mk/kako-li-pobedija-sdsm...donija-zagubi/

Македонија е стара земја, а Македонцие и сите други во неа, напатен народ. Сме поминале низ се, од војни до поробувања, донок во крв народот трпел, историјата запишувала. Денеска учиме за Филип, Александар, Самоил, Гоце Делчев. ги славиме хероите, ги оцрнуваме предавниците и се прашуваме дали можело да биде поинкау. Еден ден во учебниците по историја децата ќе учат и за 2015 година и договорот потпишан во Пржино. И тогаш, тие деца ќе се запрашаат дали можело да биде поинаку.

Јас не знам што ќе се случело ако Александар Македонски не се разболел или ако воопшто не тргнел на Индија. Не знам што ќе се случело ако Самоил ги послушал своите војсководци и се бранел и од страната на планината Беласица. Којзнае што ќе било ако Гоце не бил предаден и убиен во Баница Биле тоа други времиња, се било различно, а јас имам читано само книги.

Но, денеска сум тука, сведок на денешна Македонија и се што се случува во неа. Како дел од оваа генерација и јас, како и сите вие, ќе носам одговорност за последиците од сите одлуки на народот кој живее тука.

Сакале ние да прифатиме или не, не се само Заев и Груевски оние кои решаваат, а со тоа сносат и одговорност.

Поминаа три дена од договорот во Пржино. Сите медиуми се сеуште полни со статии за решението на политичката криза.

Но, главната вест не е што ова ќе и донесе на Македонија, туку кој победи!

Стручњаци, политичари, новинари кои имаат подолги кариери отколку јас престој на планетава, се испотија за да објават кој победи. Дали СДСМ или ВМРО изгуби во Пржино. Кој ќе ја води државата понатаму, а каква судбина го чека лузерот.

Се прават аналази, се пишуваат текстови, се прогласуваат херои и предавници, а никој не зборува за она што навистина се случи. Тоа и го оставаат на историјата, која уште сега се обидуваат да ја придобијат на своја страна.

Мене лично воопшто не ме интересира која политичка партија доби, а која изгуби во Пржино. Воопшто не ми е гајле дали Заев ќе остане на чело на СДСМ до и по Април, и дали Груевски ќе добие титула херој или диктатор.

Кој од нив ќе победи ќе дознаеме во Април, па многу е глупаво денеска да се труе народот со победта во Пржино, наместо да се постават вистинските прашања.

На ниту еден новинар или стручњак, не му текна да спомне дека во Пржино се договори промена на УСТАВот на Република Македонија.

По 2001 година, македонските политичари повторно под надворешно влијание договорија менување на Уставот. Точката број 6 од договорот во Пржино јасно зборува за тоа:

6. Актуелната влада ќе даде оставка 100 дена пред наредните избори и дека ќе биде назначена нова влада ќе важи за изборите во 1 април 2016 и, по неопходните законски промени што треба да стапат во сила најбрзо што е можно, и за идните избори.

Ова е невозможно без промена на Уставот, а никој не зборува за тоа.

Зошто се сложија на ова и дали Заев и Груевски имаат мандат за ваков договор?

Јас не се сеќавам дека во новните предизборни кампањи се споменуваше нешто такво. Не верувам дека ќе го спомнат и во кампањата за Април, а тоа е главната вест од решението на политичката криза.

Не дека кампот на Илинденска си заминал или колку штета направиле. Не дека потпретседателот на СДСМ си дал оставка и како ВМРО сигурно ќе победи.

Под притисок на надворешен фактор (читај Нуланд) менуваме устав, а наместо тоа Заев зборува за победа на СДСМ и исполнување на сите негови барање. Дали можете да замислите нешто вакво во развиена држава? Доаѓа Нуланд и Франција менува устав, а медимуте се исполнети со написи која политичка партија победила!?

Сите игубивме!!! СИТЕ!!!

Кога на сето ова ќе се додаде дека Владата на секој наредни избори ќе има најмалку 220 слободни дена, договорот од Пржино со сигурност добива свое место во историјата за наредните генерации, рамо до рамо со Беласичката битка и атентатот во Баница.
Нема тука место за херои! Хероите не прогласуваат победи кога државата губи!
__________________
"Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
GOTSE DELCEV
George S. is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump